ТЕМА: Анализа на крв-толкување резултати

Мислење 13 Јул 2010, 18:50

Правев анализа на крв и во резултатите кај MCHC каде што нормални вредности се од 320-360 мене ми е 280...Дали некој знае да ми каже што значи ова и колку е опасно?
femina21

Фем почетничка
 
00
Мислења: 36
Зачленет: 02 Јул 2010, 10:14

Мислење 13 Јул 2010, 19:15

Јас колку што знам MCHC е средна вредност на хемоглобинот во црвените крвни зрнца. Ако имаш помала вредност од дозволеното или имаш недостаток на железо во крвта или имаш знаци на анемичност. Ама за секој случај прашај некој постручен со сигурност да ти каже.
Поздрав
Аватар на корисникот
Loly5

Фем почетничка
 
31
Мислења: 49
Зачленет: 10 Јул 2010, 12:44

Мислење 13 Јул 2010, 19:30

MCHC ја покажува концентрацијата на хемоглобин во еден литар еритроцити( не во 1 литар крв ). Да нормалните вредности се од 320-360 грам на литар. Е сега твоето мислам дека не е алармантно, незнам што ти кажал докторот треба него да го прашаш. Мислам дека се работи за анемија може ќе треба да земаш витамини
Аватар на корисникот
Lolipop23

Жолто цветче
 
14431477
Мислења: 1385
Зачленет: 21 Мар 2010, 14:11
Слика


Far away there in the sunshine are my highest aspirations. I may not reach them, but I can look up and see their beauty, believe in them, and try to follow where they lead.

Мислење 18 Авг 2010, 21:02

доколку некој знае би сакала совет. Серумското железо ми беше тројка (3), што беше многу ниско. Пиев тотхема, семе од коприви и слични работи, па се покачи на 12, се до следниот менструален циклус кога нагло ми падна овој пат на 4. Хемоглобинот и еритроцитите се покачија и се во нормални граници но серумското железо упорно ми паѓа. Имал ли некој сличен проблем и како го решил?
vaseprilep

Фем почетничка
 
30
Мислења: 3
Зачленет: 02 Јун 2010, 10:28

Мислење 22 Авг 2010, 01:53

vaseprilep напиша:доколку некој знае би сакала совет. Серумското железо ми беше тројка (3), што беше многу ниско. Пиев тотхема, семе од коприви и слични работи, па се покачи на 12, се до следниот менструален циклус кога нагло ми падна овој пат на 4. Хемоглобинот и еритроцитите се покачија и се во нормални граници но серумското железо упорно ми паѓа. Имал ли некој сличен проблем и како го решил?

Само со семе од коприва,а зашто нагло ти паќа незнам,исто така јади повеќе боранија(знам дека е гадна ама тоа е ) и спанаќ. Поздрав
Аватар на корисникот
Iva-Mici

Жолто цветче
 
21463
Мислења: 1162
Зачленет: 01 Авг 2010, 00:55
Локација: во нечии мисли :D
Правилата не можат да донесат слобода,тие имаат моќ само да обвинат

Мислење 22 Авг 2010, 10:39

vaseprilep напиша:доколку некој знае би сакала совет. Серумското железо ми беше тројка (3), што беше многу ниско. Пиев тотхема, семе од коприви и слични работи, па се покачи на 12, се до следниот менструален циклус кога нагло ми падна овој пат на 4. Хемоглобинот и еритроцитите се покачија и се во нормални граници но серумското железо упорно ми паѓа. Имал ли некој сличен проблем и како го решил?

И јас го имав истиот проблем. Докторот ми кажа дека е тоа од преобилните менструални крварења, затоа што јас навистина обилно крварам при менструација, и тоа првите три дена, се случуваше две до три пакетчиња влошки да потрошам првите денови. Гинекологот ми препиша Дабростон таблети кои ги пиев 6 месеци, заедно со терапија на база на железо, и имаше резултати. Ако е кај тебе истиот случај, т.е крвариш многу обилно, консултирај се и со гинеколог, на своја рака немој да ги земаш, сепак се работи за хормонски таблети.
Annath

Црвено цветче
 
548510414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 26 Авг 2010, 12:45

за намалено количество на железо и хемоглобин ве молам не користете само лекарстав потрудете се и со богата исхрана со тие недостатоци....лекарствата оставете ги за на крај
Аватар на корисникот
doktorka-an

Жолто цветче
 
311272
Мислења: 1079
Зачленет: 02 Мај 2010, 13:39
Локација: in his mind..........
Слика

Мислење 22 Авг 2011, 12:14

Денеска правев анализа на крв,матичната ми е на одмор,има некој работи што не ги разбирам а ми се покачени ке може ли некој да ми ги протолкува

RDW 14.7 H%
PDW 17.5 H%
MO 12
WBC 10.8
Аватар на корисникот
kiki4kablondy

Сино цветче
 
12370
Мислења: 341
Зачленет: 09 Мар 2010, 11:59

Мислење 16 Ное 2011, 15:47

Правев крвна слика ама докторката ништо не ми кажа нити ја виде убаво.Па сакав некого да прашам ако знае да ми каже холестеролот ми е 5,8 дали е нормално или е висок и триглицеридите ми се 2,2.Исто така во диференцијална крвна слика има ознака Li(%) тоа ми e31.7 дали и тоа е нормално,Инаку сум 35недела бремена па ако може некој да ми каже фала однапред
polzela

Фем почетничка
 
20
Мислења: 24
Зачленет: 09 Мар 2011, 00:02

Мислење 16 Ное 2011, 16:21

polzela напиша:Правев крвна слика ама докторката ништо не ми кажа нити ја виде убаво.Па сакав некого да прашам ако знае да ми каже холестеролот ми е 5,8 дали е нормално или е висок и триглицеридите ми се 2,2.Исто така во диференцијална крвна слика има ознака Li(%) тоа ми e31.7 дали и тоа е нормално,Инаку сум 35недела бремена па ако може некој да ми каже фала однапред

Обично, ги има границите на нормала за сите работи од страна, пример ако холестеролот ти е 5,8 од лева страна треба да стои од колку до колку е нормално, па така и сама ќе можеш да си оцениш дали се е нормално или има нешто покачено или намалено
Аватар на корисникот
Ferhunde-87sk

Сино цветче
 
3656
Мислења: 154
Зачленет: 18 Сеп 2010, 22:26
Слика

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 30 гости