1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Девојки бев на забар и тоа што требаше да се поправи се поправи. За другите заби ми рече дека се во ред, здрави нема ништо и да дојдам на контрола по 6 месеци. Но кога јадам благо премногу ме боли горна лева 6 или 7 не знам точно. Од што би можело да биде, или да и отидам пак?? И кажав и тогаш дека ме боли на благо ама ми рече ништоо не било :?:
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MonikaIlieva

    MonikaIlieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    имам проблем со непцата многу ми крварат а кога ги миам забите тогаш претерано
    што да правам ?
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    На тој дел од забот природно постои една пукнатина која со тек на време се обојува од храната. Не е кариес, немаш за што да се грижиш сега за сега. Реално, кога веќе ти го пломбирале забот, не сфаќам зошто не го опфатиле и тој дел, ама биднало веќе. Битно не е расипано, немаш гајле. :)

    Првиот и вториот ден е нормално да имаш поголеми болки, едноставно треба да ги пребродиш. Иако Вентор е еден од најјаките аналгетици, пробај некое друго апче, кај некои луѓе едноставно повеќе делува нешто друго. Ако е сеуште јака болката и по третиот ден, тогаш оди да те проверат.

    Ако не ти нашле кариес на тие заби и ако немаш воспаление на непцето во тој дел, осетливоста ти е од површинско оштетување на забите. Пробај со паста за осетливи заби. Нека помине некој месец, и ако нема промена оди пак на контрола. Некогаш во спојот на два заба може да има кариес кој не може да се примети во почетокот, или ако си стварно загрижена снимај ги забите. На снимката убаво ќе се види дали забот е расипан или не.

    Најбитно од се, не престанувај да миеш. Знам дека изгледа како да ги иритираш повеќе, ама само со хигиена може да се намали крварењето. Има специјални пасти за воспалени непца, меки четки кои се понежни при четкањето. Би ти препорачала да си земеш 3% хидроген од аптека и да ја испираш устата со него. Редовно четкање барем 2 пати дневно и навечер испирање со хидрогенот, би требало да видиш подобрување за една недела. Ако ти се повтори проблемот понатаму, обавезно да си земеш специјална паста, зошто ако непцата се воспалени подолго време може да почне да се развива парадентоза.
     
    На ditrih му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sannyi

    sannyi Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Забоболка..

    Кажете привремени лекови за забоболка..нешто такво..имам дупче во забот,а денес празник не работи заболекарот :( :(
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.440
    Пол:
    Женски
    Забоболка..

    Ако имаш аптека некаде отворено побарај заболекс капки како привремено решение.Делуваат како анестетик и се капнуваат на болното место.Малце горчат ама помагаат
     
  6. sannyi

    sannyi Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Забоболка..

    Незнам дали има отворено некаде аптека дека празник е.. :( ќе проверам доколку има отворено ќе побарам..имам прочитано и дека мало од каранфилче помага,ама незнам каде да го побарам :/
     
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Забоболка..

    Зегин аптеките се отворени колку што мислам :)
     
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Женски како може да ме боли умртвен заб? И тоа боли многу.
     
  9. sannyi

    sannyi Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    пред колку време ти е умртвен? можеби не е тој заб,мене ме болеше „пломбираниот заб“ ( по мое мислење ) а всушност болката била на сосема др заб .. всушност и јас имам едно прашање..денес бев на заболекар,ми ставија лекче на забот..но повторно чуствувам мала болка..тоа нормално е ? и до кога ќе е така? :/
     
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Зависи каков лек ти ставиле. Ако не е некоја јака болка, не е ништо страшно, нормално е да реагира забот откако е правен. Би требало за ден два да се среди.
     
  11. sannyi

    sannyi Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    не е јака болката..се надевам дека ќе помине,инаку ќе мора да го посетам пред закажаното :D
     
  12. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Денеска сабајле правев операција на умник. 2ипол саати ми го вадеа, Господ го видов.
    Прашањето ми е, дали е нормално сеуште да ми тече крв од местото, премногу да ме боли цела страна и да имам болка при движење на вилицата?
    Фала ви многу феминки.
     
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Sannyi забот ми е умртвен пред, отприлика, 9 месеци. Прво чувствував болка кога ќе допрев надворешно каде е коренот, а сега ме боли забот. Немам ни еден расипан а ни еден поправен заб во близина.
    Многу често читам на темава дека се правела операција на умници. Зарем сите умници се вадат со операција? Впрочем имам и слушнато дека умник не поправале туку директно го ваделе???
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    За болката тоа е нормално, можно е да трае и до 3-4 дена. Ама за крварењето, освен нешто минимално не би требало да има. Ако до утре не престане, да одиш пак на забар, се додека не престане крварењето тоа се смета за отворена рана. Мора да се згрутчи крвта во шуплината каде што бил забот за да почне заздравувањето. Има лекарства што се ставаат локално на местото за да предизвикаат згрутчување. И никако пиење аспирин за болката, предизвикува зголемено крварење. Било кој друг аналгетик може.

    Пробај чукни го забот од страна и одозгора. Ако има болка при ударот, оди да го снимаш да не има некој процес околу коренот, се случува некогаш тоа и кај умртвени заби.
    За умниците, тие се тешки за лечење, не е лесно пристапни ни за преглед, напорно е нивното поправање и за пациентот, па затоа ако е нешто повеќе расипан обично се вади. А лесно се расипуваат дека се тешки за четкање, секогаш има наслаги околу нив и брзо развиваат кариес. Само ја третираат процедурата како операција, ама реално тоа е исто како вадење на било кој друг заб. Седиш на стоматолошки стол, ставаат анестезија и го вадат со клешта. Малце поспецифична процедура е зошто често има комликации, има потреба од шиење на раната, пак хигиената е отежната во тој дел, и ако е многу расипан лесно се крши па се отвараат големи рани додека да се извадат сите делчиња. Превентивно се пристапува со поголемо внимание, ама најчесто трае помалку од 1 час и за една недела зараснува раната без многу проблеми (како и со секое друго вадење на заби).
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sannyi

    sannyi Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    мн те боли? ако те боли на ладно-топло,или како што кажа Spidy оди снимај го можеби не е добро исчистен ,можеби има некое делче внатре останото и сега прави проблеми
     
  16. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Имам неколку прашања.
    Прво, после операција на умник, раната премногу ме болеше, бев на доктор утрово, ми ставија некој лек, но пак боли и по три дена. Дали е нормално?
    Второ, како може, здрав заб, бел, убав, да боли на притисок? Пред 2 недели правев панорама, одличен е тој заб, го снимав утрово пак, повторно боли на притисок. Од што може да е? Докторот ми е малку сумљив, ми рече ништо страшно уживај. Околу него сите заби се здрави.
    Трето и последно. :) Дали има некој друг начин за исправување на заби освен со носење на протеза фиксна? И за тоа ми е сумљив докторот. Ми вика дека само тоа е решение.
    Однапред ви фала :)
     
  17. ilovemforever

    ilovemforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    Вака... јас имам проблем со заб синус. Треба да го вадам за неколку дена ама ми закажаа во државна и ми кажаа ке биде нешто како операција.. кажете ми дали ке боли тоа и каоо после со раната како ке ме шијат
     
  18. Love16

    Love16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    54
    Девојки како да го решам непријатниот мирис :( Редовно одам на стоматолог секој месец докторката ми ги проверува забите а ако имам некој расипан веднаш ми го прават , носам и протеза . Овој непријатен здив ми е веке 3 години редовно ги четкам забите и имам за јазикот чистач , користам електрична четка и течност за уста после миење на заби.После миењето на забите 20 минути најмногу повторно се појавува тој непријатен здив :@ Веке ми стана опсесија и може да не ми мириса но јас секогаш мислам дека ми мириса и не правам многу муабет :sweat:
     
  19. san4ej

    san4ej Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Zdravo imam edno prasanje,dokolku se izvadi zab ...kolku vreme e potrebno za da zazdravi mestoto? Fala
     
  20. ilovemforever

    ilovemforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    Abe sto e ova nioj nisto ne odgovara na drug