Ја отворив темава,бидејќи немаше,а не е ни лошо да споделиме и такви искуства.
Значи ова е мојата сторија за епилепсија
-Пред едно 7 години,така свежо утро,со малку сонце. Летен ден. Се збираме сите и ќе одиме по свидетелства. Одлична ученичка и ме дотераа,со нова облека заради петките. Не успеав да стигнам до школото. Така во куп зберени мене ми се слоши наеднаш,добив напад,ми се замати и почнав да барам место да седам. Понатаму не се сеќавам што било. Од терасата целата ситуација ја следела баба ми. И плачејќи ме однесе дома. Веќе се свестив,ама сигурно имало поминато едно 20 мин.
Ме носеа по болници,ама ништо не кажаа поконкретно,како во пубертет сум била и затоа така.
Следната година,истата дата,одиме на пазар со мајка ми. Ми се деси истото,само што сега се слушав додека бев во т.н.кома,а не можев да одговорам.Мама и сестра ми плачеа,ги слушав и ми течеа солзи,оти не можев да кажам дека сум добро. Траеше едно пола саат. Имав два напади. После долго одење по болници,по снимања,по свашта ми утврдија епилепсија.Лековите кои ми ги дадоа ги пијам сеуште. Ама јас никако не можам да сватам како може да сум болна од епилепсија,кога тие напади ми се случиле само два пати во животот. На контрола одам сеуште,се е во ред со мене,само крвта покажува дека мене ми фали тој лек. А што е најчудно,сум заборавала да ги пијам лековите и по една недела,а морав двапати дневно,тогаш мене не ми е ништо.
Имате таков случај за епилепсија,може вие имате епилепсија,напишете овде...







