ТЕМА: Приватна vs. Општа Болница?

Мислење 02 Фев 2012, 16:30

Инспирирана од слична тема во образованието, одлучив да ја отворам темава. Баш ме интересира како размислувате. Некој ќе рече дека џабе приватните болници постојат, сепак во општата болница се поискусни. Што вие мислете?
Аватар на корисникот
angel92

Жолто цветче
 
11231138
Мислења: 1022
Зачленет: 10 Фев 2011, 23:55
Локација: Планета Земја ..
I love everybody. Some I love to be around, some I love to avoid, and others I would love to punch in the face with a smile.

Слика

Мислење 02 Фев 2012, 20:09

Ја мислам дека постручен кадар има во приватните болници,во државните примаат секакви и неписмени,и не се грижат за пацитентите.Додека во приватните ве гледаат како очите во глава,од проста причина што си плаќаш и си добиваш квалитетни здравствени услуги.Мислам дека повеќето ке се сложат со моето мислање :)
Аватар на корисникот
vickyy90

Сино цветче
 
3999
Мислења: 186
Зачленет: 27 Ное 2011, 14:50

Мислење 03 Фев 2012, 09:41

vickyy90 напиша:Ја мислам дека постручен кадар има во приватните болници,во државните примаат секакви и неписмени,и не се грижат за пацитентите.Додека во приватните ве гледаат како очите во глава,од проста причина што си плаќаш и си добиваш квалитетни здравствени услуги.Мислам дека повеќето ке се сложат со моето мислање :)

Мислиш? А од каде се дојдени лекарите во приватните болници? :) Од небо паднале? Кадарот е иста школа - барем сега за сега, сите учеле, завршиле, се труделе, специјализирале и се усовршувале на исто место, Државна болница (Клинички Центар во Скопје, како терциерна здравствена установа, со исклучоци) - и не држи вода муабетот дека лекарите во приватниот сектор се постручни.
Секој што има шанса, од државно преминува во приватно. Зошто? Заради парите - и ништо повеќе. Не сум сретнала лекари кои ќе одбијат добра парична понуда затоа што факт е дека во државен сектор заработуваат многу малку.
А ти се чини дека се постручни затоа што ти обрнуваат повеќе внимание - треба да те алат за тие пари што ги даваш таму ;)
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
22233515
Мислења: 3548
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 03 Фев 2012, 10:03

Во приватните не би рекла дека се постручни и повеќе знаат, само што подобро те третираат, како што рече Анатх, те мазат, те пазат, повеќе внимание ти обрнуваат. Во државните некако и не им е многу гајле, па те маткаат натаму-наваму.

Ама затоа и си плаќаш. Исто така приватните се секогаш нови, чисти, реновирани.Државните се крш.
Аватар на корисникот
maja8

Жолто цветче
 
956477
Мислења: 1920
Зачленет: 03 Јан 2010, 23:46

Мислење 03 Фев 2012, 10:27

Бидејки веќе има и приватни општи болници мислам дека треба да се смени насловот во
Приватна vs. Државна Болница...
Сите знаеме што е добро , и сите сакаме да не мазат , пазат...
Конкретно на тема породување искусив како е и во државна болница а и во приватна, и во мојот случај ( ннагласувам мојот бидејки имаат луѓе и подобри искуства)со истиот доктор кој се премести за време на мојата втора бременост во приватна можам да кажам дека за разлика од првиот пат искуството ми беше многу поубаво, и полесно поминав ( без компликациите кои едвај ми ги исконтролираа по првото породување )...Но, во смисла за квалитет на кадарот и во државните болници сеуште има квалитетни стручњаци , има и добра опрема, е сеа еден добар дел отидоа во приватно , па затоа има и доста млад кадар на некои од државните клиники... но за некои работи нема разлика приватно или државно па не би идела за обичен преглед да ги фрлам парите во приватно, бидејки како разведена мајка на две деца тоа не можам да си го дозволам а и да можам ако сметам дека советот ќе биде ист не би...
Е сега во државново докторите можеби се пооптеретени со работа, кога и да сум отишла било лудница од гужви, народ од цела држава, и во сета таа гужва нели не може да очекуваме премногу внимание...а и мотивацијата им е помала....
Значи не можеме да генерализираме ... Реално некои клиники изгубија од квалитет на персонал но некои сеуште имаат најдобри доктори , а третманот и удобноста е таа која сеуште прави повеќе некаква разлика , тоа се плаќа , дај Боже таа разлика да се намали, односно да напреднеме во таа смисла а и сите да бидеме во можност да бираме каде сакаме да се лечиме, учиме и се во животот...
Аватар на корисникот
sweet25

Сино цветче
 
94176
Мислења: 286
Зачленет: 18 Апр 2011, 08:51
Life is short... break the rules
FORGIVE quickly...KISS slowly...LOVE truly...LAUGH uncontrollably and NEVER REGRET anything that made you smile!!!

Мислење 03 Фев 2012, 10:34

maja8 напиша:Во приватните не би рекла дека се постручни и повеќе знаат, само што подобро те третираат, како што рече Анатх, те мазат, те пазат, повеќе внимание ти обрнуваат. Во државните некако и не им е многу гајле, па те маткаат натаму-наваму.

Ама затоа и си плаќаш. Исто така приватните се секогаш нови, чисти, реновирани.Државните се крш.

Да се сложувам со Анатх и Маја8, уште би додала дека секој добар лекар т.е специјалист примариус или што и да е по титула оперира/работи и во своја (немора да е лична туку кај некого) приватна ординација. ЗНачи ако сакаш да те тинтра некој и да не чекаш ред од неколку месеци оди си во негова приватна ординација/болница за која ќе си платиш, ако немаш чаре ќе чекаш во државна.
Некои од нив држат и катедри на факс, значи буквално се растураат од работа за плата од државата а пак до некои не ни можеш да дојдеш единствено ако од петни жили не фатиш врски и дадеш мито.
Во секој случај кој како се снајде и колку пари има.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1209529
Мислења: 2347
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 06 Фев 2012, 09:55

Факт е дека има голем одлив на квалитетни лекари од државните во приватните болници, со што автоматски, квалитететот на здравствените услуги во јавното здравство се намалува. Но тоа е, се едуцирале на терет на државата, минале бројни обуки во странство и потоа ајт не ми чини државното ќе одам во приватно.
Но, разликата во стручноста на кадарот е само еден елемент. Дотрајана апартура, долги листи на чекање за снимања во државните, наспроти современа апаратура и пристојни термини во приватните. Си плаќаш и молим лепо. А навременото снимање и дијагностика често може да е прашање на живот и смрт.
Во приватните болници имаш чувство дека си третиран како човек. Удобен амбиент, хигиена, насмеани лица. Но, не дека тие се обдарени со повеќе хуманост, туку од наједноставна причина што те гледа низ призма на пари – и ништо повеќе. Така нељубезни и намќорести медицински сестри и лекари од државно, кога ќе преминат во приватно, не можат да ја симнат насмевката од лицето и се џанам мед им тече од устата.
Море ни државни ни приватни, мразам болници, но кога се мора... Во првите бедно, немотивирано, во вториве само гледаат што поголема да ти биде сметката.
Пред некое време ја носам свекрва ми во една приватна болница за очни болести. Фино прашувам колку чини преглед и консултација. Љубезно ми одговараат - 700 денари. Останувам во чекална додека свекрва ми се прегледува. На крај да платам – ми вели 2000 и кусур. Зошто, велам, нели беше 700. Е па, правено е плус ехо на очи, очно дно, ми реди таму.... Абе свекрва ми многу квалитетно истретирана беше, низа на дијагнози, стручни наоди, све фино, љубезно, културно. Но, и со чувство дека си е... во здрав мозок.
Не за џабе рекле, да не се разболиш...
Аватар на корисникот
Peppermint

Сино цветче
 
440514
Мислења: 335
Зачленет: 17 Јан 2011, 19:56
Локација: Во мојот топол дом
The grand essentials of happiness are: something to do, something to love, and something to hope for.

Мислење 25 Фев 2012, 16:49

Annath напиша:
vickyy90 напиша:Ја мислам дека постручен кадар има во приватните болници,во државните примаат секакви и неписмени,и не се грижат за пацитентите.Додека во приватните ве гледаат како очите во глава,од проста причина што си плаќаш и си добиваш квалитетни здравствени услуги.Мислам дека повеќето ке се сложат со моето мислање :)

Мислиш? А од каде се дојдени лекарите во приватните болници? :) Од небо паднале? Кадарот е иста школа - барем сега за сега, сите учеле, завршиле, се труделе, специјализирале и се усовршувале на исто место, Државна болница (Клинички Центар во Скопје, како терциерна здравствена установа, со исклучоци) - и не држи вода муабетот дека лекарите во приватниот сектор се постручни.
Секој што има шанса, од државно преминува во приватно. Зошто? Заради парите - и ништо повеќе. Не сум сретнала лекари кои ќе одбијат добра парична понуда затоа што факт е дека во државен сектор заработуваат многу малку.
А ти се чини дека се постручни затоа што ти обрнуваат повеќе внимание - треба да те алат за тие пари што ги даваш таму ;)

Ти изгледа не си била на некоја државна клиника затоа го имаш тоа мислење,секој има право да каже што мисли,незнам зошто те погоди мојов пост и зошто толку ароганција во него???
Сепак позз :hai:
Аватар на корисникот
vickyy90

Сино цветче
 
3999
Мислења: 186
Зачленет: 27 Ное 2011, 14:50

Мислење 25 Фев 2012, 17:20

vickyy90 еве јас ќе ти кажам - татко ми е вработен во Клинички Центар уште по дипломирањето, таму имал и пракса во текот на студирањето, таму работи со години.
Голем дел од нивниот кадар, се префрли по приватните болници, најчесто Мегамед и Неуромедика. Заради пари или нешто друго, не е ни битно. Поентата е дека, газдите на приватните болници не си земале од странство вработени, туку ги земаат од државните клиники. Така што тоа дека „во државните работат нестручни“ не држи вода. Да не биле квалитетни, немало да ги земат.
Аватар на корисникот
AnaKarenina

Жолто цветче
 
39163137
Мислења: 1185
Зачленет: 06 Окт 2011, 22:16
Локација: Скопје
Слика

Мислење 25 Фев 2012, 17:50

AnaKarenina напиша:vickyy90 еве јас ќе ти кажам - татко ми е вработен во Клинички Центар уште по дипломирањето, таму имал и пракса во текот на студирањето, таму работи со години.
Голем дел од нивниот кадар, се префрли по приватните болници, најчесто Мегамед и Неуромедика. Заради пари или нешто друго, не е ни битно. Поентата е дека, газдите на приватните болници не си земале од странство вработени, туку ги земаат од државните клиники. Така што тоа дека „во државните работат нестручни“ не држи вода. Да не биле квалитетни, немало да ги земат.

Јас се породив на клиника и мн лошо поминав таму,стварно лошо искуство, па можеби затоа имам такво мислење за персоналот,можеби се постручни ама за понашање се нула.
И да секако си одат од државни во приватни за парите,секој се бори за подобро и повеќе :)
Аватар на корисникот
vickyy90

Сино цветче
 
3999
Мислења: 186
Зачленет: 27 Ное 2011, 14:50

Врати се на Здравствени проблеми

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: T.e.d.d.y и 13 гости

Site Meter