ТЕМА: Инхалатор

Мислење 18 Дек 2012, 10:08

Лео-н-тина таа дијагноза е потребна за да се рефундираат парите, но во Зегин синоќа прашав и во нивните аптеки немало таква можност, без разлика на дијагнозата.
Јас малата ја инхалирам како и ние што правиме, со постојано држење на маската на лице. Незнам како поинаку би се извело тоа, зошто понекогаш и тоа е мачно.
А штом д-р ти препорачал, тогаш сигурно е во ред да правиш класична инхалација.
Мене кога ми кажа д-р дека може да ја инхалирам, не ми напомена начин или нешто слично , само ми кажа на дозата да внимавам.
Аватар на корисникот
meU

Жолто цветче
 
29141324
Мислења: 2648
Зачленет: 22 Ное 2010, 14:03
Слика
Слика

Мислење 18 Дек 2012, 11:50

Јас имам земено инхалатор од Цептер и ептен сум задоволна од него. Да, скап е, околу 200 евра, ама за него има овластен сервис, гаранција и резервни делови. Јас кога барав инхалатор пред неколку години немаше баш некој избор на инхалатори, а мене тогаш ептен ми се брзаше.
Сега кога и да почне ќерка ми да кашла или пак кога и е затнат носот одма почнуваме со инхалации, со физиолошки раствор само, а ако има и опструкции и со вентолин капки за инхалација (ова со препорака на доктор и после преглед).
Еве на пр. во петокот ја земав ќерка ми цела затната и со страшна кашлица од градинка, ја инхалирав викендот по два пати на ден и вчера веќе не кашлаше. Носот и тече, после инхалација посебно и се растекува. Капки за нос не знам од кога и немам ставено, а ни сируп за кашлица и немам дадено.
Јас го користам и за себе и навистина ми помага.
Аватар на корисникот
babymama

Сино цветче
 
208184
Мислења: 438
Зачленет: 28 Јун 2012, 07:26
Локација: наваму-натаму
Being a mother is the highest salaried job, since the payment is PURE LOVE.

Мислење 29 Јан 2013, 01:32

И јас да се приклучам кон разговорот во темава пошто имам доста искуство кога станува збор за инхалирањето, значи подолг период се инхалиравме со Пулмикорт, еве и периодов повторно ни ги вклучија инхалациите.

Инхалаторот е наменет само за една личност да го користи.
Значи немојте да позајмувате инхалатори од комшии, пријатели, роднини, немојте да го давате вашиот инхалатор друг да го употребува.
Ова е препорака од доктори од Козле!

Ние го имавме земено првиот инхалатор за син ми, ама поради тоа што неколку пати се случи сопругот да мора да го користи (со Дексаметазон), купивме нов инхалатор, после препораката на д-р во Козле дека еден ист инхалатор не треба да го користат повеќе личности.

Џебе вриење, миење со детергент, кога лекот оди не само во чашката, маската, туку и во цревото за воздухот што е.

И двата ги земавме од Зегин, околу 2900 денари беа. Едниот е подолгнавест, другиот е потесен.
Слика

EДИТ за инхалатор на товар на ФЗОМ потребно е конзилијарно мислење (од три д-ри).
http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=51F55603108635498A1908457B815895
Инхалатор со распрскувач е наменето исклучиво за деца до 18 годишна
возраст кои имаат историја на хронична респираторна болест, астма,
бронхиектазија, друга хронична пулмонална болест

Извор: Инфо Билтен на ФЗОМ
Аватар на корисникот
rainlover

Зелено цветче
 
580478
Мислења: 969
Зачленет: 23 Јун 2010, 21:59

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: 30041990, LaLemon и 39 гости