1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Епилепсија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од katka-slatka, 4 јули 2010.

  1. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    46
    Ја отворив темава,бидејќи немаше,а не е ни лошо да споделиме и такви искуства.
    Значи ова е мојата сторија за епилепсија
    -Пред едно 7 години,така свежо утро,со малку сонце. Летен ден. Се збираме сите и ќе одиме по свидетелства. Одлична ученичка и ме дотераа,со нова облека заради петките. Не успеав да стигнам до школото. Така во куп зберени мене ми се слоши наеднаш,добив напад,ми се замати и почнав да барам место да седам. Понатаму не се сеќавам што било. Од терасата целата ситуација ја следела баба ми. И плачејќи ме однесе дома. Веќе се свестив,ама сигурно имало поминато едно 20 мин.
    Ме носеа по болници,ама ништо не кажаа поконкретно,како во пубертет сум била и затоа така.
    Следната година,истата дата,одиме на пазар со мајка ми. Ми се деси истото,само што сега се слушав додека бев во т.н.кома,а не можев да одговорам.Мама и сестра ми плачеа,ги слушав и ми течеа солзи,оти не можев да кажам дека сум добро. Траеше едно пола саат. Имав два напади. После долго одење по болници,по снимања,по свашта ми утврдија епилепсија.Лековите кои ми ги дадоа ги пијам сеуште. Ама јас никако не можам да сватам како може да сум болна од епилепсија,кога тие напади ми се случиле само два пати во животот. На контрола одам сеуште,се е во ред со мене,само крвта покажува дека мене ми фали тој лек. А што е најчудно,сум заборавала да ги пијам лековите и по една недела,а морав двапати дневно,тогаш мене не ми е ништо.

    Имате таков случај за епилепсија,може вие имате епилепсија,напишете овде...
     
    На srcekrsacka и mamas им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Значи немам мнооооогу познавања од темава, ама знам дека не треба да избегнуваш да ги пиеш лековите и дека баш тие лекови ги спречуваат нападите. Познавам луѓе кои имаат епилепсија (едната ми беше професорка) и скроз нормално функционира жената, нормално со редовно пиење на лековите.
     
    На Епилепсија Мак му/ѝ се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Ми се случи (фала богу) само еднаш. Беше тоа пред некои 5 години кога со другарки возевме ролерки, беше лето. Се сеќавам дека возевме брзо, наеднаш јас сум паднала, сум почнала да се тресам и ми излегувала пена од устата. На ништо не се сеќавам. За среќа луѓето што живееа во близина излегоа, ми мавале шамари, ме плискале со вода, но најбитно е што ми го држеле јазикот да не го голтнам. Кога се освестив веќе бев во болница и ми ја боцкаа левата рака за инфузија. Зошто сум се онесвестила - никој не знаеше да ми каже. Претпоставуваа дека јакото сонце и мојата замореност придонеле за тоа. Лежев 5-6 дена во болница нон стоп примајќи инфузии. Другарките? - Отидоа на бајачки :lol: Не, најсериозно отидоа, затоа што биле до смрт исплашени. Мислеле дека сум умрела, сум била бледа како крпа! Од тогаш да чукнам во дрво ми се нема случено такво нешто и внимавам да не билам изложена на сонце толку време.
     
  4. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    Zdravo jas imam kerka koja e rodena zdrava ,glava drzese od bebe,se podigase,prozbore na 6 meseci.Na 7.5 meseci od vakcinata polio di te per dobi napad i hitno zaminavme za skopje kade i stavija dijagnoza cerebralna paraliza i epilepsija.Od togas na sekoi 6 meseci dobivase napadi i za 5 god.vozrast ona ima dobieno okolu 30 pati.1 god e pokriena so lekovi i fala mu na boga dobra e no kasni so razvojot.
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Моето куче имаше напади на епилепсија .. не можев да ја гледам , ми се кинеше душата . Едно сабајле пред неколку години и се случи , почна да се тресе и пена да и излага од уста.. Некако ја смириа моите и додека ја однесоа на ветеринар , по пат уште три пати имаше . Нападите биле од многу возбуди и промени , а тогаш бев на одмор со моите , па само татко ми се врати па јас со другите .. и за кратко време многу возбуди . Моите и даваа некои апчиња од кои беше како пијана , не можеше да се качи на кревет и се удираше во масата.Одтогаш ги снема тие напади , и фала му на Господ што веќе ги нема . Ако беше за кучето нели .. Зошто само за тој случај знам :?:
    * Се извинувам ако не е за овде овој случај :)
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Од она што јас го знам, со редовно примање на терапија може да се спречат тие напади. Порано немало соодветна терапија и често се случувало луѓе по улици да паѓаат . Само треба да се најде соодветната терапија и редовно да се прима. Имам пријател кој има епилепсија, јас не ни знаев дека ја има таа болест, нападите ги контролира со терапијата и нормално си функционира без страв да не падне некаде.
     
    На Епилепсија Мак му/ѝ се допаѓа ова.
  7. milena000

    milena000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    jas imam epilepsija veke 3godini dosega imav samo 1 napad...no pred nekolku meseci namerno ja prepustiv terapijata.zemav alkohol...utredenta pocnaa gr4evi na cela moja leva strana...od togas mi jas smenija terapijata poveke pati no nema podobruvanje...imam gr4evi..srav mi e da se setam sama mislam deka vo sekoj moment ke padnam ako me fane grc..mnogu sum tazna...ete kako moze samo edna caska alkohol da ti go promeni celiot zivot... :(


    [mod-kirilica:1nbb89h4][/mod-kirilica:1nbb89h4]
     
    На Епилепсија Мак му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Soncenka

    Soncenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Алкохол никако... Со алкохол само предизвикуваш побрзо да имаш напад...Знам од искуство ама не од мое, на татко ми. Неколку години има епилепсија, јас си знам како ми е кога ќе знам дека пиел негде... :worried:

    Страшно искуство, многу време ми требало додека да се помирам со болеста и да научам како да се однесувам додека тој имал напади. :( Незнам колку често имате напади ама за да немате најдобро е постојано да ја примате терапијата... Не сум лекар но ви кажувам од поинакво искуство бидејќи татко ми долго време не ја прима и кога има напади му даваме диезапам за да се смири...
     
    На psylepsiyа и Епилепсија Мак им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Женски
    Дали би можела јогата да и помогне на една моја другарка која има епилепсија?
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Болеста која ја мразам од дното на мојата душа :( :( Знам многу многу информации за епилепсија и секој кој го интересира нешто нека повели да ме праша, што конкретно го интересира па ќе му напишам.
     
    На Grly, srcekrsacka и mamas им се допаѓа ова.
  11. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Епа јас познавам некој со епилепсија. па да те прашам дали може нападите да се повле4ат со тек на време без да се примат епилептици, оти на пример таа особа лани имаше на школо околу 4-5 напади мислам, а сега за сега фала му на Бога само еден напад и тоа не беше толку страшно како лани, па може ли така да оде се на подобро и на крај сосема да се повле4ат нападите...
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јас боледувам од епилепсија, но фала му на господ Семокен ппп да не се урочам никогаш сум немала напад, инаку е последица од повреда на главата-од сообракајна несрека
    2 години подоцна почнав да имам како трнења во стопалата, и во дланките, мајка ми ме однесе на лекар,ми направија ЕЕГ снимање и за заштита да не дојде до напади пијам лекови(кои морам да кажам дека многу тешко се наогаат) :!:

    покрај тоа, живеам нормален живот, бидејки таа е болест која не се лекува, туку само се држи под контрола на некој начин-со примање на терапија

    инаку кога одам на неврологија на клиника, страв ме фака какви не случаеви има (ппп скраја да е ), и секогаш кога ги гледам си велам во себе фала ти господе што сум жива :!:
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и заборавив да кажам дека личност која боледува од оваа болест НЕ НИ СМЕЕ ДА ПОМИСЛИ на алкохол, и на цигари, а за кафе може по едно дневно
    :!:
     
  14. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Да да знам дека треба редовно да спие оти пореметувањата у спиењето ја зголемувале фрекфенцијата на напади и знам и за алкохолот и за цигарите ама ме интересираше дали може да се повле4ат нападите на пример ти нигогаш не си имала напад така само после сообраќајќата рацете и нозете ти трнат. А може ли да прашам ти антиепилептици пиеш нели а кои ги пиеш??
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па вака значи последиците од сообракајката не ги почувствував одма, туку после 2 години
    и од лекови ги пиев Тегретол и Апилепсин а потоа преминав на Депакине Хроно од 500 мг

    би требало ако имаш напади, и ги пиеш редовно лековите да престанат нападите, или лекарот да ти ја зголеми дозата
     
  16. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Ама не злато јас една школска имам со епилепија, не прашувам за мене фала му на Бога јас добро сум, ина4е фала ти многу..
     
  17. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Јас имам епилепсија скоро цел живот, од 18 месеци примам терапија Фенобарбитон од 100 мг, имав неколку обиди за да ја прекинам терапијата (по препорака на д-р) најпрво со замена на Фенобарбитонот и постепено намалување на дозата, но неуспешно ;( пред 3 месеци ми ја намалија на 50 мг, ама оттогаш секоја вечер легнувам со страв, се научив да си легнувам негде околу 3, 4 сабајле за колку што можам помалку време да бидам заспана додека и другите спијат бидејќи најчесто добивав напади во сон. Неколку пати ми се има случено да добијам напади уште во основно пред моите соученици и после 3,4 дена бев тема на разговор и зафрканции и еднаш ми се случи на нова година исто така. Последниве 6,7 години немам напади фала Богу, но се плашам.
    Се трудам колку што можам да се навикнам дека морам со тоа да живеам, и изгледа како да си го живеам животот најнормално, но секоја вечер пред да си легнам се соочувам со спротивното.
     
  18. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Не се палши злато ете фала му на Бога жевееш 7 години без напади, и се надевам и натаму така ќе биде, што да ти кажам освен моли се кога многу се плашиш и се надевам со Божја помош ќе го надминеш тој страв :*
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Бидејќи нормално си гие пиеш лековите затоа немаш напади оти нели они ги спречуваат.така треба и да продолжиш да ги пиеш.
    Еве нешто повеќе за епилепсијата:
    Епилепсијата е меѓу најчестите невролошки состојби од кои страдаат 0.5 до 1% од луѓето. Денес, лекарите не дијагностицираат епилепсија кај човек што имал само еден напад. Епилепсијата се дијагностицира само ако пациентот има повторливи напади.

    Мозокот е составен од многу неврони кои меѓусебно постојано комуницираат и пренесуваат информации преку електросигнали и периодот на пренос на информации мора да биде сочуван за мозокот да функционира правилно.
    Епилептичните напади се случуваат кога во мозокот настанува абнормално епилептично празнење кое ја нарушува работата на мозокот. Видот на нападот зависи од локацијата каде што се случило празнењето. Додека трае нападот, овие празнења можат да предизвикаат:

    - Контракција (стегање) на мускулите
    - Пореметување на сетилата (чувствување на чуден вкус во устата или мирис)
    - Емоционални ппроблеми, чувство на страв и deja-vu
    - Губиток на свест

    Епилептичните напади се кратки, обично траат од неколку секунди до неколку минути и потоа работата на мозокот се враќа во нормала. Епилепсијата се јавува на сите возрасти, но најчеста е кај децата и кај постарите луѓе.Кои може да се причините за епилепсијата?

    Епилепсијата може да биде предизвикана од разни состојби во кои се наоѓа мозокот, но, досега епилепсијата кај никој заболен не предизвикала мозочни оштетувања. Кај многумина заболени, епилепсијата се смета дека е наследна, најмногу кај заболените кои се деца и тинејџери.

    Според лекарите, опасна и може да го оштети мозокот е само фокалната епилепсија и потребно е да се изврши скен на мозокот доколку има сомневање за овој вид на епилепсија.

    Епилепсијата може да се јави како резултат на:

    - Абнормалности при формирањето на мозокот
    - Недостиг на кислород при раѓањето
    - Инфекции (менингитис и енцефалитис)
    - Тумори на мозокот
    - Церебрална тромбоза и мозочен удар
    -
    Што со луѓето болни од епилепсија?

    За среќа, нападите се намалуваат и потполно изчезнуваат кај 70-80% кај болните од епилепсија, но сето тоа најмногу зависи од видот на епилепсија и делот од мозокот кој е зафатен.

    Како се дијагностицира епилепсијата?

    Епилепсијата може да биде само клинички потврдена. Не се докажува само со тестови и скенирања, туку со опишување на нападот на заболениот. Нормално, пациентите при нападите најчесто не се свесни па затоа важно е лекарот да добие опис што се случува од очевидец на настанот. Исто така потребни се консултации со невролог и специјалист. Кога ќе се дијагностицира епилепсијата, се прават два теста:

    - ЕЕГ (електроенцефалограм) – Многумина веруваат дека со овој тест се докажува епилепсијата но тоа не е точно. Со помош на ЕЕГ кај пациентот се утврдува кој дел од мозокот страда од електрично празнење и кој вид на епилепсија го има.
    - CT скен или MRI скен – Се прави кога се верува дека пациентот страда од фокална епилепсија. Со овој тест се бараат абнормалности во мозокот што ја причинуваат епилепсијата.

    Секако, еден човек може да страда од епилепсија иако двата скена и ЕЕГ не покажуваат ништо. Затоа, некои пациенти во кои лекарите се сомневаат дека имаат епилепсија треба да се следат на подолго со цел да се забележат било какви нарушувања на работата во мозокот.

    Како се третира епилепсијата?

    Епилепсијата се третира со лекови препишани од специјалист но кај некои случаи и со хируршки зафат.

    Што треба да правите кога некој има напади?

    - Тргнете ги сите објекти од кои може да се повреди личноста која има напад
    - Легнете ја личноста на под, свртете ја главата на страна, за душникот да биде слободен
    - Не ставајте ништо во устата додека трае нападот
    - Останете со личноста додека помине нападот и кога ќе се освести, сторете сè за да ја смирите
    - Ако нападот трае повеќе од 10 минути, повикајте брза помош. Инаку, медицинска помош не е потребна

    Рестрикции во животниот стил

    За заболените е важно да се соочат со фактот дека живеат со епилепсија и да ги надминат сите стравови поврзани во врска со неа. Но, има неколку ограничувања кон кои тие треба да се придржуваат:

    -
    - Активности како скокање во вода и искачување по планини треба да се избегнуваат ако нападите се чести
    - Ако одлучите да одите на пливање, направете го тоа со пријател кој ќе Ве има на око постојано. Ако пливате во јавен базен, информирајте го спасувачот за Вашата болест.
    - Трепкави светла, како што има во дискотеките можат да бидат причинители на напад кај некои луѓе. Исто така препорачливо е да не се играат компјутерски игри подолг период без пауза бидејќи и екранот кај компјутерите трепка иако тоа не го гледаме.
    - Кај некои луѓе нападите се јавиле откако минатата вечер не спиеле добро или консумирале алкохол па поради ова, се препорачува умерен живот. Ова правило е најтешко за почитување кај тинејџерите.
     
    На Macedonianbro, eli 55, ivo-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Еве вака.Сестра ми кога била мала имала напад замалку ќе си го погтнала јазикот да не бил комшијата.Моите ја одвеле во амбуланта и докторката и рекла дека тоа не е ништо само дека имала висока темпрература.Сега после 10 год имаше уште 2 напади.Кога се случија нападите беше во интернатот во Штип и ги извадила од контакт цимерките...После 1 недела лежеше во болница и сега пие лекови Депакине 2 пати на ден......Само ако не ги пие лековите можат да се повторат нападите ;(