1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција на умници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од danniela5, 1 август 2011.

  1. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    79
    Имам импактиран умник, ми отече и ми тече премногу крв кога ги мијам. Цела страна ме боли. Бев на стоматолог ми рекоа дека летно време не е пожелно да се вадат заби и да сум чекал.
    Дали може некој да ми каже зошто не се вади летно време? Зарем јас ќе чекам вака до есен со болки? :D
    Секој одговор ќе ми е добредојден.
    Поздрав.
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    ни една операција не е препорачлива летно време освен недај боже нешто хитно...
    Постојат многу причини но спред мене нај големи се бидејки летно време нели по топло е и поголеми се шансите да има крваење и сл.
    Од топлото време некако и болката се зголемува и сл..
    Ако можеш да издржиш почекај нека се залади малку...Ионака ова не е лето но пак има топлини....Секое добро
     
    На majaskkkk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Не се препорачува вадење на заби во лето поради топлото време, повеќе се шират крвните садови и можно е да има поголемо крварење. Мене така ми има кажано заболекарот, а и од лично искуство можам да потврдам. :)
     
  4. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    79
    Ти вадеше летно време ? И? За колку време ти зарасна раната? Премногу боли, сабајле кога станав бев дури страшна, како да ме тепал некој :)))
    Може да има некој последици со крварењето? Страшно е ептен ако ивадам сега? Не сакам да ме фати на одмор и да не ми се види ни О од одмор :)
    Фала ви најмногу!
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    нема последици според мене...
    Проблем е што ке ти биде повеќе мачно , а крварење ако има има и во зима...
    Оди замоли ги нека те операираат да не се мачиш вака..Кажи дека неможеш да издржиш повеќе и мисам дека ке ти завршат работа...До тогаш пиј вентор за болка
     
  6. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    34.110
    Пол:
    Женски
    jas vadev lani vo aprill pa vo maj... i nemase nisto komplicirano a i ova letooo da ne recam togas bese potoplo od sega... taka da niss strasno
     
  7. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Мене оваа година ми ги извадија двете долни осмици, затоа што ми растеа криво.
    Едната ми ја вадеа во април, некаде на средината. Тогаш не беше многу топло, ама кај мене имаше некаква компликација, па течеше многу крв и требаше повеќе време да зарасне раната.
    Што се однесува до втората, ја вадев при крај на мај. Тогаш беше многу топло, па имав голем оток и пиев антибиотици. Сепак помина полесно од првата. За многу пократко време ми зарасна непцето.
    Доколку сакаш препорака за хирург, бобарај ми во лп. Со упут од матичен ќе ти ги извади без проблем, освен ако не е на одмор. :)
     
  8. Ayda0233

    Ayda0233 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    И јас имам лошо искуство со вадење на умници во лето, така да не препорачувам освен ако не е итно. Многу е поголем отокот и шансите за некоја компликација или инфицирање се поголеми..
     
  9. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    79
    Денеска сабајле правев операција на умник. 2ипол саати ми го вадеа, Господ го видов.
    Прашањето ми е, дали е нормално сеуште да ми тече крв од местото, премногу да ме боли цела страна и да имам болка при движење на вилицата?
    Фала ви многу феминки.
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    нормално е не се плаши крварењето е последица на топлото време а секако и на вадењето на забот.
    за болку нормално дека ке имаш бидејки тука е употребена сила вртено е , тегнено е додека да се ивади забот па така да болки ке се има и до неколку дена не е страшно. Ако се неиздрживи болките напиј се ефридол или вентор
     
  11. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    79
    Имам неколку прашања.
    Прво, после операција на умник, раната премногу ме болеше, бев на доктор утрово, ми ставија некој лек, но пак боли и по три дена. Дали е нормално?
    Второ, како може, здрав заб, бел, убав, да боли на притисок? Пред 2 недели правев панорама, одличен е тој заб, го снимав утрово пак, повторно боли на притисок. Од што може да е? Докторот ми е малку сумљив, ми рече ништо страшно уживај. Околу него сите заби се здрави.
    Трето и последно. :) Дали има некој друг начин за исправување на заби освен со носење на протеза фиксна? И за тоа ми е сумљив докторот. Ми вика дека само тоа е решение.
    Однапред ви фала :)
     
  12. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    ^ Нормално е да те боли. Мене цела недела ми беше отечено и ме болеше 5-6 дена. Треба да ти ги извадат конците, малку да ти зарасне и после воопшто нема да те боли. Само пак ќе треба да внимаваш додека не се затвори целата рана.
    Инаку освен со фиксна протеза, може со мобилна. Само што на ортодонтите фиксната им носи повеќе пари. Во тоа е целата филозофија, затоа тие препорачуваат фиксна.
     
  13. san4ej

    san4ej Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,dali moze da mi dadete informacija,kade vo skopje vadat umnici,no so celosna anestezija....da bides skroz uspien? Mi go falat mnogu D-r Karakamchev no jas ne znam za nego...pa ako moze da mi dadete informacija ako znaete
     
  14. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Здраво,иднава недела треба да ми го вадат долниот десен умник кој не е израснат и така малку покомплициран делува зошто незнам ми растел во коската незнам ни јас како да објаснам,дали некоја од вас имала сличен или ваков проблем па да ме утеши малку,сите викаат не се чувствува ништо со анестезија ама што знам пак ми е страв,и колку би можело да трае таа операција ме ислаши маја со тоа што пишала дека 2 ипол саате и го ваделе па се прашувам како ќе издржам толку долго со отворена уста хаха
     
  15. Gulumse-kaderine

    Gulumse-kaderine Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4

    Јас го имав истиот проблем со долниот десен, закачен ми беше на коската, плус немав место во устата каде да ми излезе па беше можно сите други заби поради него да ми се искриват. Не е ништо страшно операцијата траеше 20 минути, малку стружеа, малку бушеа, имав 5 конци, но секако дека со анестезија ништо нема да осетиш, гледаш, но не знаеш што ти прават. Затоа не се грижи после тоа околу една недела бев потечена, пиев лекарства и го плакнев со чај од камилица. Потоа сама сакав да ги извадам и другите сега имам уште само еден. Поедноставна операција не постои. Со лесно!
     
    На theboy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Супер ако е така :D Фала ти многу сега можам да бидам посмирена :D Инаку јас имам 3 за вадење ама ете овој е така покомплициран па решив ај тој прв нека биде :D
     
  17. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    131.380
    Здраво девојки,би сакала да ве прашам дали некој бил на операција на умници во Амбулантата за орална хирургија во Козле-кај др.Кирил Андонов? Мене таму ме праќа матичната,ама кога бев на консултација не ни влегов во ординација,докторот беше надвор со уште една докторка и таму беше консултацијата:) а мене не ми е израснат умникот и докторката ми рече не било ништо страшно,од анестезијата немало да осеќам ништо ,само би можело да трае подолго време операцијата заради тоа што не е израснат умникот.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Јас сум немала операција и неможам да зборам од искуство. Ако ти значи нешто ова, јас бев голема плашливка и често бегав кога требаше да вадам заб, а кога видов дека со анестезија не боли ништо одев сама. Така да, не се плаши воопшто и баш ништо нема да осетиш со анестезија. Се остало, е само психа.
     
  19. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    И мене кога ми ги вадеа осмиците, не ми беа израснати. Си имаат тие начин и за тоа, ич не се секирај. :D
    Инаку операцијата ќе трае 30-40 минути. Ама анестезијата трае околу 3 саати, така да нема ништо да осетиш.
     
  20. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Јас само да споделам денес конечно ми беше закажано за вадење на комплициранава 8ца и можам да кажам џабе се испоплашив :D незнам дали е до докторот меѓутоа и покрај тоа што првично рече дека е можно околу 1час да ми ја вади поради тоа што беше комплицирана на крај се се заврши за половина час,болка денес имав така минимална,оток имам но не толку голем ќе видиме до утре :D ...на сите кои сеуште се мислат каде како топло им го препорачувам Др.Ванчо Спиров :)