1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кандида

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од malaaa, 22 декември 2009.

  1. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526

    Здраво Topce25,

    јас ставав лик на коста за да не ми паѓа и да ми се згусне(има мн добар ефект), ама многу мириса особено кога се бањав од водата или пак ако ме фатеѓе дозд, ама многу мирисаѓе. Е сега сакам да те праѓам, бидејќи вагината е постојано влажна дали многу мириса на лук. А исто така, и кога престанав да ствам лук на главата уште 6 месеци подоцна коста кога ќе ја измокрев ми мираше на лук. Те молам да ми го казес твоето искуство со миризбата ;)
     
  2. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Кикица19 исто и јас бев на гинеколог зошто на дечко ми му се појавија тие црвени топчиња на пенисот и ми кажаа дека е кандида. Дури и бело прање неколку пати имаше останато на кондомот иако јас мислев дека ми е од едни апчиња. Гинекологот ми кажа јас и дечко ми да испиеме по една капсула Флуконазол (5-10ден била капсулата у аптека) и он да си се пази најнормално а јас една недела да ставам Гинодактанол вагиналети. За односи не знам, уште не сум почнала со вагиналетите, па се надевам дека некои феминки тука ќе ни помогнат ооколу тоа, се надевам јас колку-толку ти бев од корист
     
  3. ripcence

    ripcence Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    i dvete se koristat od vaginaletkite 3 dena navecer a od masta sekoj den na izmieno cisto se nanesuva,pij caevi i jogurt zemi si b-compleks i c vitamin ...kandidata jaa imame site vo organizmot samo sto koga se namaluva imunitetot taaa napaga i e zastapena vo pogolem procent..moras da go zgolemis imunitetot....taa terapija so apcinjata mozes da ja povtoris dokolku pak ti se pojavi
     
  4. topce25

    topce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    48
    Незнам сега дали ме зезаш со прашањево или :^)
    Ама сепак,нормално е дека мириса ама утредента со миење и со самопроцистување на ваг... го снемува тој мирис...во секој слуцај ништо страшно
     
  5. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки... Имам еден голем проблем...Ми даде гинекологот маст канестен и ми рече да се мијам со камилица...Но еве 2 недели има и некој ден повеќе и се уште не ми е целосно помината уште цувствувам пецканје и чешање...кажете ако знаете како да ми помине побрзо..немозам појќе да издржам..многу ми е незгодно..неможам ни на тренинг да одам :( помош ве молам итно ми е :(
     
  6. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Значи вака голем е бројот на жените кои патат од оваа досадна бактерија.Ама сепак за среќа не е опасна и може да се третира со наједноставни лекови така да кажам.Значи и јас имам кандида ама јас не смеам ништо да пијам ниту да се мачкам затоа што се уште го дојам моето дете.Ама гинекологот ми рече дека можам да се мијам со сода и млака вода.Значи ќе раствориш една кесичка сода во 1,5 мл шише со млака вода.Прво ќе се измиеш убаво со некој гел за интимна нега јас го користам овој од орифлеим и многу ми е добар и после ке се измиеш со растворот од сода и млака вода.И тоа нема да го плакеш.Така барем еднаш неделно и ќе видиш дека ќе има подобрување.Јас така некое време се миев и ми помина без никакви вагиналети и маст.
    [​IMG]
    Е ова е тој гел за интимна нега мене искрено многу ми понесува ептен е добар и не ствара иритации
     
  7. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    ^
    ГАБА, кандидата е габична инфекција.
    Не ја мешајте со бактериска инфекција, антибиотик тука во никој случај не би помогнал туку напротив антиобиотиците можат да предизвикаат пореметување на нормалната флора и појава на кандида. Кандидата нормално ја имаме во организмот но при поволни за неа услови си се размножува и ги дава овие симптоми.
    И во овој случај не се препорачува промивки со никакви интимни гелови бидејќи така уште повеќе се нарушува вагиналната флора ниту користење на парфимирани влошки.

    Дури гинеколозите советуваат миењето на интимата да е исклучиво со ВОДА без никакви сапуни и гелови.

    Може да се прави промивка со камилица и вода со сода бикарбона тоа повеќе како превентивно.

    Кога веќе е појавена тоа е знак дека е намален имунитетот во организмот и треба да се појача имунитетот, да се избегнува благо, леб кандидата се храни со јаглехидратите.

    Потребни се пробиотици како јогуртот, или пак во вид на вагиналети како што некој спомна погоре linex lady.
    Канестен вагиналети и крема, Лилит имаше постирано за успешно лекување со вагиналети домашно направени од кокосово масло па со оглед на тоа дека има антифунгоцидно дејство (против габи) може да се испроба.
     
    На bubamara12345 и Spidy им се допаѓа ова.
  8. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Па штознам мене ставрно ми помогна и немам сега веќе проблеми може и од содата а и од тоа што навистина внимавам на исхраната не внесувам во последно време воопшто леб а и го намалив ептен благото.А исто пијам и мноооогу јогурт.Но навистина мислев дека е бактерија таму на наодот што го имаше од пап тестот пишуваше пронајдена е бактерија и после кога отидов кај гинекологот тој ми рече дека имам Kandida albicans.Затоа си помислив така,ама да дефинитивно и тој ми рече да внимавам посебно на исхраната.
     
  9. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу баш ке пробам со сода и млака вода :/ уште тоа ми преостана да пробам :*
     
  10. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Девојки се мачам и јас со оваа кандида, сега се измив со сода бикрабона и млака вода, а синоќа ставив памук натопен со јогурт внатрешно. Читав дека и тоа помага за кандидата ... но сега откако с еизмив се намачкав со канестен... ме пече, пецка баш она како да чеша ... е сега решив оваа вечер да пробам со лук, па после неколку вечери ке ви пишам што биднало .. Инаку треба сега да ми дојде циклусот а баш минатиот месец приметив дека пред да ми дојде, јас оваа кандида пак ја имав ... но штом ми заврши циклусот , и кандидата исчезна , да не е нешто и тоа поврзано ?
    Инаку утрово правев тест за кандида со чаша вода и баш така испадна како што пишуваше како да провериш дали имаш кандида ,, се уверив сега точно за неа се работи ( по што имав некој сомнежи ) .. Но ме нервира .. Јогуртото еднаш ми помогна , се надевам и овој пат ке помогне, лека нок :)
     
  11. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако пред да ти дојде ти е зголемена количината на секретот дека имаш кандида. Според мене и што имам читано дека во периодот на плодни денови и пред менструација секретот е зголемен. Барем кај мене е така. Само што кај мене пред да ми дојде имам секрет и во плодни денови и не осеќам ниту чешање ниту пецкање. Немам кандида, бидејќи на микробиолошките брисеви од пред 2 месеци не покажа. А и си најдов начин сама како да си ја искоренам. Претходно не можев глава да дигнам од неа. Не јадам благо, овошје конзумирам но во одредени количини и пијам Б комплекс. Мене тоа ми помага. Јогуртот помага и содата, но не ти препорачувам ден за ден да применуваш вакви работи. Еден ден јогурт, утре канестен, трет ден лук. Не дај боже може проблеми да си направиш. Најдобро оди на гинеколог. А и тоа со лукот некако ми е чудно. Јас еве никогаш не би се осудила да ставам лук внатре. Има вагиналети кои што се на природна база како што се гинексот. Доколку имаш кандида на микробиолошките брисеви ќе покаже.
     
  12. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Сега не сум во можност дa отидам на гинеколог, но штом стигнам дома секако дека ќе одам . Инаку откако ми дојде циклусот кандидата исчезна, јас веќе долго време се мачам со неа, и верувај дека не ми е воопшто лесно , ни мене а ни оние девојки кои повеќе време ја имат , значи незборам јас дека една вечер сум ставила лук, друга јогурт а трета канестен , сето тоа го правам помегу 3 , 4 денови , ама по што сега добив секако дека не ставам ништо, по шо ја нема и кандидата. А баш си приметив и минатиот месец, пред да ми дојде ми се појави кандидата , сега истото, но исчезна... Сепак јас ке одам на гинеколог и ке правам тестови . Само ме интересира за колку време се добиваат резултатите ? По што сум ограничена со време ?
     
  13. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Доколку испитувањата ги правиш на приватно, за микробиолошки брисеви се чека два дена. За пап тест најмногу една недела.
    Инаку, во врска со кандидата, јас лично би препорачала задолжително истовремено лекување и на двата партнери, најпрво со Флуконазол, кој може да се купи од секоја аптека, и секако апстинирање од секс додека трае терапијата. Потоа, користење на вагиналети и крем за надворешна употреба, мене ми помогнале Канестен вагиналетите и кремот, измивање со чај од камилица, да се пие повеќе јогурт, да се намали внесувањето на благо и секако, да се намали стресот.
    Исто така, да се носат памучни гакички извриени во машина за перење на 90 степени, да се избегнуваат премногу тесни фармерки и панталони, гелови за интимна хигиена и други сапуни, летно време да се избегнува да се седи со мокри купачи подолго време.
     
    На lovely-girl и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Некоја крема за инфекција на вагината?
     
  15. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Канестен крема, во случај ако се работи за кандида.
     
  16. malangel

    malangel Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Гледам дека повеќето тука користат канестен за лечење на кандидата, мене пак на гинеколог ми ги препишаа микорил кремата и вагиналетките, првиот пат за една недела ми помина, а сега повторно ми се појави па си викам да пробам само со кремата да видам дали ќе има ефект ако не ќе ги купам и вагиналетките. ме интересира само дали има некоја поолема разлика меѓу овие две креми?
     
  17. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам користено кремата канестен 3 со апликатор и вагиналетите канестен 3 и искрено немав некои ефекти. Проблемот со кандидата го решив со начинот на исхрана и сега ми е супер. Благо избегнувам, скоро и не јадам, газирани сокови не пијам, секој ден пијам витамин Ц и неуробион, си цедам сок од лимон и цитрон и ми е супер. Пред да ми доаѓа и за време на плодни денови имам исцедок но ептен малце. Позз
     
  18. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10

    Ефикасна е и таа крема, јас ја имам пробано, но многу одамна. Претпоставувам дека имаат ист состав и Канестенот и Микорилот, но не би знаела нешто повеќе да ти кажам.
    Со кремата, кандидата се лекува само надворешно, така да би било убаво да ги земеш и вагиналетите.
    :)
     
  19. malangel

    malangel Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Штом е така ќе ставам и од таблетките, ви благодарам... Инаку и јас го одбегнувам благото, пијам секојдневно јогурт или кисело млеко јадам, но еве ова ми е втор пат како ми се појавува за 4 месеци...
     
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Прашање до оние што користеле, консумирале кокосово масло. Дали некогаш се навикнавте на неговиот вкус, не ви се подигаше од кога ќе ја сркневте лажичката? Како го земавте? Јас со месеци мака си мачам со кандидата, не доктори, не креми, не вагиналети, кантариони, камилици, соди бикарбони се пробав и последна надеж ми е кокосовото. Па и дечко ми го натерав да си купе, пошо и него му ја пренесов. Е сеа, он првиот ден ми се побуни малку ама го гледам тегличката ја намалува а јас не го можам, ама за габава стискам заби, мижам, ама некој ден мислам дека нема да се стиснам ќе повратам. Дали јас претерувам или да го мешам незнам у цеден сок, или лажичка кокос со лажичка мед. :^)