ТЕМА: Бронхопневмонија

Мислење 23 Дек 2009, 15:25

Ve molam kazete mi nesto za bronhopnevmonijata. Bev gribosana primav tableti ZINAT imav kaslica i temperatura , kaslicata mi prekina. Malce izlegov nadvor i pak pocnav da kaslam se do den denes. me bolat gradite.

Pozdrav

Beti
betiboop

Фем почетничка
 
00
Мислења: 6
Зачленет: 02 Дек 2009, 14:39

Мислење 23 Дек 2009, 17:13

brat mi pocina od pred 2 ned :( nema nikogas da go prebolam imase samo 25 , no ke ti kazam sto i da e samo hrabro
Аватар на корисникот
malecka15

Бело цветче
 
590
Мислења: 93
Зачленет: 27 Ное 2009, 20:04
When I was a kid I used to pray every night for a new bike. Than I realised that The Lord doesn't work that way, so I stole one and asked him to forgive me!

Мислење 18 Мар 2011, 22:20

Мислев да оворам нова тема но некој веќе отворил тема за оваа болест!
Кај мојата 6 годишна внука е дијагностицирано бронхопневмонија! Кашлењето е сега намалено и високата температура исто така! Инфузија примаше денес и ќе прима и наредните три дена! Направено е ренген слика но резултати ќе има утре!
Она што сега ме загрижува е нејзиниот претерано блед тен! Никогаш не била толку бледа и цело време сака само да спие! Возможно ли е преку ноќ да се влоши ситуацијата? Многу сум исплашена особено заради тоа што има многу слаб имунитет и многу е бледа! Ве молам за ваше мислење!
Ме интересира вашите познавања и искуства во врска со оваа болест!
Аватар на корисникот
mina

Жолто цветче
 
540136
Мислења: 1260
Зачленет: 22 Ное 2009, 15:56

Мислење 18 Мар 2011, 22:26

Мајка ми имаше бронхопневмонија, за среќа сега е добро и е излечена. Капиларите и испукаа од образите од кашлање. Мина жал ми е за твојата вкуна се надевам дека ќе оздрави немам никакви совети или пак некои познавања, само сакав да ти го кажам тоа. Се надевам дека нема да има некој проблем со оглед на тоа што медицината е многу напредна.
Аватар на корисникот
FlameFairy

Сино цветче
 
117222
Мислења: 253
Зачленет: 11 Јан 2011, 20:22

Мислење 18 Мар 2011, 22:40

Бронхопневмонија е воспаление на белите дробови и е една од посеризните бактериски инфекции,која може да биде предизвикана и од бактерии и од вируси.Може да се јави како компликација од респираторни инфекции, и од неправилно лекување на истите.Кај мали деца е доста честа,симптомите се кашлица,зголемена темп.,болки во стомак и една целосна исцрпеност на организмот.Се дијагностицира со слушање(искусни лекари веднаш ја препознаваат) но и со ренден снимка.Потешко за дијагноза е вирусната ,тешко е да се слушне,и затоа најдобро се гледа на рендген.Може да биде и пропратена со опструкција ,но денес има толку лекови кои успешно ја лекуваат,антибиотици со широк спектар на дејство.Лековите кои се даваат преку инфузија,најдобро делуваат во организмот.
А за бледилото,немој да се секираш ,тоа е пропратен знак на болеста.
Јас имам искуство со едното дете,а и доволно сум компетентна да коментирам на оваа тема,и мислам дека најдобро се лекува во болнички услови.Било во Козле или на Детска Клиника.
После болеста,најдобро е барем уште две-три недели чување дома,за да не се повтори,поради намалениот имунитет.
Посакувам се најдобро,и не се секирај тоа е дел од растењето на децата.
Аватар на корисникот
ph.orhideja

Сино цветче
 
756593
Мислења: 385
Зачленет: 14 Јан 2011, 16:34

Мислење 18 Мар 2011, 22:48

mina напиша:Мислев да оворам нова тема но некој веќе отворил тема за оваа болест!
Кај мојата 6 годишна внука е дијагностицирано бронхопневмонија! Кашлењето е сега намалено и високата температура исто така! Инфузија примаше денес и ќе прима и наредните три дена! Направено е ренген слика но резултати ќе има утре!
Она што сега ме загрижува е нејзиниот претерано блед тен! Никогаш не била толку бледа и цело време сака само да спие! Возможно ли е преку ноќ да се влоши ситуацијата? Многу сум исплашена особено заради тоа што има многу слаб имунитет и многу е бледа! Ве молам за ваше мислење!
Ме интересира вашите познавања и искуства во врска со оваа болест!

Ја имам оваа болест хронично од мојата 7ма година.Од искуство можам да кажам дека бледиот тен и слабиот имунитет се резултат на исцрпеноста на белите дробови, а и воедно цело тело.И да, сосема нормално е постојано да спие бидејки нема сила.А за влошување на состојбата преку вечер мислам дека не би требало, освен ако има прејака кашлица или температура 38-39 степени.Со неколку дена постојано лежење , а потоа 1-2 недели никакви физички напори, потполно ќе се излечи, значи нема потреба од паника :)
До компликации може да дојде едниствено ако освен бронхопневмонија има и астма, но како што можам да забележам ти немаш спомнато такво нешто ;)
Аватар на корисникот
sweetheart10

Сино цветче
 
1581098
Мислења: 152
Зачленет: 05 Јан 2011, 21:32
Локација: down to Earth :)
Fashion is the most powerful art there is. It's movement, design and architecture all in one. It shows the world who we are and who we'd like to be

– Blair Waldorf ♥

Мислење 18 Мар 2011, 22:53

Лекувањето зависи од степенот до кој е развиена болеста. Се согласувам дека во болнички услови најбрзо се лекува, но не е секогаш неопходно. Кај децата се развива многу брзо. Ќерка ми ја има моментално. Пред два дена беше сосема ок, вчера малку почна да кашла, денес кога се вратив од работа видов колку е саат. Сепак, не беше за лежење, туку почна да прима инекции.

Инаку бледило, поспаност и прекумерно потење се карактеристични. Температурата зависи од причинителот. Може да биде и без температура. Како што пиша орхидеја, 3 недели по оздравувањето треба посебно да се внимава да не се повтори.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
55152531
Мислења: 3156
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Мислење 18 Мар 2011, 22:59

Ви благодарам многу на сите што ми одговоривте! најнајнајискрено ми олесни на душата малку :whew: ! Се исплашив многу бидејќи побледе ептен и немаше сила за ништо! Таква ја немам видено никогаш и затоа се исплашив!
Уште еднаш ви благодарам на утешните зборови бидејќи во моментов ми требаат! Се осеќам многу слабо,ама не сум важна јас...важно ми е ангелчето мое кое се надевам ќе ми оздрави наскоро! :*
Аватар на корисникот
mina

Жолто цветче
 
540136
Мислења: 1260
Зачленет: 22 Ное 2009, 15:56

Мислење 18 Мар 2011, 23:04

sweetheart10 напиша:Ја имам оваа болест хронично од мојата 7ма година

Бронхопнеумоноија не може да биде хронична болест.Тоа е акутна болест која може да се јави повеќе пати,во зависност од имунитетот на организмот.
Хронична е астмата,ХОББ(хронична опструктивна белодробна болест)е хронична,но пневмонијата во никој случај не е хронично заболување. .
Аватар на корисникот
ph.orhideja

Сино цветче
 
756593
Мислења: 385
Зачленет: 14 Јан 2011, 16:34

Мислење 18 Мар 2011, 23:10

ph.orhideja напиша:
sweetheart10 напиша:Ја имам оваа болест хронично од мојата 7ма година

Бронхопнеумоноија не може да биде хронична болест.Тоа е акутна болест која може да се јави повеќе пати,во зависност од имунитетот на организмот.
Хронична е астмата,ХОББ(хронична опструктивна белодробна болест)е хронична,но пневмонијата во никој случај не е хронично заболување. .

Незнам зошто но кога првпат се соочив со оваа болест, докторите ми рекоа дека била хронична, односно цел живот ќе сум ја имала :o .Оттогаш се имам разболувано околу 5 пати и се помирив со фактот дека цел живот ќе ја имам..А астма-хронична ми дијагностицираа минатата година.За неа - како што е спомнато погоре сум 100% сигурна дека ми е хронична.
Аватар на корисникот
sweetheart10

Сино цветче
 
1581098
Мислења: 152
Зачленет: 05 Јан 2011, 21:32
Локација: down to Earth :)
Fashion is the most powerful art there is. It's movement, design and architecture all in one. It shows the world who we are and who we'd like to be

– Blair Waldorf ♥

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: be.positive и 23 гости