1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кожни промени и проблеми

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Negreva, 22 октомври 2010.

  1. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Феминки ми требаа итнооо помошш !! незнам што се случува дали е болест или што е?? пред малку додека се туширав на градите одам до брадвицата ми испаднало топче полно со гној и го истискав ама уште е големо како отечено или незнам што ама одма помислив на најлошоо и ногу ме стра а веќе е викенд и на болница треба да одам дури во понеделник?? ви што мислите што може да е!?!?! позз киссс
     
  2. Eeema

    Eeema Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Помошшш!!

    Не се нервирај знам дека секој од нас да е на твое место ќе го направи тоа но смири се и не мисли на најлошото.. за ваков случај имам слушнато оддамна мислам дека не е толку страшно ... сепак ќе одиш во понеделник и ќе ти кажат до тогаш немој да мислиш цело време на тоа ,биди стрпелива и очекувам во понеделник добри вести .. Поздрав до тебе :*
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Помошшш!!

    Можеби ти е чирче мој совет не го стискај ништо не му прави за да не го едитираш најубаво иди си на лекар најубаво ке ти кажат но не преземај ништо на своја рака кој знае што може да биде. Ти посакувам среќа
     
    На Eeema му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Промени на кожата на дојките

    Бев денеска на гинеколог имав бело прање па ми рекоа и воа дека може да ми каже што е, но не пиев вода :) и не можеше на ехо да ме прегледа па така да ке ми каже утре што и какоо ее.. али ми рече да не се грижам не било нешто страшно..
     
  5. cat.cat

    cat.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Исип по кожата

    Здраво, имам 24 години и искрено веќе не знам кај да се обратам, па доколу некој знае нешто во врска со ова ве молам нека пише.Пред 2 дена добив исип по целото тело во облик на црвени пликови проследено со чешање.Ми ставија 2 инекции се беше во ред неколку часа додека пак не се појавија.Бев на дерматолог ми даде терапија со апчиња.Ги пијам, меѓутоа утрово пак ми се појавија низ целото тело (посебно под пазувите под градите, на препоните стомакот и долните екстремитети).Дерматологот ми даде упути до повеќе места (крвна слика, гинеколог проверка на јетра и др).
    да напоменам дека пред 6 месеци ми беше направена мала хируршка интервенција на апцес, а 2 недели после тоа под пазувите ми се појавија брунчиња слични на апцесот некои гноеја некои не.Стануваше збор за staphylococcus aureus.Повторно примав терапија и веќе 3 месеци немам проблеми со тоа се додека не ми се појави исипот.
    имам правено алерго тест не сум алергична на ништо освен на анаглин.Водам хигиена, не менувам облека со други и посебно пазам на исхрана последните 2 месеци.Можно ли е оваа надворешна појава по кожата да биде причина за некој внатрешен проблем, некоја болест?
    позз
     
  6. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Исип по кожата

    ако не можат докторите да откријат од што е, тогаш ние на невидено како ќе ти кажеме од што ти е?? |(
     
    На libra89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Исип по кожата

    Да не имаш алергија на бактерискиот токсин? Може да се јави таква алергија, посебно кога се работи за staphylococcus aureus. Ама пак, ова ти се појавува три месеци после терапијата, може и да не е од тоа, затоа што сепак почесто се јавува кај мали деца. Дали како мала си имала некои други алергии или пак атопичен дерматитис?
    Побарај второ мислење, оди кај друг алерголог, повторно направи си испитувања. Мораш да откриеш што го предизвикува осипот.
     
  8. bravegirl

    bravegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    69
    Плускавици по кожа

    Здраво женски ај ке ве молам некоја ако има искуствво со ситни плускавици по кожа шо чешат многу нека пише...значи низ цело тело ги имам ситни се ко брунчиња али се гледа дека се плускавици и многу чешаат..мајка ми ми вика ништо не ти е ке ти помине алергична си на некој гел за туширање или млеко ама ја бебешки користам...фала однапред поздрав на сите :)
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Плускавици по кожа

    bravegirl постојат многу видови на плускавици, мислам дека сигурно не тие од гелот за туширање.Пред 4-5 години од една на раката ми се проширија низ целото тело многу ме чешаа па се обратив на кожен лекар каде што ми препорача еден гел од Грција , знам беше 2 евра но не го знам името. другите плускавици ми ги заледуваше( така се викало тоа).Значи мој совет посети кожен доктор додека е време
     
    На bravegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Промени на кожата на дојките

    На врвовите на брадавиците кожата ми е како распукана, а понекогаш имам и ситни бледо жолти точки... Ако знае некој нешто нека одговори, а ми треба и препорака од добар доктор кај кој би отишла на преглед.
    Благодарам многу
     
  11. Lonelly.Pixie

    Lonelly.Pixie Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Проблеми со кожата

    Вака, значи, нова сум овдека женски. Пред недела дена бев у Охрид и се си беше супер, потемнев, али нозете ми се бели како снег. Ми се појавија некои бледи црвени точки, уф, како да ги наречам и кожата малце ми отече.
    Некоја крема да не знаете, да ми предложите? Лелее, катастрофа изгледам, неможам ништо кратко да облечам!
     
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Некои Црвени Точки?

    Најубаво е да одиш на кожен лекар и таму фино ќе ти кажат од што ти се тие точки и со каква крема да се мачкаш.
     
  13. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Некои Црвени Точки?

    Можеби ти е некоја реакција од сонцето. :?: Се согласувам со Тенкаи дека треба да одиш на кожен лекар,они ќе знаат најдобро за што се работи и ќе ти препорачаат некоја крема. :)
     
  14. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    Брадавици по телото

    како се лекуваат?апциња,маст,течен азот...операција
    обично излегуваат по нозете,рацете
    дали имате искуиство со тоа и како ги лечите
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    bradavici po teloto

    најдобро посоветувај се со козен лекар, не прави ништо на своја рака
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    bradavici po teloto

    Не чепкај ги сама, не преземај ништо на своја рака. Оди на лекар и советувај се.
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    bradavici po teloto

    Јас имав пред три години на раката и ми ги гореа со течен азот во Скопје во државна болница. Можат и да се излечат и со едни ханзапласи кои се купуваат од аптека и се ставаат на брадавицата ( не ми текнува како се викаа, речи само ханзапласи за брадавици и знаат во аптека, бели се и на средина имаат нешто црвено) но тие се само за мали брадавици, на сестра ми и помогнаа тие и не и се јавија повторно.
    Но најдобро посети си дерматолог и тој ќе ти предложи со што да ги лекуваш :)
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    bradavici po teloto

    Природен лек е млекото од смоква (дрво). Кога скинеш лист потекува бело млеко и со тоа се мачкаш
     
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Брадавици по телото

    Да јас имав по рацете и тоа 5-6 и брат ми имаше и братучед ми не знам колку е точно ми кажаа дека искачале ако броиш ѕвезди...јас навистина имам броено ѕвезди ама сега немам брадавици не сум била на лекар јас бев на бајачки на неколку места не знам од каде ми поминаа ама со тек на време ми се смалуваа и ги снемуваше...така да сега немам никаде(да чукнам во дрво) инаку мене не ме болеа можев да ставам игли по кожа на местото на брадавицата ама не знам дали мислиш на такви бидејќи јас имав само на рацете а знам дека на едно мое комшивче му излегоа под очите и тоа беа многу чудни и го носеа да му ги горат по неколку пати јас не ти го препорачувам тоа инаку моите по раце беа тврди и прилично големи :D
     
  20. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Флеки на кожата од алергија

    Дали знаете начин со кој би излегле флеки од алергија? :worried:
    Во текот на алергијата не примав никакви лекови,ниту пак користев некоја маст против алергија...Кога престана алергијата на одредени места се појавија потемни пликчиња..Кожата е како сува при допир,а и не изгледа баш најдобро .
    Дали некоја од вас имала ваков проблем до сега?