doktor-andrej напиша:контакните леќи се многу тешки за носење.
и ако лесно изгледа.
Од каде знаеш? Си носел?
Ако не си носел, некој ти кажал?
Од каде инфомрацијава?
Е многу се нервирам кога некој ќе напише нешто, без никаков аргумент, факт или од искуство.
Ако не знаеш не пишувај, или ако веќе пишуваш објасни.
А не вака, страв се ствара кај девојки што не носеле до сега, се заплашуваат.
Бог да чува!
Значи Look, ич да не се плашиш.
Првата недела додек да се навикне окото ќе ти биде малку чудно. После тоа гајле нема да имаш, не се ни чувстуваат.
За вадење и ставање е прелесно, ќе ти објасни докторот убаво и полека, ќе пробаш пред него неколку пати и ќе ти укаже ако правиш нешто како што не треба. После ќе ти стане рутина.
Верувај ми, носам леќи 7 години, знам што зборувам.
Ако нешто плус сакаш да знаеш, слободно прашај си.
