ТЕМА: Болки во грбот

Мислење 18 Фев 2010, 21:57

Женски знаете ли некој лек за болките во грбот..луѓе ме убиваат,во последните 2-3 месеци ми се дешава да неможам да спијам од болка,само на грб лежам и никако не ми одмара :? Бев на доктор,на масажер абе ништо не помага докторот ми вели од настинка и прехлада е тоа ,масажерката ме масираше 3 пати ме зема 1000 денари се на се и ми вели требаше до сега да ти поминат ама никако тоа да се деси :silent: Дали можеби некоја од вас има слични проблеми...да напоменам каква е болката,ме боли обично во половината од левата и десната страна на 'рбетот остра бола и неможам да се исправам некогаш дури,ме наплашија дека се бубрезите и не сум била уште да ми ги проверат.Во мегувреме вежбам јога и пилатес демек ми рече докторот ќе ми ги олеснало болките ама и од оа нема фајда..дај кажете некој лек ако знаете :? Фала однапред позз
Аватар на корисникот
Katja.efremova

Зелено цветче
 
550
Мислења: 662
Зачленет: 23 Дек 2009, 21:29
When I look into your eyes I can see a love restrained, but darlin' when I hold you don't you know I feel the same 'Cause nothin' last forever and we both know hearts can change and it's hard to hold a candle In the cold November rain...

Мислење 18 Фев 2010, 22:08

Пробај космодиск. Мама со години го фалит и е препрезадоволна! Вреди да се проба ;)
Аватар на корисникот
Bright

Жолто цветче
 
53083506
Мислења: 2540
Зачленет: 25 Ное 2009, 14:20
Локација: Чуден свет.
~ I let love in ~

Мислење 23 Фев 2010, 16:44

И мене ми се случува истото нешто. Во последните 2-3 месеци осеќам остра болка во половината и ми се ублажува само ако силно ја притискам таа област.

Јас имам сколиоза (во горниот дел на рбетот) и мислам дека можно е тоа да влијае, а исто така во моментов поради обврски голем дел од денот го поминувам во седечка положба. Се надевам дека кога ќе почнам да вежбам ќе прекинат болките.

А за Космодиск и јас сум размислувала само никако не дошол денот да се заинтересирам повеќе.

Навистина непријатен проблем и ако најдам нешто што помага обавезно ќе пишам.
Аватар на корисникот
jasmin

Бело цветче
 
2429
Мислења: 60
Зачленет: 11 Ное 2009, 00:22

Мислење 23 Фев 2010, 18:45

Намалете ги болките со позитивни мисли

Негативните, загрижувачки мисли имаат негативен ефект врз нашето тело и чувства и, спротивно, позитивните, мотивирачки мисли имаат благотворен ефект.

Што си велите себеси?

Општо е познато дека нашите мисли директно влијаат врз функционирањето на нашите тела. Нашите мисли веднаш се пренесуваат во емотивна или физичка реалност.

Ова е добра вест сите оние кои имаат болки и проблеми со грбот. Тоа значи дека ние всушност можеме да влијаеме врз нашите тела и емоции. Внесувањето на позитивно размислување ќе му помогне на овој механизам и ќе поттикне себеизлекување, намалување на напнатоста, создавање на природни аналгетици (вклучувајќи и ендорфини) и ќе предизвика намалување на болките.

Па, на што мислите во моментов?

Откријте што мислите

Можеби мислите дека постојано знаете на што мислите, меѓутоа поголемиот дел од нашите мисли ни поминуваат низ главата на „автопилот“. Толку сме навикнати на нив, што не ги ни забележуваме.

Не е секогаш лесно да процениме дали нашите мисли имаат позитивен, стимулативен ефект врз нас, или имаат негативен, лимитирачки ефект.

За да дознаеме, треба малку да истражуваме, на пример, дали некогаш сте се нашле себеси да си кажете или помислите некоја од следните негативни мисли?:

„Никогаш нема да оздравам“

„Треба да...“

„Мора да...“

„Тие треба да...“

„Не можам да го издржам ова...“

„Никој не ме разбира...“

„Не е фер...“

„Само да можев...“

„Што ако...“

Има многу типови на лимитирачки, негативни мисли. Заедничко нешто за нив е што тие се секогаш ирационални, не се базираат на докази.

Затоа може да биде корисно да најдете доказ за она што го велите. Запрашајте се, „Дали е ова 100% точно?“ – многу е веројатно да откриете дека не е сосема точно. Ова е типично „Што ако...“ размислување. Предвидуваме нешта кои ќе се случат или проблеми кои ќе произлезат и потоа ја предвидуваме нашата немоќ да се справиме со нив. Тоа во никој случај не мора да е точно.

Други лимитирачки мисли доаѓаат од еднонасочното размислување со „Мора да...“ „Треба да...“ изразите. Овој тип на мисли доаѓа кога мислиме дека нешто не е совршено и, според тоа, не е добро, или нешто не е како што ние би сакале да биде.

На пример: „Тие требаше до сега да откријат од што ми се овие болки“. Или кога си вршиме притисок да завршиме задачи кои се надвор од нашите моментални можности, на пример: „Морам да го завршам ова...“.

Резултатот може да бидат чувства на вина или стрес, кои потоа ќе предизвикаат напнатост и болки

Што можете да сторите?

Не можете да одберете какви мисли ќе ви дојдат на ум, но, можете да одберете игнорирање и отфрлање на негативните мисли, и фокусирање на повеќе позитивни мисли и позитивен аспект на животот. Можете да научите да ги менувате вашите мисли, така што вашиот потсвесен начин на размислување постепено ќе станува помалку негативен.

Сè зависи од ВАС!

Елиминирајте го негативното!

Започнете така што ќе ги забележувате вашите мисли и начини на размислување. Често и ова е доволно за да ги исфрлите лимитирачките мисли (зборови) од вашиот речник. Избегнувајте мисли или изјави кои вклучуваат зборови како: треба, требаше, мора, секогаш, никогаш и што доколку?

Нагласете го позитивното!

Следната техника ќе ви помогне да ги пресретнете негативните мисли. Кога ќе забележите дека размислувате негативно употребете ја едноставната „СТОП“ и „ЗАМЕНИ“ техника за да ги уловите негативните мисли и да ги замените со мотивирачки зборови.

Кажете си: „СТОП!“ – Вашиот ум ќе замолчи

– потоа ЗАМЕНЕТЕ со поконструктивни зборови. Имајте спремна „база на позитивни пораки“. На пример:

„Смири се, ова ќе помине.“

„Лесно е да...(се опуштам, се справам со тоа, итн.)“

„Се концентрирам на она што МОЖАМ да го сторам.“

„Ќе правам чекор по чекор.“

„Одбирам да...“ или „Би можел/а да...“ „Смири се, опушти се...“

„Ќе најдам нов начин да го решам тоа.“

„Имам многу техники за помош, ќе одберам една од нив...“ (на пр., релаксација, вежби, прошетка, читање на „базата на позитивни пораки“, топли/ладни облоги, итн.)

Употребувајте ја „СТОП“ и „ЗАМЕНИ“ техниката во текот на неколку седмици и наскоро ќе забележите значајна промена во начинот на кој размислувате, и колку полесно ќе биде справувањето со проблемите и болките.

Да се биде позитивен значи да се биде насочен кон позитивните аспекти на животот и кон она што можеме да го сториме за да си помогнеме себеси.

Позитивните мисли не се луксуз – тие се неопходност за наша благосостојба!
AnjaF

Фем почетничка
 
60
Мислења: 45
Зачленет: 14 Фев 2010, 21:37

Мислење 23 Фев 2010, 18:48

Bolki vo grbot imam i toa premnogu , go kradam kosmodiskot od majka mi :lol: i stavrno sega koga go nosam mi e po ok , na pocetokot me nervirase i nekako me potese , ama sega duri razmisluvam da si zemam i za sebe :oops: samo mi e malce stram.

Inaku e vistinski lek i za bolki vo kicmata , ako ne e on koga dobivam neznam kade ke mi bide krajot :up:
AnjaF

Фем почетничка
 
60
Мислења: 45
Зачленет: 14 Фев 2010, 21:37

Мислење 22 Сеп 2010, 15:29

и јас имам болки во кичмата и тоа силни болки .неможам ни да седам ни да стојам ниту пак да се движам . Кога одам до тоалет одам целата додгрбавена :sweat: исто како стара баба :D . Денес бев и на лекар и ми дадоа антибиотици и 1 инекција . нема подобрување . Но ќе почекам и ќе одам на снимање ? И незнам дали од подграбавеноста што ја стекнав за 1 недела моето тело се насочи кон десната страна односно кога стојам исправено од под градите тој дел заедно со стомакот ми се искривени. Многу ми е страв да не останам ваква ;( .Се уште сум млада да одам како баба.
Аватар на корисникот
IviA

Сино цветче
 
2030
Мислења: 217
Зачленет: 12 Сеп 2010, 16:49
IvA

Мислење 22 Сеп 2010, 17:55

Да ова е период од годината кога ги чувствуваме промените на температурата. Јас по мене имам осетено, ако физички сум помалку активна ми се опуштаат мускулите и тогаш држењето на телото ми е неправилно, а тоа доведува до деформации, приклештување на нервите....Треба да се вежба, ама треба и мукает... :up:
Аватар на корисникот
malinavishna

Фем почетничка
 
82
Мислења: 28
Зачленет: 10 Јул 2010, 15:53

Мислење 22 Сеп 2010, 17:57

А, да и пијте глукозамин (NO DOL) го има во аптеки, ја намалува болката......итн.
Аватар на корисникот
malinavishna

Фем почетничка
 
82
Мислења: 28
Зачленет: 10 Јул 2010, 15:53

Мислење 01 Окт 2010, 12:23

zdravo na site.I jas vejke nedela i nesto custvuvam na levata strana nazas nekoja bolka i koga lezam na grb i napred kaj srceto potocno povejke nakaj miskata.Ne znam dali e od nepravilnoto spienje ili od nekoja nastinka promena na vreme i sl.Site mi velat deka e od toa no mene me fajka strav da ne e nesto so srceto imam 23 god i si vikam nee e mozno toa no blagodarenie na mediumite stravot na site mladi za se ni e vlezen vkoski barem mene toa mi se slucuva za se se plasam.A ored mesec bev kaj maticnata me pregleda mi go naslusa srceto i ekg mi napravi i se bese vo red e dali ova mi se pojavi poradi promena navremeteo ne znam.Pa sakav da vidam i kaj nekoj od vas dali se ima pojaveno nesto slicno a dali bi se podobrilo da odam nekade na masaza?sto sovetuvate?
Аватар на корисникот
zagrizena23

Фем почетничка
 
00
Мислења: 21
Зачленет: 12 Јун 2010, 19:24

Мислење 01 Окт 2010, 15:03

загрижена23 нема потреба да се грижиш јас мислам дека тоа ти е од промена на времето или можеби си настината. Облекувај се потопло и пиј чаеви :D :D :D :D
Аватар на корисникот
IviA

Сино цветче
 
2030
Мислења: 217
Зачленет: 12 Сеп 2010, 16:49
IvA

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 22 гости