1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контактни леќи или очила?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OrdinaryGirl, 26 јуни 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Пред некој ден бев на очен доктор и ми одреди диоптер 0,5. Не е којзнае колку, ама чувствувам потешкотии кога ќе седнам пред телевизор (бидејќи е на поголемо растојание) или кога ќе чекам автобус затоа што не гледам на далеку. Си порачав наочари во Оптика и фрлив 6000 на рамки (затоа што биле Вог :^) ) Немам комплекси ако ги носам, убаво ми стојат, си купив и други „фенси“ рамки со цветови, со циркончиња и слично. Прашањето ми е дали некоја од вас има носено леќи и дали би ми препорачале да си набавам и леќи. Еден другар носи, ми ги пофали дека пофино му е со нив затоа што наочарите му го потеле лицето, вака така онака. Само што предност на наочарите е што не мора толку голема хигиена да се води за нив. За леќите требале посебни препарати да ги мачкаш, да ги вадиш пред бањање и спиење, да ги менуваш на секои 3-4 месеци и слично. Што би ми препорачале вие?

    (Барав ваква тема, ама не најдов, ако има - се извинувам)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    сестра ми носи леќи со години и мислам дека поубаво е леќи.точно е дека треба да се внимава на нив,не треба да се спие со нив,се мијат со раствор посебен и слично,но предноста е сепак поголема.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас носам леќи веќе 2 год. и супер ми е. Носам од тие што се менуваат на 2 месеци, значи спијам, не ги вадам секој ден пред спиење..туку ставам и ги менувам на 2 месеци. Сега има и леќи кои немораш секој ден да ги вадиш и ставаш и да ги миеш со посебни течности. Овие се органски и после одреден период се распаѓаат. Во случај да заборавиш да ги смениш ке приметиш сам , почнува да те како чеша окото и приметуваш дека веќе не гледаш добро, значи без диоптер си.
    Ова е малку поскапа варијанта за разлика од очила, затоа што годишно ти требаат околу 60-80 евра (зависи која марка на леќи купуваш). Во едно пакетче на леќи имаш 4 пара леќи кои ти траат за една година. А очила не купуваш секоја година, нели, туку купиш и носиш неколку години.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Да надополнам само дека секое око не може да истрпи леќи. Мајка ми работи на очно, јас исто носам очила и знам многу работи од оваа област. Можеш да пробаш, но мој совет, доколку не ти пречат очилата и немаш никакви комплекси со нивното носење, носи си ги ;)
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Благодарам на мислењата :) Листа на „за“ и „против“ аргументи има, истражував повеќе и на интернет, некои повеќе сакаат наочари, некои леќи, значи - се зависи до човекот. Овие наочари што ги земав имаат анти - рефлексни стакла, па убави ми се за пред компјутер. За среќа немам некој голем диоптер, па сепак ќе ги задржам, а којзнае, може еден ден ќе пробам и леќи ;)
     
  6. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Јас носам и наочари и леќи. Наочарите си ги носам за по дома, кога учам и гледам телевизија, додека леќите ,ми се за излегување. Леќите бараат доста поголемо внимание,хигиена пред се, јас каде и да одам си го носам к,утивчето со мене каде што се чуваат, бидејќи се случува нешто да влезе во око,или на било кој начин да ти засметаат и треба да се измијат.
    Иако носам леќи со кои можеш да спиеш, јас никогаш не го практикувам тоа, бидеќи сабајле се суши окото и ми е многу непријатно.Вака ми е навика секој ден, како миење заби,ми одзема пола минута ставањето така да немам проблем.
    Може да се суши окото исто така ако ги носиш подолго време, ама за тоа има специјални капки,вешптачки солзи ги викаат за навлажнување на окото.
    Леќите се дефинитивно покомплицирани за употреба,меѓутоа има и многу предности,поубаво изгледа,односно не носиш наочари,можеш слободно да вежбаш со нив, и сл.
    Ако има некои прашања слободно може да прашате.
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Носам очила и еден период многу ме нервираа па решив да ги заменам со леќи. Ептен ми беше тешко и покрај тоа што водев грижа и повеќе од доволно, ама ете моите очи не биле за леќи :) Од друга страна другарка ми која исто носи очила и се јави прогресија во диоптерот и и препорачаа да носи леќи и сега и е многу подобро. Кај сите е тоа индивидуално. Ординери Грл би ти препорачала без оглед дали ќе носиш леќи или очила да си ги носиш редовно (сепак за здравје се работи).
    Е сега имам едно прашање за Ординери Грл. Претпоставувам дека дури си бараше оквири ги помина сите Оптики, па ај пиши каде има убави и интересни модели и дали си видела негде од оние што се како на Супермен, црни, поголеми, пластични, не знам како да ги опишам поинаку.
    Се извинувам за офтопик. 8)
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Уф, да ти кажам искрено само во една Оптика бев. Од очен лекар директно таму и за 5 минути одбрав. Имаше нај најразлични модели, од шарени и џиџани, до дискретни и сериозни. Јас бев во една оптика што се наоѓа спроти Рамстор во кулите. Ама ако ти е само за рамки, побарај на пазар има и таму избор и гарантирам дека ќе ги најдеш за поефтини пари. Такви како што бараш не загледав, затоа што цел ѕид беше преполн со секакви рамки. Ако ти е во близина - помини, можеби има ;)
     
  9. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Јас носам наочари веќе многу долго време.Пред повеќе од година бев на очен лекар и ми кажаа дека под 18 години не даваат леќи :^) а јас бев така загреана дека ќе ми препишат леќи не за секој ден туку само за излегување,малку се разочарав ама за 8 месеци полнам 18 па ќе видиме :) инаку се работи за страбизам.Има ли некој со сличен проблем и да носи леќи?
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Како бе не даваат?! Нема шанси, баш прееска праев муабет со една комшика, 16 години има девојчево, носеше до сега наочари и сега во последно време ја гледам не носи. Ја прашав што е финтата и она ми рече дека леќи си земала, инаку носела 1,5 диоптер. Ми кажуваше и било тешко додека да научи да ги става и вади, малку и било језиво, а се друго и било океј.
     
  11. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    па ич незнам така ми рекоа на очен иначе јас носам поголем диоптер ама за 18 роденден можеби ќе биде :)
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    носам леќи од 15 години или 14, за полуматура си ги ставив, така што нема врска тоа со годините. Инаку подобро ми е со леќи, вистиниа хигиената мора да се оддржува на високо ниво, миење раце пред ставање , чистење бла бла...
    Јас носам полу меки , значи како пластични се, мека пластика, со диоптер и се менуваат на 2 години. Морав такви затоа што имам астигматизам и ги оддржувам со 3 течности и не е многу комплицирано. Тие мене најмногу ми одговараа, а за мали диоптери може меки леќи, тие како ќесички што се, со нив може да се спие , траат пократко ама многу го сушат окото. Прашај си што најмногу одговара, ќе ти препорачаат. Во скеој случај од старт одвои си 50 евра.
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Поголема глупост во животов немам слушнато. Или докторката е неписмена или те излажале.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.654
    Пол:
    Женски
    Преферирам очила. Не можам леќи, не сум ни помислила да ставам. Одвратна ми е и самата помисла на туѓо тело во око, а камоли навистина да брцам нешто во него. Убаво ми е со очилата, не сум имала проблеми, нонстоп ги носам уште од 5 одд. и веќе се навикнав. И секогаш си барам некои поразлични, интересни, шарени рамки, ама последните што си ги купив се поедноставни, поприбрани, за разлика од претходните. Веројатно до годините е :?: :lol:
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    па и јас по дома си ги преферирам наочарите. :) секогаш си ги носам со мене, за секој случај, затоа што ми се има случено да ми падне леќата и да не можам да ја вратам така нечиста во око. Инаку и јас порано си избирав рамки за очила такви шаренки, розеви. Сега овие што ги носам се коцкасти црни, мајка ми вика многу дипломатски делувале.
     
  16. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Носам леќи но козметички ,без диоптер онака џиџи миџи :D ..Имам и очила бидејќи кутрата јас ептен сум заќоравена,и немам створено навика да ги носам а знам дека морам пошто видот ми е ненормално оштетен .Сакам да прашам,како влијаат козметичките леќи на оштетениот вид,дали уште повеќе можат да ја влошат ситуацијата ? Btw леќите коа ќе ги ставев некако замаглено гледав,не цело време али одвреме навреме ..Тоа изгледа од шо не ми се гледа :D
     
  17. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    леле вади ги одма козметичките леки... не си играј за очи се работи... јас носам наочари диоптерот ми е голем..3... ми рече оптичарот да ги поносам наочарите окото да се привикне на диоптерот па да ставам леки за 4-5 месеци... инаку за излегување не ги носам ги мачам малце очите,но гледам,бар се трудам...и докторката изненадено ми кажа со оглед на диоптерот многу добро гледам :D
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    за мене глупост е ставање на козметички леќи, не само што ти е обврска плус, туку и окото си го малтретираш. Ти се суши, можно е да гледаш замаглено, а и мноху бактерии се пренесуваат ако не ги одржуваш правилно.
     
  19. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505

    Јас мислам дека не ти требаат леќи. Како прво наочарите не треба постојано да ги носиш, како што сфатив на далеку не гледаш. Исто и јас :D Моите се едно 0,5 друго 0,7. Ги носам само кога гледам телевизор ако сум подалеку и кога возам. А понекогаш и на предавања, кога не седам во прва клупа.Затоа и несакав да купам некои скапи. Тие ми се како двоглед ;) , само по потреба ги ставам :lol:
     
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Па и јас затоа се мислев дали да земам леќи. Не ги носам постојано, пред компјутер обавезно пошто се антирефлексни, кога гледам телевизија и обавезно кога чекам автобус :lol: Само ме интересираше искуство на форумџиките дали им се подобри леќите или наочарите ;)