1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со ноктите на нозете

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од delvi, 19 септември 2010.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    И јас го имав проблемот со враснат нокт, на едната нога, закажав операција, ама пред да влезам во сала избегав оти ме фати неопислив страв и не зажалив за одлуката до денес. Сите во мојата околина кои правеле операција немаат добро искуство, ниту пак им се решил проблемот долгорочно- штом ноктот порасне и го прекрие местото повторно се враснува. Претпоставувам дека и кај мене ќе е истиот случај- зашто и татко ми има исти нокти, па би имало и генетика која ја дозбиберува состојбата.

    Проблемот го решавам со тетка педикирка која знае како да ми ги сече ноктите и „да ги отвора каналите околу ноктот“- што значи ова не знам, ама знам дека дека последниве 3 години немам никакви проблеми. Секако, не сите педикири знаат да го обработат и затенчат ноктот како што треба- баш се напатив зашто неколку пати отидов на педикир кој не знае да работи со „специфични“ нокти- гледа само на естетика.
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Јас сум задоволна од оправувањето на мојот нокт.
    Значи имам лошо искуство за време на операцијата кое не би сакала да го споменувам , но одкако се оправив се е во ред, помина можеби цела година но ноктот не ми врасна повторно во месото се гледа убаво како ноктот си е надвор врз кожата а местото веке ми е зараснато единствено проблем е што другиот нокт ми е враснат во месото
     
  3. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Имам зараснат нокт, прв пат во животот, изгледа лошо сум го исекла не знам. Проблемот е што не можам ни да видам каде е зараснат ноктот пошто не гледам парченце кога го сечам. Сега мачкам крема некоја колку да ми омекне кожата, па ке видиме како ке иде :|
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    препорачајте ми некој добар доктор од ск од државна
    кој што оперира од ова
     
  5. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    Проблем со палецот на нозите

    Девојки имам страшен проблем...ноктот на палецот ми расте во кожата...дали сте имале вие таков проблем? помагајте
     
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Проблем со палецот на нозите

    Јас имав едно време таков сличен проблем и поради тоа добив гној.Тато имаше една крема и со неа ме мачкаше на местото.После ноктето мама некакого исече за да не расти пак така и сега МАШАЛА добро е.Дома повеќе ја немаме таа мастта па затоа не го знам точното име кога ќе ми текне ќе ти пишам ЛП!
    А ти имаш ли таков загноено?Бидејќи мене гнојче ми се напрај си само мастта беше лекче :D
     
  7. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    Проблем со палецот на нозите

    уште не ми е загноено, ама ако некој малце ме нагазне, страшна болка осеќам :(
     
  8. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Проблем со палецот на нозите

    И јас имав таква болка на палецот на ногата, местото малку беше зацрвенето, и боли, но кога ќе созрее се претвора во гној. За побрзо да созрее, јас си мачкав Бекутан маст со рибино масло. За 2-3 дена само малку да прицнев, и гнојот излегуваше
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те исплашам ама ако не отидеш брзо на лекар може лошо да биде.
    Знам затоа што другарка ми го имаше овој проблем, па и правеа нешто како операција и неможеше да стои после. До вц татко и ја носеше додека не се опорави.
    На неа и изгледаше тоа како ситно и небитно.
    Остај сеа на фемина, оди на лекар одма и среди го тоа.
     
  10. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Татко ми цел живот(50тина и кусур) години го има овој проблем, јас исто така го имам добар дел од мојот живот, ниту тој ,а ниту јас сум имал проблем за кој би била потребна хируршка интервенција, едино пази на хигиената значи кога ќе загнои, кога ќе го сечеш да не дојде до инфекција. Користи бетадине или пак прополис, нешто за да го дезинфицираш местото и тоа е тоа.
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    И јас поминав низ тоа.. :(
    И целиот прст ми беше модар,и загноен..страшно беше.
    Јас лекот го најдев во домашни услови.Ставав домашен квасец,да ја извлече температурата.А потоа го ставив прстот во топла вода со сол,од таа крупната.Местото ќе омекне,и ќе може да го исечеш ноктот.
    Ако не биде така,оди си на доктор.
    Една познајничка имаше таков проблем,и' беа извадени ноктите на палците на двете нозе..
     
  12. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    женски помош јас овој проблем (растење на ноктот во кожата и гноење)го имам со скоро сите нокти на нозете неиздржливо е а страв ми е да одам на доктор кој ззнај што ке ми прават, ве молам за некој домашен лек :?: :?: :?:
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Штом ноктот почнал да ти гнои, единствен спас е да се отстрани хируршки. Инаку, ќе си имаш проблеми.
     
  14. Macence151515

    Macence151515 Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Се извинувам ке може ли некој да ми помогне?
    Јас имам проблеми со палецот поточно ми е малку навлезен ноктот во кожата,се плашам да отидам на лекар,ми е страв и за тој хирушки зафат дали ке заздрави дали би можела после да носам секакви обувки?
    Ако некој знае нека ми пише како е операцијата,колку време се тие третмани?И дали после сте имале проблеми? :)
     
    На iva-na-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnichkaLeo

    AnichkaLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    92
    Здраво истата случка како кај мене. И на мене на левиот палец ми падна ноктот до пола и ми се здебели ноктот како врз него да иман два три нокта не ми гнои и не ме боли но изгледа мн грозно дали има некој со ваков случај да се излечи ова чудо само не операции страв ми ее :doh:
     
  16. Macence151515

    Macence151515 Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Проблем со ноктите на нозете

    Здраво феминки.Ве молам ако можете некако да ми помогнете во врска со враснат нокт :( Сакав да ве прашам како иде лекувањето,дали некој правел хирушки зафат или пак знаете некој лек.Ќе ми помогнете многу :)
     
  17. Forever18

    Forever18 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Eпа пробај да го исечеш ноктот од страна ..јас сама се научив да си го вадам коа ќе ми влезе во месо ..иначе пред тоа правев операција пошо имав мевциња/израстоци од страната со гној и крв и мораше хируршки да се отстрани ..е сеа зависи тебе каков ти е прстот ..ако не ти гнои само ти влегува ноктот во месо пробај сама да го извадиш или некој друг нека ти го исече со ноктарче :)
     
    На Macence151515 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    72
    Јас веќе 3 години го имав овој проблем.Ноктот постојано ми гноеше, беше многу отечен а и премногу ме болеше, на допир а тек па несекајќи да го удрев ;( . Секакви лекови пробав, кантарионово масло, патлиџан, алое вера, локуми, тегавец, прополис и се и сешто.Меѓутоа конечно минатата година отидов во болница и ми направија хируршки зафат кој иако со анестезија ме болеше НО вреди да истрпите болка за едно 5 , 10 мин отколку да ве боли по цели денови. За жал, првиот пат операцијата беше неуспешна и повторно ноктот ми врасна во месото, после 7-8 месеци отидов пак и оттогаш се до сега, да не се подречам немам никакви проблеми. Совет од докторот кој се грижеше за мојот проблем - никако да не се носат тесни обувки, шпиц обувки и слично, да не се сечат ноктите скроз до месото туку да бидат маалце поголеми т.е. краевите да испаѓаат надвор од месото( да не навлезат во него)
    се надевам дека ќе се решиш зза оваа варијанта, и само без страв , јас првиот пат многу бев уплашена - потоа се каев зошто порано не сум отишла , за 10 мин болка, јас трпев 2 години надевајќи се на алтернативна медицина којашто според мене воопшто не помага кога ноктот ќе навлезе во месото.Што да и му ставаш лек, тој дел во месото нема никако да исчезне, тоа е парче нокт кој работи внатре во месото ствара голема температура,гној и мнооогу болки :(
    позззз :*
     
    На Mrs.Bella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Macence151515

    Macence151515 Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Фала ви многу ми помогнавте само сакам да ве прашам...после операцијата колку време ве болеше дали можевте нормално да одите во обувките и дали може да се носат штикли...:) :*
     
  20. svetle333

    svetle333 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Мојот нокт не е загнојан, ни ме боли, ноооо не расте нормално, т.е расте во вид на слоеви, и ми е како џумка, не можам никако да го пресечам...Некоја маст за да ми падне ноктот ? :?: