И апликацијата ќе работи со интернет пристап, нормално Ама не секогаш имаме можност да се најавиме од компјутер или таблет, па еве и од телефон. Со апликацијата сметам дека ќе биде многу полесно и поедноставно.
Читам дека мислења од форумов на некои форумџики се `злоупотребуваат` и присовојуваат. Па би било убаво, барем темата СДК да биде во скриено катче, за да не можат гостите да ја читаат. Не дека не може да се употребуваат од други форумџики, ама колку-толку да бидат понедостапни.
За апликација за форумот нема потреба од анкета, знаеме дека би било убаво да има, само што тоа зависи од администраторите, а и вака не е тешко да се отвори форумот, не е нешто комплицирано. За СДК добра си е каде што е, такви работи секогаш има, а секогаш и ќе има. Не е фер за поновите членови да не може да си пишуваат во темата. А и веќе има друга тема во скриено катче за оние кои што сакаат да се искажат. Ако некој сака да краде туѓи мисли тоа може да го направи и од било која тема.
не е комплицирано, туку му треба повеќе време да се вклучи. но и зошто да нема апликација? вака треба да го вклучиш ви-фи и да чекаш да се поврзе (не дека не треба и за апликација), треба да одиш на браузер или хром, да напишеш горе forum.femina.mk и дури. потоа да пребаруваш теми или слично. не дека апликацијата е за мрзливи, но вака трошиме повеќе време т.е. подолг период се лоадира. администраторите никаде ги нема да ги проверат сите овие. предлози. ќе ве замолам, нека живне форумов. ве поздравува лајтнинг.
Може и темата Љубовни проблеми и совети да се преименува во Тинејџерски љубовни проблеми и да се отвори друга тема за Љубовни проблеми за повозрасни или за над таа и таа возраст
Во склоп на смајлињата да се додадат ѝ и é. Полесно ќе можеме така да ги користиме, вака мораме да отвораме Word, таму да ги вметнеме, да ги ископираме, па овде да ги постираме
^ ѝ го имаш одма под esc копчето на кириличен фонт, a за è смени латиничен фонт, држи алт и притисни +0232, да не се мачиш така.
За è успеав, а копчето под esc ми ги вади истите знаци и на кирилица и на латиница (`~). Ама барем è ќе го користам
Најверојатно затоа го немаш. Пробај со истата комбинација за è, само бројките се 1117, така би требало да може.
Да не се бројат мислењата од Што јадев последно и слични такви теми.Има некои девојки на форумов што 2000-3000 мислења им се само од тие теми.Јас незнам која е причината што во СДК не се бројат мислењата , а во горе наведенава тема ке напишиш "ГРАВ јадев последно" и ке имаш едно мислење плус за 5-6 збора .Јас лично не пишувам мислења во СДК , но има некои девојки што секојдневно постираат огромни постови .Не верувам дека со мојов пост нешто ке се смени , ама ајде да дадам и јас некој предлог.
И мене истата заграда ми излегува (на лап топ), ама еве кај сестра ми на пц со обична тастатура, излегува ѝ. Најверојатно до тастатурата е.
На почетокот од видеото имаш :httpS. Избфиши го s и ќе ти се појави како видео. Ова прашање го имаше и во Технички проблеми, види и таму.
Пред да се отвори нова тема нека се побара прво дозвола од некој администратор бидејќи се отвараат теми за секое прашање..