1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Ќе одиш да се прегледаш на ехо, поинаку не.
    Иначе имам едно прашање.На 14 години, во Јуни ми беше најдена циста на десниот јајник проследена со многу силни болки во тој дел.Со инфузија ми помина.На ехо ми кажаа дека цистата е 2цм, водена безопасна и ќе пукни со доаѓањето на менструацијата. После неколку дена ми дојде менструација, и да напоменам претходно ми каснеше ама не обрнував внимание многу.Оттогаш па се со сега ми доаѓа секој месец менцтруација, ми касни по 6/7 дена ама сметам дека то е сосем нормално, и што е најбитно немам никакви болки.Прашањето ми е дали имам сеуште циста на јајникот и дали има потреба да одам да се прегледам уште еднаш? :doh:
     
  2. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    денес бев на лекар и таман гледа ми пукнале водните цисти коа на левиот јајник чоколадна 24 мм :( ми предложи хормонска терапија со јасмин ве молам кажете ми дали има друга алтернатива ми преложи некоја си анализа преку крв ако е воспалена цистата ке се вади се плашам многу :(
     
  3. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    dobro moze nekoj d mi odgovori puknav od zagrizenost :/
     
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Денес бев на гинеколог и ми најде циста на лев јајник, поточно некое засенување кое наликува на циста, ова излегува само на вагиналното ехо а не и на обичното.Ми направи ПАП и ми предложи да направам и други испитувања, поточно CA 125 за да бидела сигурна и да ги однесам у вторник заедно со резултатите од папот. Е сега ме интересира каде може да се изврши ова испитувања и колку кошта.Гинекологот ми е приватник па кај него да ги правам 2500 ден. некако мн ми се видоа :^)
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Моја познаничка има водени цисти, и ја примила терапијата за месецов, ама нема добиено, а има поминато од прилика една недела од кога требало да добие.
    Сте биле ли во ваква ситуација, дали треба да и се продолжи дозата на апченцата или?
     
  6. Shtrumfetkaa

    Shtrumfetkaa Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здрво. Би сакала да прашам дали има некој сличен проблем на мојот и како се справува со тоа. Имам проблем со цисти. Имам полицистични јајници и веќе две години примам хормонска терапија-јасмин. ми доцнеше многу,а се случуваше да не добијам и повеќе од два месеци. Прво ми препишаа терапија од 6 месеци ама со yaz таблети. После 6 месеци кога ги прекинав добив крварење невообичаено за менструација. По еден месец повторно добив крварење и се обратив кај гинекологот. ми рече дека повќе не смеам да ги пијам yaz и ми ги препиша yasmin от. Ми рече дека не можам да функционирам без терапија и дека морам да ја примам до прва бременост. Се консултирав и си друг гинеколог и ми рече дека нема никаков проблем да ја примам долго оваа терапија. Почнувам да се плашам да не се навикни организмот па да имам гоолем проблем кога ќе ја прекинам. Благодарам однапред :$
     
    На KENdra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832

    CA-125 е туморски маркер за оваријален карцином.
    Се испитува преку крв и всушност претставува скрининг.
    Можеш да провериш во сите лаборатории каде има туморски маркери.
     
  8. Milickaa

    Milickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, имам циста која не се наоѓа на јајникот туку некаде настрана од него веке подолго време можеби 2години и постојано ми стои во иста големина од 4,5мм ниту се зголемува ниту намалува, менструација имам нормално за разлика од порано кога имав по скоро цел месец, мојот гинеколог ми препорачува да направам операција со тоа што ке ја извадам цистата како најдобро решение дека многу време стои. Па барам совет ако нејкој имал слично искуство дали доколку се извади може да настанат некои проблеми во врска со забременување, и да ми препорачате некој добара гинеколог кој може да го направи тоа.
     
  9. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Прочитав неколку од вашите проблеми и имам едно прашање.
    Мене секојпат ми касни значи , но овојпат ја претера работата. Ми нема дојдено од октомври,а еве сме јануари.. сваќам стресови, испити,па и малце се поправив но веќе сигурна сум дека тоа не е причина што толку долго ми касни. Правев дури и тест за бременост-негативен!
    Што мислите вие дали е можно да се цисти? Дали ако имаш цисти на јајниците не ти доаѓа? Можда глупо звучат прашањава но ве молам некој да каже нешто.
    Морам да одам на лекар, а секој ден одложувам со надеж дека ќе ми дојде и се' ќе биде во ред. :(
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Што и да кажеме овде ќе биде само погодување, може да доцне и од цисти и од некое хормонално пореметување, посебно ако имаш користено таблети за слабеење. Затоа правец на гинеколог.
     
  11. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Немам користено такви таблети. Пред 2-3 недели користев само од тиа што се за принудно добивање на менструација Примолут Нор, но ништо... Сеуште немам кажано ни на мајка ми дека имам таков проблем, со мисла да не си помисли некои други работи (знаете на што мислам) но изгледа ќе морам да преземам нешто.

    Во секој случај, ти благодарам. :)
     
  12. wywy

    wywy Нов член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки,
    Денес бев на гинеколог и ми открија циста со аспект на дермоид 46.70 : 46.70 на десен јајник, ми кажа утре да направам тумор маркери и ми предложи лапароскопска операција. Многу сум загрижена, ако има некој такво искуство нека сподели и ако може да ми предложи каде би било најдобро да ја направам операцијата.
     
  13. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    546
    Пол:
    Женски
    napravi ja na gak eftino e a po privatnive e skapo
     
  14. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    девојки бев на лекар и ми рекоја дека имам водена циста на левиот јајник ,а трудна сум,дали некој е запознаен со ваква ситуација и дали може да се јави некој проблем.
     
  15. Ladybug.89

    Ladybug.89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    39
    Девојки јас треба да добијам овие денови, а преку целиот месец чувствував од време на време болка на десниот јајник, имам мало топче таму...сум го имала и порано ама никогас не ме болело и потоа го снемува..помислив да не сум бремена пошо ми доцни 2 дена, тестот е негативен..и сега се плашам да немам циста..Дали ако не добијам тоа би можело да биде поради циста? Ви благодарам!

    пс. Еве сега го нема топчето..т.е е многу мало и не дури ни во топчеста форма тоа.. :/
     
  16. wywy

    wywy Нов член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0

    И јас чувствував таква болка на десната страна и имав мало топче.. што побрзо оди на гинеколог, мене ми рекоа циста
     
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Девојки, веќе неколку дена чувствувам болка во левиот јајник во вид на бодење, која се шири и во половината,имам чувство на подуеност на стомакот, а и често мокрам. Ако се допрам ме боли. Првите денови не беше многу јака болката, а и се јавуваше на неколку дена, а еве има неколку дена како нон стоп ме боли. Менструацијата досега ми е редовна. Никогаш не ми касни. Сакав да ве прашам дали е можно да се работи за циста?
     
  18. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    и јас го имам слично само мене ме боли крстот и повремено се губи болката некогаш за време на циклус некогаш после па у средина на месецот неодредено и ми се префрла болката на слабинскиот дел ама само на десната срана имам осетено па помислувам да не нешто со бубрезите не е во ред ,а иначе пре 2 и нешто год на ехо гинеколгот ми рече еве на снимката ми пише вакаPCO наод уреден не ми кажа дали на лев или десен јајник туку тоа као да е нормално секоја втора жена го има ми закажа и контрола не отидов дали енешто сериозно да идам пак ако некој има сл да каже дали пак ехо треба да ми прават или самите цисти по себе ке се изгубат а иначе циклусот ми е редовен понекогаш имам болки јаки ама у просек 2 3 пати у година мисе јавуваат ама самопрвиот ден
     
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ве молам, дали некој може да ми ги пише кои се симптоми за циста.

    Изминатиов месец имав некој хормонален дисбаланс, (бар така ми кажа докторката по тел), кога и ги објаснував чудниве симптоми. Менструацијата ми траеше повеке дена, исто крварев 2 дена кога бев во овулација, пропратно со болки во јајници, а предходно не сум имала (многу ретко) болки во овулација ниту болни менструации. Имам роднина што е докторка и ми кажа дека најверојатно ми е хормонален дисбаланс,од стрес ми кажа да поминам кај нејзе на работа... Ама ништо спротивни смени сме неделава. Па во меѓувреме да ве прашам вас. Дали е можно да се работи за циста ама не толку опасна?
     
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Го имав истиот проблем пред извесно време. После направениот преглед и ехото, се утврди дека се работи за хормонално пореметување, односно, недостаток на хормон ( прогестерон), кој се стабилизира само после неколку дена по земањето на таблети кои ми ги препиша гинекологот.
    Така да, не грижи се. Најверојатно и кај тебе се работи за исто, и не верувам дека се работи за циста.
    Во секој случај, посети си гинеколог за посигурно.

    И мене ми беше страв да не имам циста и баш прашав другарка која имаше циста. Ми кажа дека имала болки во јајникот но само при допир и и каснела менструацијата.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.