1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Marossa, на моја другарка дечко и, за време на секс, и напипа топче кај градата, можеш да замислиш како изреагираа и она и нејзините дома ама на лекар се покажа дека е во прашање само отечена жлезда. Ти оди на лекар, колку од стручно лице да слушнеш дека не е рак но немој да се секираш, ок? Не е рак!
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    И мене ми случи се извадив од памет, ама ништо ме било,
     
  3. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    557

    Да, многу често се случува кај многу луже, но треба добра масажа, секој ден...Само така ќе го разбиеш топчето :)
     
    На Chocolate-me му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски


    [​IMG]


    Не паничи одма, не би требало да е нешто страшно/ Имав и јас до пред некој месец и многу се исплашив, после само ми го снема.
     
    На Marossa и joy1 им се допаѓа ова.
  5. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво. Веќе 3 дена имам мачнини во жечудникот, ме боли, навечер многу ми се повраќа, имам киселини и киселост во устата после секое јадење, а и кога сум гладна. Дали некој имал ваков проблем, што може да биде? :worried:
     
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум била на лекар, но се канам утре да отидам, да прашам, да видам што ќе ми кажат, каков совет ќе ми дадат, па ако има некој тука нека пише.
    Во последно време се чувствувам чудно, како да имам вртоглавици, се чувствувам уморна, не правам нешто кој знае што -не одам на работа, онака низ дома, се чувствувам поспано, во еден момент имам апетит во еден ништо не ми се става во уста, како да имам главоболка па наеднаш ќе исчезне...чувствувам гадење, на моменти како да ми трепери цело тело, ми се тресат нозете....
    Се прашувам дали можеби крвта ми е заслабната, или може да е нешто друго?
    Ако некој знае нешто ве молам да ми каже од што може да е ова, и заборавив да кажам до пред 10 дена бев постојано во фрка имав многу обврски а и тогаш го чувствував ова, но сега немам никакв обврски ниту пак сум под стрес.
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Провери тироидна.
     
  8. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Не издржав и отидов на лекар, ми рекоа дека според симптомите најверојатно се работи за анемија, ми дадоа упат за во лабораторија па утре ќе видиме каква е ситуацијата со крвта....
     
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Moже да е од повеќе работи, слаба крв, притисок, мајка ми така се чувствуваше пред некое време бидејкии крвта и беше многу ослабната, најдобро да одиш на доктор :)
     
  10. fashionslave

    fashionslave Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Што значи да имаш витамин Ц и леукоцити во мокрача ? Плус бубрези ме болат .Некој со слично искуство ? :?:
     
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    Дали може поради пад (удар на глава, силно) да се потресувам и живците да ми се кревки или е поради стрес?
    Знам дека е глупаво прашање, но во последно време постојано паѓам на глава, а и се потресувам буквално за се (дури и ако ми падне пенкало се тресам, па ако ме допре мува да не зборувам), а и онака се тресам (додека зборувам ми се тресе вилицата, додека пишувам рацете итн), па си помислив да не ми се случува поради тоа. :?:
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Падот на глава може да биде предизвикан од центарот за рамнотежа.А тоа што "се тресеш", како што опишуваш, најверојатно е симптом на параноја предизвикан од хроничен стрес.Мораш да научиш да си поставиш самоконтрола.Не ги драматизирај работите и опушти се за твое добро.
     
  13. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    Можеби не е за тука, ама некој да не знае колку чини преглед во европската очна болница, и препорака од таму за лекар?

    Благодарам однапред
     
  14. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Треба да испитам хормони на трет ден од циклусот па нешто ми е нејасно. . Менструација добив вчера вечерта накај 9, часот. Дали тој ден ке ми се смета за прв ден од менструацијата или пак денешниот ден се смета како прв?
     
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.175
    Допаѓања:
    7.862
    Пол:
    Женски
    Девојки да прашам (може глупо е малце но...) Гиникологот ми даде Кансен вагиналети поради кандида денес втор ден како ги ставам, некое време од кога ќе ја ставам како да ме заболува левиот јајник, инаку имам полицистични. Дали е можно од Кансенот да е или од друго?
     
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Која е разликата во болно грло и отечени крајници. Пред една недела имав отечени крајници, а сега ме боли грлото и незнам дали да пијам ладно или топло. :?:
     
  17. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200

    мене кога и да ме заболи грлото (наоколу околу вратот ипозади јазикот низ гркланот - ама опишав локација :) ) или крајниците, секогаш јадам сладолед. ми има така останато во мисла од мала - на брат ми крајниците ко му ги вадеа, докторот кажа дека на топло се развиваат бактерии, а на ладно демек не можеле. и јас вака или така тој совет си го применувам и ми поминува зачудо :)
    еднаш ко не можев никаде да најдам сладолед (така ми се трефна сезоната а немаше ни во пакетчиња некое заглавено по фиоки) купив еден спреј, Септогал се викаше, прегрд е , ама се покажа како многу корисен, одма го здрвува цело грло и ништо не те боли, како локална анестезија делува.
    Во секој случај ако планираш да одиш на доктор утре, вечерва на своја рака единствено парацетамол и ц-витамин можи малку да те држи под контрола.
     
  18. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    2.775
    Пол:
    Женски
    Луѓе во 14:00 сум на факултет, а гласот ми е целосно "фатен" имам страаашни болки во грлото кога дишам кога зборувам и кога се движам... :sweat: Пиев таблети Ангал и прскав спреј Фитогал ама тие само момоментално го отрпнуваат грлото, чаевите не ми помогнаа.

    ;(

    Help!
     
  19. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Луѓе имам страшен запек значи не ми кажувајте што да јадам бидејќи веќе е направено али таму доле седи и нејќе да излезе зациментирано е скроз не можам да го буткам многу боли што да правам како да го омекнам се мачкав со помади сапунче ставив ништо нејќе? :worried:
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.786
    Пиј топла вода, мнооооогу. Џабе ти е сапунче.
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.