ТЕМА: Епилепсија

Мислење 20 Дек 2011, 14:10

Доколку некој сака подетални информации за оваа болест...нека ми пише порака... Многу деликатна тема
:(((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((
Аватар на корисникот
mina-mina

Фем почетничка
 
411
Мислења: 27
Зачленет: 20 Дек 2011, 13:25

Мислење 06 Фев 2012, 01:50

Znaci dokolku imash eden napad nemash epilepsija tie se slucuvaat i od alkohol, od lekovi prepisani za drugi sostojbi... sintomi na epilepsija se grcenje na muskulite ,gubenje na svest ,custva na strav i deja vu, setilata slabo funkcioniraat, i golemi glavobolki posle napadot. Pienjeto alkohol e zabraneto i zadolzitelno se davaat terapii, odlicno e dokolku ti pomagaat bidejki ima mnogu zaboleni od epilepsija na koi potesko se otkriva vistinskata terapija. Obicno napadot trae mnogu kratko po nekolku minuti. Epilepsijata kaj poveketo e nasledna osobeno kaj decata i tinejdzerite. Obicno ne pravi narusuvanja na mozokot osven fokalnata epilepsija za koja treba da se izvrsi sken na mozokot. Se javuva kako rezultat na: abnormalnosti na mozokot, nedovolno kislorod pri raganje, infekcii-meningitis, mozocen udar, tumor na mozok.. Napadite kaj 70-80% se namaluvaat i celosno isceznuvaat no zavisi do vidot na epilepsijata i delot na mozokot koj e zafaten. Za toa se pravat EEG test koj pokazuva koj del od mozokot e zabolen i koj vid na epilepsija go ima a CT sken se pravi dokolku se smeta deka se raboti za fokalna epilepsija. Zaboleniot treba da izbegnuva planinarenje i plivanje isto taka pricina za napad moze da se i svetkavite svetla vo disko i sedenjeto pre kompjuter bez odmor zatoa sto ekranot svetka iako nie ne go primetuvame toa, isto taka napadi mozat da se dobijat i ako ne ste spiele dobro prethodnata vecer i poradi konzumiranje na alkohol. Se nadevam ke ti bidat pomos ovie informacii i ke vnimavas na sebe za da ti iscezne epilepsijata.

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
abba

Фем почетничка
 
10
Мислења: 3
Зачленет: 06 Фев 2012, 01:20

Мислење 07 Авг 2012, 07:42

Ве исчитав сите и по долго размислување решив да споделам и мое лично искуство. Вие, драги мои немате поим колку сте среќни што сте под контрола. Јас епилепсијата (окципитален дел) ја имам цел живот,од раѓање, а нападите не ми се контолирани, иако сум под терапија (секаква можна досега). Сум била кај секој можен доктор во Македонија а од дванаесетгодишна возразт па се до овие мои шеснаесет години кои ги имам нападите ми се интензивни, повеќепати во месецот без разлика на фактот што во овие пет години не сум пропуштила ниту една таблетка. Како и да е, не би рекла дека болеста ја мразам од причина што тоа нема ништо да промени, нити пак ја чувствувам како некој личен хендикеп. Луѓе кои се сосема здрави умираат од глад, жед, а ние пак со еден мал недостаток, на интернет разменуваме искуства :) . Едноставно животот има и добри и лоши особини, и мора да ги прифатиме недостатоците кои доаѓаат со него.
Аватар на корисникот
Aurelia-Aurita

Бело цветче
 
3931
Мислења: 53
Зачленет: 13 Јул 2010, 21:42
Curiosity killed the cat, but for a while i was a suspect...

Мислење 23 Авг 2012, 10:53

Здраво. Ја исчитав цела литература на оваа тема, но сакам да видам и кое е вашето мислење.Имам другарка која има напади, но сеуште не и е дијагностицирана епилепсија. Во рок од неполн месец има добиено 5 напади. Првиот беше на одмор, рече дека не и е добро и наеднаш се сруши. Немаше свест цели 10 минути. Лекарите и велат дека е поради сонцето или исхраната, но се исхранува редовно а на сонце беше најмногу 15 минути кога го доби нападот. Веднаш си дојде дома, направија испитувања во Скопје и и рекоа дека нема ништо, а се онесвести уште 4 пати. Последниот напад го имаше вчера вечерта. После еден месец седење дома, излезе и падна по скали, од првата до последната скала. И се згрчи мускулатурата и лежеше без свест цели 10 минути и никако не можевме да ја свестиме. Дојде брза помош. Кога се свести почна да се треси, но немаше пена. На болница ја задржаа околу 1 час и ја пуштија дома. Велат дека не и ништо и одбиваат да веруваат дека можеби има епилепсија или некоја друга состојба. Ве молам кажете ми што мислите вие за овие напади. Дали станува збор за епилепсија ?
Аватар на корисникот
unwritten

Бело цветче
 
1012
Мислења: 55
Зачленет: 31 Мај 2011, 19:19
" I am nothing special. Just a common man with common thoughts. There are no monuments dedicated to me and my name will soon be forgotten, but I've loved another with all my heart and soul, and to me, this has always been enough. "

Мислење 28 Авг 2012, 18:51

Значи за да се дијагностицира епилепсија треба да се направи електроенцефалографија ЕЕГ ( безболен неизвазивен метод) ништо страшно и не е штетно, така да бидејќи и јас имав една другарка која имала напади скоро отсекогаш а дури во средно им текна на докторите да и ја снимаат главата и и дијагностицираа епилепсија јас препорачувам да си отиде девојчето на лекар на невролог и да виде што е проблемот оти и да не е епилепсија можеби е нешто друго, мислам сигурно не е ништо страшно ама сепак треба да се провери затоа што ете како што кажа ти паднала по скали и можела да повреди и ако не се спречат нападите може од пад да се повреди...
Аватар на корисникот
Sunday-Rose

Сино цветче
 
3619
Мислења: 292
Зачленет: 30 Дек 2010, 17:33
There's just too much that time cannot erase....

Мислење 17 Окт 2012, 19:09

По лекари сум веќе еден месец, ми се слошува од никаде во рок од 5 секунди, во тој момент само барам место некаде да седнам, зашо до сега само еднаш имам изгубено свест скроз. Стојам и ми се гади, ми се тресат рацете, осеќам некоја жештина во главата и почнуваат се повеќе и повеќе црни точки да ми се прават пред мене. Но ќе седнам ке ме шлапнат со вода и полека се смирувам. Ова ми се случуваше на некои 2,3 месеци само, а сега овие последни 2 месеци ми се случи 5,6 пати. Бев на лекар крвна слика напраив, добра е. Срцето добро ми е. И сега пред 2 дена правев ЕЕГ и вчера ги земав резултатите. Бев со резултатите кај неврологот, имам бавни но остри бранови во мозокот. Ја потпрашував да ми објасни што како, но ми рече ајде прво да направиме и магнетна за да се осигураме и ми напиша упат за магнетна... поима немав за што збори и ги земав резултатите и отидов кај матичната. На упатот пишува снимање за: MNR на мозокот до (неможам да разберам, докторски ракопис...) за епилепсија. Матичната ми објасни дека тие остри бранови може да се од нервоза, некое хормонско пореметување или пак знаци за епилепсија. Имало многу видови епилепсија, со упатот за на магнетна ке се осигураме дали стварно е тоа.... иначе ми препишаа веќе ламал и почнав да ги пијам вчера. Дали симптомиве мои би можеле да се знак за епилепсија? :/
Аватар на корисникот
MinaHope

Фем почетничка
 
00
Мислења: 7
Зачленет: 08 Окт 2012, 02:01

Мислење 17 Окт 2012, 19:19

Има знаци на абсенс (посебен вид на напад, каде нема класични знаци, туку болниот нагло ја прекинува активноста, свеста може а и немора да се изгуби, а активноста по прекинувањето на нападот продолжува како ништо да не било). За време на ваквиот напад погледот е вкочанет, безизразен, вилиците се стиснати и пропратен е со треперење.
Ако не дај Боже дијагнозата е епилепсија, ќе си ги пиеш апчињата редовно (Ламалот патем се многу добри, многу ги редуцираат нападите, само на неколку годишно). Дозата би ти ја одредиле во зависност од типот и честотата на нападите.
Само не мора да значи дека ова е епилепсија. Еден напад не значи дека ја имаш.
Аватар на корисникот
thinkerbell

Жолто цветче
 
54663787
Мислења: 1284
Зачленет: 20 Ное 2010, 14:06
Локација: Далеку од тука
Divinum est sedare dolorem...

Мислење 18 Окт 2012, 01:09

thinkerbell напиша:Има знаци на абсенс (посебен вид на напад, каде нема класични знаци, туку болниот нагло ја прекинува активноста, свеста може а и немора да се изгуби, а активноста по прекинувањето на нападот продолжува како ништо да не било). За време на ваквиот напад погледот е вкочанет, безизразен, вилиците се стиснати и пропратен е со треперење.
Ако не дај Боже дијагнозата е епилепсија, ќе си ги пиеш апчињата редовно (Ламалот патем се многу добри, многу ги редуцираат нападите, само на неколку годишно). Дозата би ти ја одредиле во зависност од типот и честотата на нападите.
Само не мора да значи дека ова е епилепсија. Еден напад не значи дека ја имаш.

Ќе видиме на резултатите од магнетна. Од кога се онесвестив пазам... осеќам кога ми доаѓа тоа лошото. Ми се слошува одеднаш и веќе тука не регистирам, гледам да седнам само некаде. На пивофест бев и во гужвата ми се слоши и седнав доле на земја, зашо немаше каде и ми се смирува полека. На автобуска еднаш така ми се слоши, се изгубив цела ама не паднав другарка ме носеше за рака да седнам некаде, зашо од шо имав црни светкави точки пред мене, не гледав каде одам...
Аватар на корисникот
MinaHope

Фем почетничка
 
00
Мислења: 7
Зачленет: 08 Окт 2012, 02:01

Мислење 11 Дек 2012, 02:08

Веќе еден месец сум на политерапија и единственото нешто што не ми се допаѓа е што пијам 5 таблети на ден вкупно. Нападите се редуцирани, но не мислите ли дека е премногу?
Аватар на корисникот
Aurelia-Aurita

Бело цветче
 
3931
Мислења: 53
Зачленет: 13 Јул 2010, 21:42
Curiosity killed the cat, but for a while i was a suspect...

Мислење 05 Јан 2013, 21:58

имам и јас близок случај на епилепсија конкретно апсанса ако има некој информации за неа нека пише
имено првите 15 дена пиеше 1/2 апче наутро и 1 навецер нападите се изредчија но не изчезнаа после тоа по препорака на лекар почна 1наутро и 1навечер и нападите скроз исчезна еве веке 3 цели години како нема напад а терапијата е усте иста па на наредната контрола за 2недели очекувам дека ке се намали терапијата
Аватар на корисникот
eva11

Жолто цветче
 
678208
Мислења: 1855
Зачленет: 23 Јун 2011, 00:34

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: babybubu, Marie.m и 23 гости