1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Низок притисок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 8 јули 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Низок притисок

    Многу ми смета. Вртоглавици, омалаксаност, умор, поспаност (и кога сум наспана не се чувствувам така), многу често кога станувам од кревет ми се врти во глава имам и паднато така мислев ќе се онесвестам во секој момент. Газирани пијалоци и вода пијам умерено, кафе многу ретко да речам воопшто :worried:
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Низок притисок

    и јас имам низок притисок, ми прпорачаа многу вода и движење и двете ги практикувам плус пијам и кафе 2 филџани дневно и сум супер, кафето особено ми помага да не е тоа ќе лазам по земја, а да :!: и сирење, солена храна не обожавам, но среќа сирење да, па со тоа проблемот 90% е решен.
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Низок притисок

    Мојот хроничен низок крвен притисок денес го доживеа врвот! Два пати ми се слоши утрово, само што не се струполив на земја. Ми е страв во веце сама да одам, па ја оставам вратата отклучена, да не припаднам па да расцепам глава на тоа плочките...
    Читам тука дека газираните пијалоци го кревале притисокот, а јас кога ќе размислам веќе месец дена немам пиено газиран сок заради тоа што ми се дуе стомакот. Турското кафе веќе го заборавив, а за освестување пред полагање само нес пијам.

    Не знам како да се вратам во нормала, не можам да учам а утре полагам! :worried: Се скапав пиејќи вода, лимонади, чаеви, па и благо каснав ама нејќе бе да се качи и готово!!
     
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Низок притисок

    Прво, низок крвен притисок не се лекува ако не ти смета. Второ, терапија се дава во екстреми случаеви, најчесто при случај на ортостатска хипотензија (притисокот нагло паѓа при менување на положба на телото и доведува до несвестица). Трето, кафе не се препорачува бидејќи кофеинот брзо го качува притисокот, но после 2-3 сати кога ќе се изметаболизира доведува до поголем пад на притисокот. Ова се однесува на сите коефеински напитоци.
    За покачување на притисокот е потребно зголемен внес на СОЛ и ВОДА. Водата го зголемува волуменот на крвта, што аналогно на тоа го зголемува притисокот. Но, само ако внесувате вода, тоа ќе ја зголеми диурезата, т.е мокрењето и пак се намалува волуменот. Затоа се внесува повеќе готварска сол, која е всушност натриум хлорид. Натриумот ја задржува водата во организмот и ја зголемува осмоларноста на плазмата - резултат покачен притисок.
    Често на свеж воздух, а и е препорачано наизменично топло-ладно туширање.
     
    На faye и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  5. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Низок притисок

    Еве и јас да се најавам дека сум пациент повеќе од 10 години. Ако не се напијам кафе 1 ден, имам ужасни главоболки како резултат од низок крвен притисок. :swear:

    Деновите ги поминувам со многу кофеин (кафе, зелен чај) и многу вода.

    Еве што прочитав во врска со нискиот крвен притисок:
    -дека може да е психолошка состојба, потребна е промена на перцепцијата и позитивно гледање на работите;
    -адреналинот помага за покачување на нискиот крвен притисок;
    -потребно е редовно вежбање (се преферираат јога вежби, но не кревање на тегови и воопшто кревање тешки работи);
    - во исхраната да се внесуваат многу солени работи, свежа органска храна (овошје и зеленчук) и да се избегнуваат јаглехидрати (ориз, тестенини);
    -да се внесува калиум, витамин ц, б комплекс, безалкохолни течности, и наравно светиот кофеин.

    Да додадам, мене лично ми помага и музиката што ја слушам, веројатно тоа е поврзано со психолошката состојба и по некоја доза адреналин :^)
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Низок притисок

    благо за покачување крвен притисок? ма јок! тоа го симнува! Солена храна, многу вода и кафе.

    Јас кога ми е низок јадам сирење и пијам вода, исто така и црно вино крева притисок, за ручек пола чаша и го регулира.
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. malo85

    malo85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Низок притисок

    OrdinaryGirl имам слушнато дека лимонадата го пага притисоко.имало некој капки кој го регулират ама кај нас ги нема само во грција.а вистина е депа повеке е на психицка база дека ке ни се слоси дека ке паднеме во несвест.
     
  8. ferhunde9

    ferhunde9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    38
    Низок притисок

    Eve i ja da se priklucam kon ovaa tema imam nizok pritisok odkako znam za sebe ednas duri ми беше и 50-20 страшно.Eпа вака бидејќи нема лекови за низок притисок :?: мораме сами да се бориме еве како јас се справувам со тоа.Пијам доста течности првенствено VODA бидејки соковите имаат шекер па не се препорачливи,јадам доста солено и никако не пијам кафе (ми смета од други причини)

    Гледам пиете кафе епа вак незнам дали знаете дека кафето е диуретик и не е баш препорачлив за низок притисок исто така тука спагаат и зелениот,црниот и другите чаеви се се тоа диуретици и никако чај од MAGDANOS тоа никако :x :x

    Tака да само VODA и VODA ако во момент ви се слоши само напијте се чаша солена вода или две чаши вода едно по друго никако немојте да земате кафе :x

    И да заборавив да кажам кога веќе пиете кафе :^) никако не заборавајте и чаша вода да се напиете после кафето (па сетете се дека во секој кафич или кафана со кафето обавезно ви носат и вода НЕЛИ сте се запрашале ли некогаш ЗОШТО)

    Толку од мене поздрав :hai: :hai: :hai:
     
  9. Dani16

    Dani16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Низок притисок

    Здраво и јас го имам истиот проблем, многу ми е низок притисокот и многу ми смета особено летно време имам вртоглавица. Бев на лекар ми рекоа дека не е ништо страшно само треба повеќе газирано да пијам и солени работи да јадам позз
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Низок притисок

    И јас имам низок притисок, се случувало да имам вртоглавици а ни на крај памет не сум помислила дека можеби е од притисокот. Пред неколку дена измерив ми беше 105 со 70. Можеби ова и не е многу низок :lol:
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    И јас имам низок притисок, некогаш многу ми пречи, ама па си викам подобро низок отколку висок.
    Порано многу често се онесвестував, сега да не се подречам ама ми се нема случено. Некогаш ми се темни пред очи и почнуваат да ми зујат ушите, особено при нагло станување. Газирано не пијам, ама за среќа пијам многу течности и кафе, па некако успевам да го држам притисокот во нормални граници.
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    И јас со години си патам од низок притисок, одамна пиев чај од листови од маслинка за регулирање на притисокот, и ми помогна навистина, потоа заебав и пак ми се врати на старото па сега почнав да пијам многу вода и тоа ми помага сега за сега.
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од низок крвен притисок мозеш да:
    се онесвестиш
    да паднеш и не дај бозе да се повредиш
    ама да умреш не мозеш :) а за разлика од висок притисок богами и тоа како мозеш(ппп скраја да е)
     
  14. crticka

    crticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Навистина нискиот притисок знае да биде и многу проблематичен,јас на пример неможам да замислам да не се напијам кафе од сабајле,инаку главата почнува ужасно да ме боли,немам концентрација,многу сум мрзоволна :( и уште милион работи,едноставно сум поспана цел ден.Но со кафе,вода,физичка активност мислам дека се регулира.
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ах тој низок притисок! И јас имам низок, наследно од баба ми. Од предолго седење ми се стамнува пред очи, ми зујат ушите, мора да се задржам некаде, инаку се онесвестувам и замина главата. Жешко не поднесувам, еднаш излезена и ми се слоши така, среќа бившиот што беше до мене, в кафиќ трупец ќе бев. Срамота :) :)
    Пијам кафе за да се стабилизира колку- толку. Газирано не, не можам да поднесам.
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Eдвај го поднесувам :(
    2 пати ми се случи минатата недела да ми биде со 10 разлика 60 со 50,80 со 70.......премногу лошо ми беше,ќе се онесвестев! Пијам течности,мајка ми ме тера едно шише од 2 л вода да ги испијам ,почнав да јадам сиренце по неколку парченца-дека солено,бидејќи сол не внесувам во исхраната,газирано не пијам,кафе еднаш дневно...ми се чини се џабе! Така па така,се по старо! Наследен ми е од мајка ми ,и до скоро не остетував потешкотии ама во последно време потешко го чувствувам :worried:
     
  17. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    А??? дали ви се имат случено пред очи да гледате како ,,некоја илузија како вода да ви тече или како мушички да поминуваат а ништо да нема само да ви се причинува,,??? ете мене кога ми е многу низок тоа го чувствувам и ако клекнам и да се исправам и ми се стемнуват и онака како да припаднам се осекам ! :(
     
  18. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    јас го неам мерено притисокот али изгледа ми е низок. 5 саати откако ке станам ако не се напијам кафе одма осеќам главава ке ми експлодира а откако ке испијам се си е у нормала
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Подобро низок отколку висок. Но обавезно да пиете по 8 чаши вода, ако може и повеќе од тоа. Посолена храна ... и вежбање или движење. Инаку промените на времето влијаат посебно атмосферскиот притисок ... тогаш да се преспие или лежење, џабе и течности и друго.
     
  20. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    и јас страдам веке 20 год.од низок притисок и мене најмногу ми помага кисела вода со јогурт и сол пробајте ,мене секогасш одлично ми делува и тоа по 5-10 мин,пробајте не е ништо грозно за пиење ,а поготово за лето па секојдневно го пијам и ме освежува и притисокот барем 20 разлика ми доаѓа инаку е -баш катастрофа - наздравје феминки