Феминки ве молам за совет
Од 2007 год знам дека имам миом од 2см на надворешниот ѕид на матката. До пред една год беше се во ред, не растеше. Денес бев на гинеколог и ми рекоа дека сега миомот е со големина од 4см, за само една год двојно пораснал. Јас не чувствувам никакви промени, ниту имам обилно крварење, притисок во долниот дел од стомакот - ама апсолутно ништо. Докторот ми рече дека најверојатно ми се покачило нивото на естроген и дека најдобро ке биде хируршки да се отстрани. Ве молам, ако некој знае некоја алтернативна медицина која помага во овие случаеви, некои чаеви или било што, само да избегнам операција. Сметам дека тоа веке е последна варијанта и вреди да пробам прво со нешто друго. Сеуште немам родено и се плашам да не имам некои последици од операцијата. Знам дека со подобрување на имунитетот и со контролирање на нивото на естроген дека може да дојде до повлекување на миомот.
Многу би ми биле од корист вашите совети. Или доколку некој има контакт од лице што се занимава со алтернативна медицина, може да ми прати во ЛП.
Фала однапред!