1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој дали сеуште се продаваат тие 6 месечните леќи и колку пари се? Инаку јас користам меки на Bausch&Lomb, по 700ден се.
     
  2. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Од која оптика ги земаш? Прв пат ќе земам леќи па сакам да пробам со некој певтини, од кај докторов кај што одам 2700 ми рече, а диоптеров ми е различен на двете очи.
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Само еден пар леќи се толку пари?

    Инаку 5 пара леќи од 6 месечните од истава фирма во оптиките со 3000 и нешто денари барем овде кај нас во градо :)
     
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    17.755
    Да, баш пред 2 дена земав во Бисер (Оптика Ели)

    Инаку 3 пара леќи во Бисер во трите оптики што ги знам барем јас цените беа од 1700-2000. Најефтини беа во Оптика Ели.


    *Да не испадне дека правам реклама или нешто, немам никаква врска со луѓево.
     
  5. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    За тие што прашуваат дали со леќи се забавува растот јас првата година кога почнав да носам леќи (12 год) после 1 година(13год) престана да ми расте диоптерот и тоа за време на пубертет...сметам дека е поради леќите..
    Инаку до сега одев во визија на контрола но ако има подобра болница кажете имам проблеми со очите во последно време
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    93.610
    Еве јас. Само што ми стигнаа леќите дома на врата, ги нарачав во средата вечер. Искрено, не ја знаев страната, ја видов тука, ама решив да пробам со оглед на тоа што во моето место оптичарите ме одраа за леќи пари давање. Air optix комплетот од 6 леќи го купував 4000 ден., а кога тука прочитав дека во оптика Ицо мислам беше се 2400ден. ми се стемни.
    Сега нарачав Bausch&Lomb, 1980ден. 6 леќи, па се надевам дека ок ќе ми реагираат очите и на нив.
     
  7. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    1 пар се 700ден инаку моите се исти и на двете очи, а ги земам од Dipotra, така се вика оптиката(не сум од Скопје и не сум сигурна дали има и таму) инаку мене ми препорачаа да земам од оптиката Елени од СК, ама неможам секој месец до Скопје да одам за едни леќи, а и никогаш не сум земала од таму и незнам какви се цените. Инаку тие на Bausch&Lomb се најпродорни меки леќи (така ми кажа докторката).
    Да, само 1 пар се 700ден. Инаку за 6месечните ми рекоа дека има само такви што ги ставаш и 6 месеци не ги вадиш, демек како за тие што не знаат да ракуваат со леќи биле наменети, а ти имаш искуство со такви леќи?
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Јас еден пар фрлив за 15 дена, втор пар за 13 дена, е памет за друг пат од една оптика ако се добри да не се менува. Овие некои со фабричка маана, после 15 дена се премногу суви, се лепат ептен за окото и матно гледам.
     
  9. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Постојат ли леќи да може да се купи само по една од нив? Прашањето ми е малку глупо ама сите што ги гледам леќи се или по три или по шест. Сега ми препишаа меку леќи ама со цилиндер (оние наменети за луѓе со асигатизам), со различен диоптер на двете очи. Сакам пред да почнам да купувам да испитам дали ми одговтараат, Затоа сакам да земам по една од двете. Е сега дали воопшто се продаваат како такви и колку отприлика чинат. И која марка се така поубави, нели со доволна пропустливост на кислород и не знам уште што. Со која течност ги чистите обично? Ајде ве молам за совети, зошто навистина сакам да имам и друга опција во животот освен наочарите.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Отиди во оптики распрашај се. Мене во една оптика во мојот град ми понудија еден по еден пар да ми нарачуваат. Сигруно ќе најдеш таква оптика што ќе ти понуди таква опција. Инаку за марка, тоа нели лекарот одредува?Мене ми ги препиша софлекс диспо биоторик и тие ги купувам. Придржувај се до она што лекар ти препишал. Ќе видиш со леќите може и раствор за чистење да има. Не купувај да не ти бидат два, а си имаат рок на употреба. Мене последниве неколку пати сосе леќи ми стига и раствор и ветачки солзи. Прво леќите добиј ги, па после раствор. Инаку јас Прокулин го користам, 310 денари е. Ем најефтин, ем најдобар. Тој со леќите што ми го дадоа за неполни шест месеци стана како вар, крстали имаше и го фрлив.
     
  11. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Растворот за леќи има употреба само 3 месеци од кога ќе почнеш да го користиш. Инаку за марката на леќите јас на своја рака си ги земав тие на Bauch&Lomb ама се покажаа доста добри(барем за мене). Јас кога бев на контрола тогаш сакав да носам полутврди леќи, а пред тоа имав користено меки само еднаш и затоа тогаш ми ги препорача докторката Boston леќите(полутврди) ама полутврдите се како стакло и потешки ми беа така да не земав полутврди и се вратив пак на меки, ама претходите што ми беа меки не ми беше точно измерен диоптерот и морав да ги фрлам, а не ни забележав која марка беа така да за Bauch&Lomb морав да експериментирам.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Мојот раствор на Прокулин е поголемо шише и има рок до 2016 година, а чини 310 денари. Тој со леќите шпански раствор што ми го дадоа многу брзо се расипа, а никаде немаше втиснат рок на употреба. Сега и кога ќе ми дадат сосе леќи, го фрлам тој раствор. Јас на двете очи имам различни диоптри, инаку сумк задоволна од Софлекс диспо биоторик. Ги носам 7 дена и после ги вадам, премивам и ги местам пак. Инаку сега имав проблеми некако неквалитетни ми се погодија цело пакување со 3 пара. Ама ќе се вратам пак во старата оптика да порачувам.
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Луѓе ми треба мала помош. Вчера додека ги носев леќите цел ден почнаа да ме печат очите и ми станаа многу црвени. Ги тргнав леќите бидејќи претпоставувам дека ме печее од што им поминал рокот за носење. Не ги носев ич тие ги фрлив си купив други но не ги ставив одма сакав прво да ми помине црвенилото.
    Денес кога станав видов дека повторно ми се црвени и намерно си носев наочари не ги ставив меѓутоа за вечер морам да ги носам и не знам сега што да правам се плашам да не ме пече или да не ми се вцрвени пак. Инаку само прокулин користев денес си ги чистев цел ден и сега не ми се толку црвени..
    Што препорачувате ?
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Го имам истиот проблем. Ставам леќи и едно 2 часа е во ред , а после тоа како перде да имам на очите.
    Користам Диспо. Оптичарот ми набавил нови за проба, попладне ќе ги земам па ќе видам како е и ќе ти пишам.
    Инаку кога носам леќи сабајле кога ќе станам очите ми се гурделави и залепени.
     
  15. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Изми ги очите со чај од камлица, мене тоа секогаш ми помага. Можеби имаш нешто во окото па затоа така да реагира на страно тело. Со камлица би требало да успее :)
     
  16. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25

    Ти гарантирам дека се работи за инфекција :( Најдобро намерен совет утре уште од сабајле посети доктор :) Дечко ми го имаше истиот случај :) Сигурно леќите ги носиш предолго време и не му оставаш простор на окото да "дише". Исто така можно и е да е од растворот Прокулин,на дечко ми му беше од него и плус тоа што ги носеше по цел ден леќите,барем така му кажа докторот. Некое време избегнувај да носиш леќи,одмарај ги очите и Прокулин растворот исто престани да го користиш бидејќи е штетен. :) Јас разбирам дека е најефтин,и немој да ме напаѓате дека се било до тоа колку вешто знаеш да го користиш. Значи НЕ! Никој доктор не го препорачува тој раствор,сите кажуваат дека можат да настанат многу компликации,од кои после ќе сносиш последици.
    И бтв: не ги ставај вечерва леќите,да не ти се влоши ситуацијата оди со наочари :) А утре посети доктор да те прегледа,бидејќи се работи за инфекција ќе ти преопрача капки кои што ќе треба некое време да ги користиш додека ти помине :)
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    НЕ ДЕКА Е НАЈЕФТИН, ЕВЕ ТОЈ ШТО МИ ГО ДАВААТ СО ЛЕЌИ МЕНЕ НЕ МИ ОДГОВАРА, ПА ДУРИ И МИ ПРЕЧИ. МЕНЕ ПРОКУЛИН МИ Е НАЈДОБАР.
     
  18. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека се работи за инфекција, не се добива инфекција така лесно. Мене стално ми се случува тоа кога навечер ме мрзи да ја извадам шминката понекогаш и ги вадам леќите кога имам шмина на очите и тоа се закачило нешто од римелот или креонот. Или пак влегло нешто во окото од шминката. Се чисти тоа со чај од камилица.
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Леќите се некои БИО ама 1 пар се 3000 денари :(
    Инаку супер се.
     
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Рамката од наочарите ми се излупи малце баш на делот над носот и приметливо е. Моментално не сум во можност да ја сменам, плус ќе морам нови стакла да правам, а комплицирани ми се бла бла.. Со што би можела да ја корегирам, некоја боја или слично? :?: