Епа вака еден од најитерсните,најзабавните,најпоучните и се најнај... Мене многу ми се допаѓа многу(не прам лице).Навистина е добар,а и добро што се менуваат искуства.Па помладите генерации како јас да знаат што да прават во животов. Да не прават исти грешки како и постарите и се најнај...
Најдобар форум, секогаш може да се најдат многу корисни совети и секакви информации, членовите се супер! Се е многу добро организирано! Браво! :up:
Исто и јас се приклучувам кон пофалбите за форумот бидејќи е најдобар и најорганизиран форум во државата и другите наши форуми не можат воопшто да се носат со него!
Се повеќе и повеќе го засакувам форумов. Можеш да најдеш совети за се, да споделиш искуства и мислења. И тоа не е се (ова како во топ-шоп ) дружбата е одлична.
Имам пофалби само за прекрасните луѓенца со кои можеш комотно да си направиш муабет. Ми се допаѓа што е анонимно и што сите се еднакви. Малку офтопик, ама за ништо друго не би пофалила. Нека се засрамат админите.
Сајтов е феноменален во секое време се случува нешто, лугето се дружат иако немаат претстава како изгледаат но сепак постои чувство како цел живот да се знаат. Ова веќе ги надминува границите на форум а богами и на ФБ, бидејки овде блискоста и искреноста на лугето е на едно повисоко ниво, без оние вообичаени маски кои ги имаме во комуникацијата со лугето кои ги познаваме. Исто така во поглед на дизајнот и едноставноста на користењето е далеку пред другите слични сајтови. Она што фали е малку поголема толеранција мегу членовите, да нема препукувања навреди од лична природа и имање усул, во постирање да не биде секој ден по 100 поста само колку да се пише, и да се добие ѕвездичка, иако поима немам што тоа знач. Повисок статус, што ќе добиете ако стигнете до нај високата ѕвездичка? Не разбирам.
Море феминковци од сајтов куќава си ја запустев. Зависник станав, друго нешто ретко отварам. На ФБ веќе и не се сеќавам освен ако не поиграм некоја игрица.Бах ако нема препукувања нема да биде интересно, ќе нема дискусии. Не знам колку си приметил ама неколкумина сме што постојано комуницираме, виртуелно со постовите и тоа е во ред. ФЕМИНА продолжи само така и да си „здрава и жива“ додека постоиме.
Ау пофалби за мобилната верзија, сте ја средиле, дефинитивно форум фемина, број 1 во Р.Македонија, па и пошироко.
Значи членка сум и на два други форума ама како на ФЕМИНА нема никаде жими се. Си ја сакам фемина и сум зависна од неа.
На 12 години си зависна од нешто што ти преостанува за понатаму се прашувам! Од што ќе си зависна. Сакав да го избришам мислењето ама ми покажува вирус и не само овде. Фемина проверете си, некој има уфрлено сериозен вирус, имам страшен антивирус кој што сите вируси ги распознава. Не знам каде да ви напишам па еве користам овде.
Предобар сајт , јас сум нова како член на форумов ама стар фан на оваа страна.. Мило ми е што постои вакво нешто во Македонија Секое добро,продолжете вака .
Ова е добар форум. Можеби тоа и го оправдува моево членство овде. Секој има свои медиуми каде се информира и едуцира, па ете и јас. Има доста солидни теми и мислења кои ги читам, а врувам ме читаат и мене
здраво како нов член на форумот морам прво да пишам тука една пофалба одамна ве следам на фемина сајтот и редовно читам статии, имате избор за секаков вкус и секаков вид на читатели, форумот ви е феноменален, досега не најдов време да се зачленам и ми е многу мило што конечно сум тука многу добро ви е организиран и ми се допаѓа што се пишува на кирилица, иако малку лично мене ми е побавно навистина широк спектар на теми имате, и многу многу работи се опфатени навистина сте за браво, големо браво и за тоа што сепак некој убаво организирал и се труди да контролира ситуација. многу поучен форум корисен и далеку покорисен од фб и слично. веќе сум зависник од форумов ... само да имам доволно време да читам и пишувам почесто. ви благодарам што постоите