
peperutka85 напиша:Имам 25 години, пред 9 месеци се направив лапараскопска операција на жолчката, и не беше ништо страшно како што мислев. Болките и проблемите ги трпев скоро 2 години, пиев наразлични бабини лекови, чаеви, и што уште не пробав. Дури бев и до едно Прилепско село кај една жена што демек давала лек за исфрлање на камења во жолчката... може на некој помогнала ама на мене не, па отидов и кај друга жена во Ѓорче и таму пиев некоја течност што беше гадна.... Со надеж ај да пробам и тоа да не ми помогне но освен што потрошив илјадници денари за се што се напив и пробав немаше никаков ефект пак повторно јас секоја втора вечер одев на дежурен на инекција. Се додека не собрав храброст и отидов по старо во воена болница или по ново гратска болница кај доктор што извршува операции за жолчки, му кажав што проблем имам, и што се не сум се напила и кај сум била, освен што ми се изнамеа отпосле ми објасни се, што е жолчка, што функција има, и колкви се каналите од жолчката до другите органи. Сватив дека нема шанси од тие канили камен да помине, освен да дојде до каналот и да го затвори и да предизвика многу поголем проблем. Ми закажаа термин отидов во четврток одма другиот ден во петок сабајле ме направија операција и после 4 дена ме пуштија дома.... Повеќе немам проблеми, среќна сум повеќе не се плашам ако каснам чоколадо дека ќе добијам напад од болка, нема повеќе инекции и посети на дежурен лекар.. освен што сега се пазам на исхраната ама од друга страна е добро зошто водам здрав начин на исхрана, нема веќе мрсни меса, хамбургери, и нездрава храна што порано ја конзумирав. СОВЕТ до сите што имаат ваков проблем, не одете на места слични или пак исти кај што бев јас, не трошете пари за најразлични чаеви нема од тоа НИКАКОВ ама баш НИКАКОВ ефект, само операција и уживајте во понатамошниот живот![]()
![]()

Врати се на Здравствени проблеми
Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Google [Bot] и 16 гости