1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добар гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Anonymous, 30 декември 2009.

  1. bubamara4

    bubamara4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Ве молам, дали некој знае колку се чека за преглед кај др. Дракулевски во Систина и колку кошта еден преглед. Барав на нет ценовник ама неможам да најдам.
     
  2. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    PAP тест во ординација мама ти е 500 ден, ама тоа оди како комплет преглед со вагинално ехо, и ЕХО е 500 ден такада за преглед ехо и пап ти требаат 1000 ден. Основен преглед е.

    Мене ми треба препорака за ДОБАР ГИНЕКОЛОГ кој работи СО КАРТОНИ ЗА МАТИЧЕН, бидејќи немам матичен гинеколог.
    Одам во МАМА еднаш годишно за пап и ехо, но сакам брисеви да направам кои се скапи приватно.
    Ако знаете добар гинеколог во Скопје кој прима матични пациенти препорачајте ми. :)
     
  3. hanny

    hanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    61
    Здраво девојки гледам сите сме имале различно искуство со изборот на добар гинеколог :) од моето искуство за жал не толку добро можам да споделам со вас да се лажете со попустите и ниски цени кои ги нуди гинеколошката ординација гинекомедика во капиштец, бидејќи се не професионални и единствено гледаат како да ти земат повеќепари без притоа ти да имаш конкретен сериозен проблем.
    Да скратам одам на редовен преглед каде докторот Дејан по извршениот пап тест установува дека имам хпв со висок стадиум и ми предложува типизација и ласерска операција која чини 200 евра. Гром од ведро небо од нигде никаде ужас ;( Правиме типизација, но за срека се одлучувам да побарам второ мислење кај Доктор пановски (од тогаш е мој стален гинеколог и не го менувам за ништо) каде исто така направивме пап тест и сите потребни прегледи и резултатите беа зачудувачки барем за мене немав хпв немав ни најмала инфекција едноставно немав ништо. Изреволтирана се вратив во гинекомедика со образлозение дека ми се потребни резултатите од типизацијата, сестрата ги бараше 2ч и неможеше да ги најде очегледно дека истата никогаш не биланаправена бидејќи нема основа за тоа.
    Девојки ова го споделувам со вас од причина да бидете внимателни и да побарате второ мислење бидејки за жал и докторите нас пациентите почнаа да не гледаат како можност за дополнителна заработка.
     
    На Marija-maca-maca му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    ех мила години уназад се зборува за гинекомедика и какви лажговци се штета што не си прочитала на време па си западнала и ти во тоа :(
     
    На Marija-maca-maca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    63
    Дали некој имал искуство со докторката Оливера Арнаудова од Деметра Медикал? заангажирана е околу пациентите? бидејќи е приватно малку ми е страв на не ме мотка наоколу...
     
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    30.787
    Пол:
    Женски
    Девојки дали сеуште работи Др Орданџииски во Штип? :?:
     
  7. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Да си работи д-р Органџиски, меѓутоа сега само со ин витро оплодување не врши више обични прегледи односно пап-тест и ехо на ова е фокусиран само.
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Арнаудова е супер, јас сум од неа пре-презадоволна. Смирена, слободно прашувај си, одговара без нервоза, не брза на преглед, за мене е најдобриот гинеколог што ме прегледувал. Нема да те мотка ништо, дури и ќе ти посочи што смета дека НЕ треба да се прави од анализи, на пример. И сите на кои сум им ја препорачала се презадоволни. Има супер опрема, што е исто важно. Во последно време само тешко се добива на телефон, треба да си упорна. Е сега, не е евтина баш, ехо+ПАП+преглед мислам дека и беше 2500. Ама вреди.
     
  9. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    63
    Одлично,ова ми требаше да го прочитам,благодарам :D
    а само уште едно прашање дали знаеш колку се брисевите? имам читано дека се 4 и во принцип биле скапи а со оглед на тоа што и она има високи цени не верувам дека би била исклучок.
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас одев кај Арнаудова неколку пати на редовни прегледи. По мене е многу добра. Е сега малку е скапа.
    Дај предложете ми некој кој работи со фондот на потег од центар накај аеродром, да можам да го ставам за матичен.
     
  11. dijana8

    dijana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    260
    Дали некој имал искуство кај д-р Агнеса во Капиштец ?
     
  12. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Ако може број од Др Тања Хаџиевска.
    итно ми е
    :)
     
  13. vesna007

    vesna007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Телефони од Др. Тања Хаџиевска
    02/323-1419

    070/221-510

    Од лично икуство, некако како да нема време да прегледува.
    Мислам дека знае се како треба, али не се замара баш.
    Ако тие е за важно нешто како бременост тогаш ...
     
  14. Mamicka123

    Mamicka123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Јас срдечно ви ја препорачвам Др.Кристинка во Плодност-Битола и Др.Таше....Значи јас прво бев во државна бидејќи имав полипи на матката и проблеми со забременување имам па скрос сум разочарана, и сега веќе си одам во Плодност па се надевам на правилен начин ќе ми се реши проблемот......
     
    На StEfAnIjA-84 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    Идентично мислење имам за Хаџиевска... ми беше матична долг период, ама еднаш годишно кога одиш не забележуваш колку уствари е заинтересирана или не за битни работи, праевев само пап и рутински контроли - но откако останав бремена веднаш ја сменив...1. на моб никогаш не ми кренала, на фиксен сестрата скоро никогаш не се јавува, па мора таму да одиш за да закажеш, 2. закажуваш во 12ч преглед - влегуваш во 14ч, 3. кога ке влезеш во ординација имаш чувство дека си само една од многуте, и сака да те "помине" што побрзо- едноставно не посветува внимание, а ние како трудници - и те како сакаме да ни се објаснат работите... затоа веке ја сменив, ми требаше сериозен матичен гинеколог :)
     
  16. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Право да кажам и јас кога сум била последниве 2-3 пати исто многу лош впечаток ми остави.Многу е неодговорна и незаинтересирана.Ама па незнам каде да се префрлам,да ми препорачате добар гинеколог(по можност женско) во скопје,што прима пациентки за матичен.? :)
     
  17. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Што мислите за Тасе Цветановски?
    Моментално тој ми е матичен, а искрено два пати сум била на гинеколог и тоа само кај него, така да не знам да споредам. Ми изгледаше многу смирен и се трудеше се добро да ми објасни, ама не сум сигурна дали би сакала да продолжам да одам кај него?
    Може да ми кажете ваше искуство?
    Фала :)
     
  18. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    Срц јас бев кај Тасе и он ми ја водеше првата бременост,вака како доктор мислам дека е добар стручњак, меѓутоа зависи и кога како ќе го погодиш со расположението, јас на контрола кога влегував со мм значи човекот беше супер, а еднаш влегов сама бидејќи имав крварење и таква целата испаничена се тресам, плачам, човекон почна да ми се дере, после една недела кога отидов пак на преглед, најнормален супер расположен, и сега кога останав повторно бремена, му се јавив дека рано беше да прашам дали смеам уште да го дојам малиот почна пак да ми се дере, кој го знае што му беше се изнервирав и го сменив :D
     
  19. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25

    да работи само на приватно, само цените се енормно високи.денес со сестрами бевме кај др.шумански и 4д ехо не чинеше 2000 денари а кај него минатиот пат плати 3500.
     
  20. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    И јас сум кај Тасе Цветановски, сега ми ја води бременоста. Кога одам со мм тој е супер, се објаснува, мм повеќе го прашува од мене... еднаш отидов сама и си заминав со плачење ;( , ми ставил дијагноза крш - а не ми ни објасни зошто (сама си ја видов од упатот за микробиологија) ... кога се вратив да ми објасни (истиот ден) не му текнуваше на мене...јас го прашувам зошто ми напишал така...ми вика - па таква ти е дијагнозата! После го отвори картонот и незаинтересирано ми одговори на неколку други прашања, како едвај да чекаше да си отидам - а немаше ни еден пациент што чека...Патем ми го зема и ултразвукот кој ми го направи, за да не читам многу!!! :(
    Веројатно не му го погодив денот...незнам, ама толку се изнервирав што одлучив никогаш повеќе да не се вратам и да си одам само на приватно!
    Јас неможам да гледам на гравчиња - кога да му го погодам денот! |(