1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анемија (слабокрвност)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од skorpija1992, 7 август 2010.

  1. Hopihop

    Hopihop Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Од мое искуство, пошо цел живот имам слаба крв, конечно ја средив со природен лек. Не знам дали некој друг го има истово пишано (не ги прочитав сите коментари) ама еве и јас ќе го напишам. Значи се меша пола тегла малтекс (од малите теглички, јас купив од Виталиа), пола тегла таан (исто од малите теглички од Виталиа), неколку големи лажици мед и семе од коприва (околу 50 g). Се меша се убаво со дрвена лажица, ако е многу густо се додава таан или мед, ако е многу течно се додава семе од коприва. Се зема наутро и навечер, прво се пие витамин Ц (јас пиев таблети од 500 mg) па по 5 мин. се земаат 2-3 мали лажички од смесата. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото и затоа е многу важно да се зема . Пред да почнам со ова железото ми беше 6,3 а после само еден месец на оваа "терапија" железото ми скокна на 22,3. Така да навистина има ефект и тоа долготраен. Поминаа 4 месеци и сеуште немам симптоми на слабокрвност. Мене ова најмногу ми помогна, зато што другите терапии за анемија со апчиња за џвакање, со ампули за пиење итн треба да се земаат минимум 3-4 месеци за да има ефект, и или немаат убав вкус, тие за џвакање можат да ги расипат забите и се поскапи.
     
    На thalia zapata, blueberry93 и xxAngelxx им се допаѓа ова.
  2. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Семе од коприва
    мед
    сок од лимон
    се мешаат во тегла да се добие една хомогена смеса
    Секој ден наутро или навечер по 1 лажица на гладно
     
  3. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    Читам го фалите овој рецепт сакам да го пробам но незнам колку мед и колку семе од коприва е потребно и колку лимони а исто така каде може да најдам семе од коприва го има ли во сите аптеки и дали теба да се смеле семето од коприва или така како што е поздрав :)
     
  4. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да ве прашам дали поради слабокрвност односно многу низок хемоглобин може да ви доцни менструацијата?
     
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    7.284
    Пол:
    Женски
    1 тегла мед (голема)
    50гр семе од коприва
    3 лимони
    и плус по 100гр бадеми, ореви и лешници.

    Семето го има во продавници за здрава храна, а можеш да бираш какво го сакаш. Меленото помалку се осеќа. Бадемите, оревите и лешниците по правило треба да се живи ама мене така не ми се свиѓа, па си зимам печени и ги толчам. Еднаш ми ги смелеа и не ми се допаѓаше така
     
  6. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Здраво девојки.
    Подолго време патам од анемија, неколку години и никако да ја поткренам малку крвта.
    Денеска ми рекоа дека анемијата водела до леукемија :worried: многу се исплашив :sweat:
    Имам пијано чај од коприва, семе со мед, никако не ми се подобрува крвнта слика, е знам шо да правам
    , одма почнаа да ме мааат некој болни филмови ;(
     
  7. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Мајками го реши проблемот со тоа што пиеше јајца од препелица
    http://doktori.mk/element/view/51839c32 ... -prepelica
    секојдневно салати од цвекло и маслиново масло
    овошје , зеленчук , црн леб , чај од коприва :)
     
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Кај нас мајка ми сестра ми цело време на таблети беа сите мислам дека ги пробаа, и прекини ги таблетите веднаш паѓа железото, додека ги пиеа имаше подобрување ама тоа ли е работа да си зависен од таблети цело време, и сега правиме сок од цвекло морков и лимон тоа го пијат насабајле-сега нели не баш секој ден ама скоро секој ден, готвеме леќа почесто, грашок, салати обавезно... внимавајте комбинација млечни производи-и оброци богати со железо- оти си сметаат меѓусебно и сега за сега супер е на мама железото и беше 8 на последната проверка а инаку и во скопје на хематологија имаат одено ама од тие таблети мислам најмалку резултати имаше, инаку ова железо за неа е премија оти инаку до кај 2-3 и се симнува без терапија, а сега со исхраната го качивме во нормални граници (во некои лаборатории границата почнува од 6,6 во некои од 7 и така, важно добро е сега)..така да ако е можно најдобро е со исхрана да се одржува оти прекумерна употреба на суплементи-посебно од железо верувајте дека е штетна :)
     
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас сум анемична долг период, ми даваа таблети ама многу ми се повраќаше и гадеше од нив и со мајка ми решивме да пробам на природна база да го покачам железото.По препорака на матичниот лекар купивме сируп Маџун(гроздов мед) и го пиев секое утро на гладно, после едно испиено шише железото неверојатно многу ми се качи, толку високо никогаш во животот не ми било.Ама одма го прекинав и по брзо време пак ми падна железото.Сега пак ќе почнам редовно да го пијам на подолг период затоа што доста бев задоволна :) Плус, освен покачување на железото целосно помага на подобрување на имунолошкиот систем.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    А да испита твојата д-ка зошто го губиш железото за брзо време односно зошто си анемична?!?!
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Ми има објаснето дека го губам железото поради тоа што немам доволно богата и разновидна исхрана поради алергија на лактоза и сахароза и имам проблеми со желудникот, и се додека железото на подолг период го внесувам преку еве во случајов Маџун ќе имам железо, инаку повторно ќе паѓа се додека не успеам да ја средам исхраната.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој ден почнав со семе од коприва во комбинација со мед, со тоа што не ставам лимон или јаткасти овошја. Насабајле и навечер во шолја за кафе мешам од семето и медот (гледам повеќе да е на семе) и во три залаци го јадам, додека пијам вода (на суво нема шанси да го голтнам, ќе се испозадавам). Па ќе видиме какви резултати ќе има.
    Другарка ми ми го кажа рецептов, кај неа имаше големо подобрување. Веднаш се примети разлика не само на крвна слика, туку и на коса и нокти.
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.531
    Пол:
    Женски
    Јас истото го користев плус лимон имав ставено внатре.Мене хемоглобинот ми беше 95 па ми скокна за три недели на 110.Ако најдеш аронија конзумирај и тоа ,мн е здрава.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Освен медот со коприва исто и јас ја препорачувам аронијата,пивски квасец и какао.
     
  15. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Уфф оф копривата си имам трауми хаха. :tmi:
    Мене со јогурт ми рекоа да ја пијам, по грдо нешто здравје... ми се лепеше на грлото копривата и нагони за повраќање имав. Ама некако неколку пати некако ја конзумирав. :!:
    Од тотхемата ми се лошеше имав многу нус појави. Многу лошо на желудникот ми беше од нив. Испив 5 ампули, со цеден сок од портокал нели витамин Ц да се фатело (по 1 на ден :lol:) и матичната ми дозволи да ги паузирам ама во мегувреме бев на режим и јадев се што е црвено и зелено од овошја и зеленчук. Многу брусници, цвекло, магдонос, рузмарин, салати повеке јадев и секако исто битно е и месото, и јајца од прпелица. 4 месеци како се придржувам на овој режим на исхрана и физички позитивно се гледаат промени, не сум изморена, имам повеќе енергија.
    Следната недела ќе одам да си ја проверам крвната слика се надевам дека ќе бидат добри резултатите.
     
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.729
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас имам хемоглобин 116 (120 е долната граница) а серумско железо 3.
    Докторката не ми даде никаква конкретна терапија, ми рече да земам нешто на природна база.
    Лани имав 4 железо и примав инкции ферум лек+4 ампули б12, испримав 7 такви комбинирани инекции и после тоа направив контрола после две недели одкако ја испримав терапијата и железото ми беше покачено само за една единица на 5.Сега ми е пониско железото а не ми дадоа ништо конкретно.Пијам фероглобин сируп по 10 мл и витамин ц од 1000 и плус сок (од цвекло,морков,јаболко,мед, магдонос, лимон и портокал и малце ѓумбир ставив, по 1 чаша наутро и навчер) ама не приметувам уште некои ефекти.Постојано имам главоболка, преморена сум, анкциозна,имам болки во мускули,тахикардија, сува кожа и коса, чуствувам трнење в рацете и нозет.Пробав да го направам рецептот со мед и коприва и ставив плус јаткасти плодови и сушено овошје ама некако не е убаво, кога ке му доставам мед во моментот не е лошо за јадење ама ако отстои фаќа на јазик како прокиснато да е.Поцнав да пијам и јајца од јапонска препеллица, по 5 секое сабајле, прочитав на интернет дека за анемија треба да се испијат 240 јајца па да видиме.Стварно незнам како да ја поправам оваа ситуација, докторката ми вели дека не видела случај некој да има хемоглобин а да нема железо,ми вика џабе и да те праќам да се испитуваш нема да зане никој да те оправи.Имате ли некој совет?
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Најди од некаде гроздов мед, јас на времето таков јадев, премногу слаба крв имав. Пиев од сокот со цвекло лимон моркови јаболки и мед, јадев башка само гроздов мед и чај од коприва пиев. Од мала до пред две три години ептем имав маки со крвта и при секоја поверка ми излегуваше слаба,анемична. На последниот систематски супер ми излезе крвта. Внесувај повеќе витамини, јади многу овошје зеленчук, посебно цвекло, лимони моркови. Мислам дека тоа е најголемиот лек.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Гроздовиот мед - Маџун го имаш во Зегин.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.958
    Пол:
    Женски
    Еден update во врска со темава. Имам пишувано и претходно, бев прилично анемична долги години. Дното го достигнав летово - хгб 65, серумско железо 0.5, сите вредности поврзани со хемоглобин и железо многу ниски, сето останато во нормални граници. Еритроцити во просек, ама празни.
    На хематологија сакаа веднаш да ме приклучат на трансфузија, да примам крв. Ми се чудеа како стојам на нозе со таква крвна слика, ама искрено, не осеќав некои тегоби, бидејќи со тој проблем се мачам веќе со години. По сите испитувања заклучокот беше дека дошло до анемија поради преобилно менструално крварење во текот на пубертетот и рана адолесценција. После породувањето крварењето ми е драстично намалено, ама анемијата продолжила да се влошува.
    Ништо природно не ми помагаше, а со години сум јадела се што требало и што не требало, нема што не сум пробала. И природни и синтетички суплементи. Нутриционист ми кажа дека само со храна нема шанси да ја оправам ситуацијата, па морав со суплементи. Ми пропишаа Хеферол капсули со вит. Ц два пати дневно. После две недели од таа терапија хгб ми се покачи на 87, другите вредности останаа исти. После скоро пет месеци интензивна терапија хгб ми беше 130, а серумското железо 20,26. Ги допив преостанатите капсули (по една дневно) и оттогаш немам проверено крвна слика, ќе одам на контрола во февруари. Искрено, не мислев дека овие капсули ќе ми помогнат, бев скептик за хемија, оти имам пробано се што има на нашиов пазар, и скапо и ефтино и не ми помогна. Ама битен е процентот на железо во суплементите, што никој не ти го кажува - колку повеќе има, толку поголем е ефектот (освен ако нема некоја посебна причина за губењето на железото од организмот). Хеферол содржи 120мг елементарно железо, наспроти Фероглобин (како пример го земам) кој содржи одвај 20 мг железо.

    Да резимирам - најбитно е да се открие причината за анемијата, па да се делува. Инаку џабе е внесувањето храна и суплементи кои немаат ефект. За моја среќа, кај мене причината ја снема, фала Богу, па со турбо терапија се доби саканиот резултат.

    ЕДИТ: Имав симптоми: чести главоболки, лошо расположение и хроничен замор. Откако ја оправив кс, имав вртоглавици (сега не), косата почна да ми паѓа многу, и ноктите многу ми се кршат, ептен. Ама ќе го средам тоа :D
     
    На blueberry93 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Кај мене има подобрување откако го исклучив глутенот.

    Секогаш железото ми беше 2-4, по интензивна терапија со Тотхема од 3 месеци последниот пат се крена до 7, ми рекоа дека тоа е доволно за мене и ја прекинав. После еден месец иста песна...

    Немав направено анализи 1 година, а веќе 8 месеци бев без глутен. Последните анализи излегоа со железо 15, што никогаш не се случило, ни после терапија. Направив и анализи за Б12, малку е под границата, но не е страшно. Уште се чувствувам замаено за време на циклусот, но далеку подобро од порано.

    Кај мене најверојатно тоа беше причината. Уште да успеам да јадам (и пијам) повеќе зеленчук, уште подобра ќе бидам. :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.