ТЕМА: Атрофија на мускули

Мислење 27 Дек 2011, 20:02

Vidov deka temava na forumot ja nema sakam da prasam dali nekoj znae za bolesta artrofija na muskuli kako se lekuva i dali moze da se izleci, ako nekoj znae neka pise .


Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Mecko

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 27 Дек 2011, 19:56

Мислење 09 Јан 2012, 23:19

Атрофија на мускули не се категоризира како болест туку како симптом на некоја болест, што конкретно те интересира ке ти одговорам само достави ми дополнитени информации во врска со случајот од типот кога се појавил симптомот ( болеста ) , како напредува клиничката слика ( пропратни симптоми и состојби ) и возраст и пол.
Аватар на корисникот
blairwaldrof

Фем почетничка
 
03
Мислења: 19
Зачленет: 09 Јан 2012, 22:44

Мислење 10 Јан 2012, 23:05

се работи за женски пол, возраст 57 години, сипмтомите се многу тешко се движи, дури некогаш пага при оденње, многу ја болат колената силни болки во колената, сега поцнаа да ја болат и раменјата, докторката и препораца физикална терапија.
Mecko

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 27 Дек 2011, 19:56

Мислење 10 Јан 2012, 23:14

Да заборавив да писам и многу е ослабена во последно време.
Mecko

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 27 Дек 2011, 19:56

Мислење 08 Фев 2012, 01:26

Значи боледува од невропатија, која може да биде наследна или стекната, каузална терапија штом не и дале значи дека за стрикно нејзината болест не постои соодветна терапија со која може да лекува болеста, е сега ако станува збор за полиневропатија што според возраста полот и симптомите заклучив дека најверојатно е полиневропатија, тука станува збор за оштетување на периферниот нервен систем .
Овие  парализи  се  од флакциден  тип  и  се проследени  со 
хипотонија, атрофични  промени  на мускулите,  згаснати  тетивни 
рефлекси и  со  присуство на дегенеративна електрична реакција. Значи тука што може да помогне како терапија- ацетилхолин,се  применуваат кортикостероиди, 
витаминска  терапија од групата Б  како и аналгетични  средства. 
Медикаментозна терапија скоро  редовно  е проследена  со физикално лекување. Физикалната терапија е неопходна, заедно со претходно споменатите медикаменти. И посакувам да се подобри состојбата што во 99 посто од правилно лекуваните случаи се со позитивен исход. Поздрав 
Аватар на корисникот
blairwaldrof

Фем почетничка
 
03
Мислења: 19
Зачленет: 09 Јан 2012, 22:44

Мислење 08 Фев 2012, 02:35

Ова е стручно кажано, јас ќе кажам малку попросто.
Секоја чест blairwaldrof. :)

Не е само како показател на некоја болест туку е и како последица на некоја болест или лекување.
После соодветна терапија со витамини или друга соодветна терапија од областа на која има атрофија можи да се врати во првобитната положба, и тоа може да биде за 2 дена, 4 недели, 6 години, 30 години или никогаш.
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
30292381
Мислења: 4209
Зачленет: 29 Јан 2012, 00:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Мислење 08 Фев 2012, 02:52

Не мора да значи дека се работи за невропатија, може да е и миопатија. Сепак најчето овие две се меѓусебно испреплетени. Има многу подподелби и состојби поврзани со невропатиите и миопатиите. Ако некаде можеш да најдеш точна дијагноза, напиши ја, па ќе ти кажеме повеќе стриктно за таа дијагноза. Сите си имаа медикаментозен третман и дополнителна физикална терапија. Сепак првенствено најбитен е медикаментозниот третман, а физикалната терапија најчесто се користи за подобрување на начинот на живот и рехабилитација.
Аватар на корисникот
Zlatusko

Зелено цветче
 
674360
Мислења: 531
Зачленет: 21 Апр 2010, 03:27

Мислење 09 Фев 2012, 19:59

Moже да е миопатија, која што е наследна, или како резултат на повреда , постоперативно, грешки во метаболизмот. Ако е наследна може да се отчита најкасно во петтата деценија во животот. Како што разбрав тука не претходи некоја посебна етиологија, што најверојатно станува збор или за наследна миопатија или за невропатија. Не кажувам ништо со сигрност, само давам некоја блиска претпоставка, сепак точната дијагноза ке ја утврди лекарот и ке даде соодветна терапија. Посакувам се да помине во најдобар ред.
Аватар на корисникот
blairwaldrof

Фем почетничка
 
03
Мислења: 19
Зачленет: 09 Јан 2012, 22:44

Мислење 09 Фев 2012, 20:41

А дали на ист начин се третира и aтрофија на очен нерв!?
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
30292381
Мислења: 4209
Зачленет: 29 Јан 2012, 00:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Мислење 09 Фев 2012, 23:45

Епа зависи од етиологија ( причината) за атрофијата на нервот. Ако се утврди причината за атрофијата на оптичкиот нерв, и ако се третира навреме тогаш може да се спречи понатамошното оштетување на видот. Мислам дека за ова постои специфична терапија, не сум до долку упатена во офталмологијата, ама знам дека витамин Б12 спаѓа во терапијата.
Аватар на корисникот
blairwaldrof

Фем почетничка
 
03
Мислења: 19
Зачленет: 09 Јан 2012, 22:44

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 24 гости