ТЕМА: Атрофија на мускули

Мислење 15 Фев 2012, 15:42

IvanaMkd напиша:
blairwaldrof напиша:Епа зависи од етиологија ( причината) за атрофијата на нервот. Ако се утврди причината за атрофијата на оптичкиот нерв, и ако се третира навреме тогаш може да се спречи понатамошното оштетување на видот. Мислам дека за ова постои специфична терапија, не сум до долку упатена во офталмологијата, ама знам дека витамин Б12 спаѓа во терапијата.

Благодарам. :)

Атрофија на оптичкиот нерв е дефинитивна состојба, иреверзибилна. Тоа е краен стадиум на некои од очните болести. Значи мора прво да се најде основната причина зошто настанала атрофијата на оптичкиот нерв. Една од најчестите причини за атрофија е глаукомот. Б12 колку што знам е во фаза на испитување како делува на глаукомот како дополнителна терапија. Но, атрофија може да настане и од незгрижени воспалувања на ретина, оклузии на ретинални артерии и вени, тумори на очно јаболко и орбита и уште многу други болести. Како што кажав оваа состојба е иреверзибилна и доведува до слепило. Единствено што може да се направи да се делува на основната причина која што довела до атрофија, со цел да не прогредира атрофијата. Сепак и да се одстрани основната причина, дотогашното оштетување на видот не може да се врати во нормална состојба.
Аватар на корисникот
Zlatusko

Зелено цветче
 
672360
Мислења: 531
Зачленет: 21 Апр 2010, 03:27

Мислење 16 Фев 2012, 02:53

Значи повеќе од сериозно е. :worried:

Ти благодарам на одговорот.
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
30282381
Мислења: 4209
Зачленет: 29 Јан 2012, 00:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Мислење 15 Ное 2012, 14:32

Zdravo,gledam deka ste dosta upateni vo ova, pa bi sakala da prasam imam dijgnosticirana nalsedna bolest spasticna parapareza,bolesta davase znaci nekade koa imav 20 god dodeka idev n faks pocnav so levata noga malku da ja odam nastrana,no preokupirana so ispiti ne obrnuvav vnimanie mislev e nesto minlivo, sea pred godina dena imav temperatura i togas bolesta se pojavi pointezivno,musklulive osekam mi slabeat idev na fizikalna vezbam no koga imam pms mislam gabe vezbanjeto pak se vrakam na istoto,neznam dali postoi nekoja operacija za ova,doktorive mi preporacaa fiziklna terapija,ako nekoj moze da dade nekoj sovet neka pise pozz

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Ane.a

Фем почетничка
 
2523
Мислења: 27
Зачленет: 01 Ное 2012, 13:14

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: dzuls, Eleni.S, janickaskopje, Marija-maca-maca, vrapce.b и 47 гости