1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Класична терапија нема бидејки се работи за вирусно заболување.
    Земај огромни дози на витамини и антивирусни суплементи-Најмалку Ц 2000мг дневно,Цинк и Селен обавезно секој ден,Б комплекс и фолна киселина,Бета каротен.Мислам дека во Еурофарм имаше еден сируп-Имунокомплекс,ги содржи сите суплементи плус антиоксиданти,знам го препорачуваат.
    Сепак и покрај се земи си и антивирусни додатоци како:Алое Вера гел или капсулки,потоа постојат во Зегин ампули од три вида печурки-Шитаке,Митаке и Реиши, се пијат по една на ден и одлични се за вирусни заболувања,а ако можеш да си дозволиш и Бета глукан но тој е поскап.
    Зелен чај обавезно секој ден,а за овошје и зеленчук си знаеш.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Ти благодарам многу! А лично твое мислење за ситуацијава, како може на пап ништо да не покажува а вирусите си стојат упорно? До сега пиев многу витамини и внимавав да ги внесувам преку храна, па мислам дека тоа е причината за да не премине во Цин или пак грешам...
     
  3. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Значи вака,
    Папот покажува предканцерогени промени на ткивото(најчесто предизвикани од некој ХПВ)кои подоцна можат да преминат во канцерогени.Најверојатно во твојот случај нема такви ткивни промени-фала богу и покрај присуството на некој вид ХПВ и овој овој случај тоа е супер.Најверојатно организмот со својот имунитет не дозволил да се случи тоа.
    Значи не мора ако е типизиран некој ХПВ автоматски да имаш и лош Пап,уште подобро што немаш ,продолжи со јака витаминска терапија да го победи организмот.Менувај ги витамините,не мора сите наеднаш.
    Друго прашање е веродостојноста на пап резултатите секогаш.Како е земан ,условите во кои е чуван примерокот и сл.Затоа штом ти е типизиран веќе видот и знаеш дека го имаш вирусот,почесто прави си пап.Имам слушнато пап земан на три места со различен резултат да излезе.Направи си наскоро пак да си си сигурна за секој случај.Поз
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    А зошто ако пап-от не покажал абнормалности, се правела типизација?
     
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Затоа што пред година дена ме гледаше прв пат на колпоскоп и виде раничка на грлото на матката. Јас побарав да се направат сите можни тестови бидејќи ме фати страв што се случува. Тогаш прв пат покажа дека има присуство на вируси ама не покажа на пап-от ништо. Од тогаш па навака постојано ги правам и пап-от и хпв-то, ама само вируси има, абнормалности никогаш не покажал.
    Гинекологов не ми дава ни терапија ни ништо, па јас почнав да гуглам и да барам чаре сама, бидејќи тој ми рече ќе чекаме, внесувај витамини, повеќе овошје и зеленчук и ке биде се во ред. Јас на своја рака земав витамини додатни (горе веќе наведени) и внимавав многу на исхраната. На следниот тест ми вика што доагаш толку често нема потреба. Викам па како нели ми рековте за 3-4 месеци пак да дојдам, а да да ок. Сега бев, после 7-8 месеци пак и ми вика што си чекала до сега? Што значи го менувам без размислување! Не се ни секава на мене, а уште потрагично е што секогаш си плаќам за пап тест приватно, бидејќи критична ми била состојбата, да не си играме (како што тој вели) и да не чекам месец ипол... Немам никаква доверба во човеков иако сум кај него веке 3-4 години... некако многу фушерајски ги прави работиве и нервоза без потребна ми прави при само влагање кај него во ординација...
    Не ми е само јасно.. колпоскопија не предложи да се прави, што сметате вие да одам да барам јас (критична е состојбава стварно) или пак да пробам 3 месеци со сите овие таблети па после се да направам повторно? Збунета сум искрено, страв ми е на крај да не искочи оп цин 2 од нигде и никаде...
    П.С. Имунитетот ми е катастрофа, постојано сум изложена на стрес и мислам дека се ова се случува само поради нервоза...
     
  6. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Не е страшно,не се нервирај и намали со стресот.Пак ќе кажам добро е што папот не покажува ништо,-“вирусни промени“ не е толку страшно,дотолку повеќе што се случува да покаже така на пап а на типизација дури да нема никаков вирус.Исто така мала раничка видена на копоскопија не значи автоматки цин.Редовно правење на Пап ти е најсигурен начин да водиш контрола,а гледам си правела често.Прави си на секои 3-4 месеци да си си сигурна,барај си сама.Ако не ти оди со овој смени си го гинекологот,чисто да си информирана за се што те интересира.За колпоскопија,прави си еднаш годишно,чисто да ја следиш раничката.По ова што го прочитав не е страшно,но мораш да не се изложуваш на стрес,стварно влијае на имунитетот и удри му ударна доза со јаки витаминчиња,ке се среди,ке видиш.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски

    И верувај најмногу се случува од нервоза и стрес!
    Цин 1 го има секоја втора девојка, не е страшно само навистина џабе би внесувала секакви витамини , прво мора да го намалиш стресот.
    Ти предлагам ако си од Скопје да отидеш во Лептокарија во ЗЛАТНА ПЧЕЛА, и да купиш АПИСЕПТ.
    Тоа се апчиња уствари за лижење, ама се користат како вагиналети за цин. Само што ќе ги побараш внатре, жената веднаш сама ќе те праша :"Имаш цин, хпв?" :D И едно пола сат ќе ти објаснува што е и како е, стварно е супер жената. Можеле да се користат и за кандида, на природна база биле.
    193 денари се, и има 24 таблетки, се ставаат вагинално 2 во една вечер, ама прво кратко ќе ги потопиш во вода, неколку секунди. (зошто многу се тврди, да не те боли).
    И исто така кажа дека треба 3 паковања да се искористат.
    Нема ни Ц од цин повеќе да имаш!!
    И за крај, смени го гинекологот.
     
    На Mishela и rakce69 им се допаѓа ова.
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Прво огромно благодарам за издвоеното време да ми ги напишете овие реферати! Ми помогнавте многу, ми го смиривте мозокот! :) :) :)

    Денес купив: Бета каротен, Б комплекс, Фолна, Мултивитамини шумечи, пастили Ехинацеа, Цинк таблети, Шитаке, Ресерватол, Мултивитамини и минерали таблети и Ц витамин.
    Ми остана матичен млеч таблетки само да купам!
    Од понеделник почнувам со се ова и секој ден ке јадам по 2 кг овошје и зеленчук кое и така го конзумирам многу! Се надевам на одлични резултати за 3 месеци.

    Ви благодарам уште еднаш!!! :* за сите!
     
  9. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем, само што се вратив од гинеколог.

    Пред два месеца правев два пап теста, еден во ману, другиот гинекологот го правеше. На пап тестот немав ништо, а имав некоја раничка. Денеска бев на гинеколог и ми рече дека може имам ХПВ. Ми направи типизација за да бидеме сигурни дека не е ХПВ. Ми ја острани раничката и рече дека не би требало да е нешто сериозно ама тој морал да биде сигурен.

    Не ми е јасно како може на два пап теста покажува чисто, а јас ја имам таа раничка. Мн се исплашив, не знам како стигнав до работа. Се надевам дека не е ништо сериозно, додека стигнат резултатите мислам дека ќе умрам :worried:
     
  10. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Девојки еве на кратко ке го раскажам моето искуство со HPV - мапеве. Пред две години си отидов онака на рутинска контрола на гинеколог (ПЗУ Мама), на ехо и колпоскопија се излезе во ред, но на ПАП тестот излезе дека имам кандида и беше заокружено бенингни промени што асоцираат на вирусни инфекции и со пенкало тетката од патологија си допишала ХПВ (хуман папилома вирус). Кога ми соопшти сестрата (по телефон :envy: ) Ало, добар ден имате ХПВ, буквално се онесвестив.
    Отидов на консултација кај докторката и ми рече може е ХПВ можеби и не :?: уште толку се збунив. Ми рече да одам на контрола за 6 месеци и во меѓувреме ми ја даде онаа листата со 1234125345 препарати за имунитет.
    Тогаш ставав Polygynax вагиналети, пиев фолна од 5 мг едно кутивче, олигогал Sе и вит.Ц 1000. Пиев и чаеви, зелен чај , чај од магданос, почнав да јадам повеќе салати и овошје.
    После една година случајно забележав мал израсток како брадавица кај анусот и скроз испаничив, одма закажав преглед. Докторката ми кажа дека тоа не било ништо, било обичен кожен израсток, ама на колпоскопскиот преглед забележа раничка, кажа може да е нешто може и да е ништо, да ги чекаме резултатите од ПАП-от.
    После една недела вечност ми стигнаа резултати од пап-от и за жива среќа имам само бактериска инфекција за која ми препиша Доксициклин.
    Во врска со кожниот израсток земав спреј Глициген од Зегин, и ми се повлече за една недела.
    Мој совет е да не паничите, јас бев спремна да одам и на второ мислење, ма ако треба и на трето, зашто не значи дека секој израсток е кондилома од ХПВ или секоја раничка е ЦИН! Поздрав, имајте убав ден и јадете салати :* :hai:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Дали некоја имала хпв 52, дали и како го излекувала овА?
     
  12. anja33

    anja33 Нов член

    Се зачлени на:
    28 септември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите очигледно сите имаме проблеми со овие кондиломи и хпв па можеби сите заедно ке си помогнеме да се решиме од овај вирус. Јас забележав пред три недели како брадавички околу вагината кај усничките од двете страни и отидов на гинеколог. Др одма ми кажа дека се кондиломи а при прегледот ми кажа дека имам и внатре тоа уште толку ме стресе се уплашив па уште кога ми кажа дека тешко се лечат и слично ке се онесвестев. Ми ја спомна Аладара кремата како најефикасен лек за кондиломите но била околу 100 евра и ми предложи прво да пробаме со глизиген спреј за надворешните кондиломи бидејки не можело внатрешно да се прска а сега читам на форумот дека неко од вас го користеле и внатрешно мене за внатрешно ми кажа да земам глизиген гел за интимна нега па со него се мијам неколку пати на ден а со глизигенот спрејот ми кажа да се прскам 6-8 пати на ден и ми даде вагиналети вагисан од др wolff и да земам витамини ц, бета каротен за имунитет, но како што читав си купив и б комплекс со фолна киселина селен и цинк и плус магнезиум директ прашак и јадам овошје и зеленчук цедам сокови на соковникот и по цели денови со тоа се занимавам ми се смачи вејке од витамини пази ова пази она :sweat: а за пап тест ми кажа дека е рано да правиме бидејки ке покажело промени прво д се зајачам па потоа и ми кажа по месец и пол да одам на контрола мегутоа две недели поминаа а спрејот ми заврши а до контролата има уште месец па не знам дали да земам уште еден. Но како што читав некои кондиломите ги остраниле со јаболкова киселина и имало доста голем ефект се натопувало на памук јаболкова киселина и се оставало на кондиломите на стои околу 8 саати потоа некој сат пауза и пак истото па сакам да почнам да видам дали на тој начин нешто ке се подобри бидејки тпа е природно и не верувам дека ке има некој негативен ефект. А за овие две недели додека се прскам со спрејот нема некој ефект само гледам како некој од кондиломите да се засушуваат по малку но нема некој ефект дали е рано или не знам што да правам вејке само таму ми е паметот и ми е страв од полошо како цин и слично под стрес сум цело време а знам дека стр4есот е најлошо нешто :( уште нешто сакам да ве прашам за wartek кремата каде можам да ја најдам бидејки читам дека ја немало во грција исто и од неа се задоволни и мн е поевтина од алдарата а мене таа крема докторката не ми е спомна.Што мислите за јаболковата киселина дали да почнам?? Молам за совет помош а некаде читав дека некој ги отстраниле со алкохолен отцет и пагале кондиломите се чувало околу 5-10 мин но мене ми е страв со тоа сакам прво да пробам со јаболковата киселина ве молам за помошшш
     
  13. noname35

    noname35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    Здраво девојки. Сакам да ве прашам за совет. Дали некоја е имала проблем со хпв, се излечила и сега има деца ? Ви благодарам однапред.
     
  14. noname35

    noname35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    Здраво девојки. Сакам да споделам и јас пола од моето искуство, бар досега со ХПВ. Вчера дознав дека иам високоризичен 16 и 59. Се преплашив до коска. Докторката ми препорача цинко таблетки, селен, матичен млеч и спреј глициген. Кажа дека не е ништо страшно но ова лекување си бара време и повеќе финансии. Би сакала да знам отприлика како се движат цените на овие продукти и малку инспирација од оние што веќе поминале низ ова секако..
    Ви благодарам однапред и Ви посакувам многу здравје! :hug:
     
    На Simona809 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    кај мене се изолирани три високо ризични типови...се преплашив до смрт!!!за среќа без цин промени. одма отидов на гинеколог ми даде да пијам Г 132 6месеци.покрај тоа јас си земам цинк селен фолна и ц витамин.а пијам и рибино масло. не знам како ке ги издржам овие месеци си направив 300 филмови. докторот рече ако не помине раничката ќе ја третираме ласерски....
     
  16. mecence987

    mecence987 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    здраво
    ја сум нова на форумов,и сакам да прашам,доколку некој имал слично искуство,
    пред 5 месеци на пап тестот показа цин 1 и бев на типизација каде сто резултатите ми беа позитивни и имав ниско ризичен тип.пред 2 недели бев на контрола но сега не бев кај мојот матичен туку на приватно резултатите ми покажаа цин 2,денеска направив биопсија и ке чекам резултати,сакав да прашам дали имал некој слично искуство.што се случува понатаму,
     
  17. Marijalea1

    Marijalea1 Нов член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Јас сум нова на форумов. Сакам да прашам за совет. Мене пред неполна година ми најдоа хпв нискоризичен 6 и високо ризичен 39.. Од нискоризичниот ми се појави една кондилома која веднаш ја одстранив. Но на последниот преглед увидовме таа сеуште е присутна. Докторот рече дека типот 6 не е страшен..за разлика од другиот тип 39 кој го имам но не е активиран. Кажете ми конкретно нешто повеќе за типот 39 и начинот на лекување....
    Благодарам многу
     
  18. cvetcetea

    cvetcetea Нов член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo jas pred nekoj den gi dobiv rezultatite hpv tipizacija pravev poso mi najdoa lani za vreme na bremenost i sega mi stignaa rezultatite od tipizacija mi najdoa visoko rizicen HPV 52 i 59 a papot uste ne e gotov dali toa znaci deka imam rak mnogu se plasam ve molam ako nekoj znae neka mi pise
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    Не значи дека имаш рак, значи дека имаш вирус кој треба да го третираш, т.е да му се посветиш. Да се храниш здраво и да живееш здраво, да одиш на контрола на 6 месеци и максимално да внимаваш за имунитетот. Пролистај низ темава, пишав и јас дека имав ХПВ високоризичен, дека со помош на мајка ми и здрава храна и живеење, за 3 години исчезна, ама мора постојано да се борам против можноста да ссе појави пак. Битно е да се има добар иммунитет. Не пијте вештачки витамини, јадетер здраво и немојте да бидете на диети во кои нема асално јадење.
     
    На simoncelicius и joy1 им се допаѓа ова.
  20. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    363
    Jas podolgo vreme imam kondilomi I gi goram veke od noemvri so azot ama be se povlekuvaat samo novi I novi :/