1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    За бојата на забите мислам дека зависи и до коската на забот. Така барем имам слушано. Еве и јас се мачев со секакви препарати за белеење и пак ми се исти, а брат ми само ги мие со обична паста еднаш на ден и му блескаат.

    За здивот, од кога ги направив сите заби непријатниот мирис си остана. Ми го исчистија и забниот камен и пак се осеќаше. Мислам дека се ствара од забниот камен што се наоѓа помеѓу забите. Кога ги чистам забите со конец ја осеќам миризбата.

    И, да не должам, јас наутро прво појадувам, грицкам нешто а потоа ги мијам забите со паста и ги плакнам со средство за уста и заби. Подолго останува свеж здивот. А ќе го пробам и ова со лимон. :)
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Проблемот со непријатниот мирис во устата не е секогаш последица на расипани заби.Ако истите се поправат и се одржува редовна хигиена,а мирисот не исчезнува, може да се работи за некое заболување на внатрешните органи.Не е логично мирисот константно да го имате.Затоа на време обратете се на лекар.
     
  3. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    Мене уште не ми е поминало :(
     
  4. Danira

    Danira Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Девојки ве молам за совет! што да се прави со потечено непце, мислам целото е испакнато и потечено?
    незнам дали во прашање е заб или нешто друго ама гнои и боли..дали е можно ова да е предизвикано од херпес? а качена е и температура!
    постои ли некој предизвикувач на ваквите појави? на пример од недоволна хигиена т.е. нередовно миење заби или јадење на нешто нечисто?
    ве молам за помош бидејќи личноста на која и се случува ова несака да оди на стоматолог. Сабајлево беа купени антибиотици ампицелин и парацетамол ама не се знае дали ќе помогнат. :|
    Фала ви многу.
     
  5. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Мене ми е потребно некоја препорака за воспаление на непцата, некоја вода за плакнење, гел или што и да е ..... :(
     
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Ако е потечено само во еден дел (кај еден или два заба) најверојатно е некој пародонтален џеб во прашање кој се воспалил. Со друго заболување дирекно не е поврзано, ама при намален имунитет (инфекција со херпес на пример, или качена температура, настинка) се појавуваат појаки симптоми. Ако не се одржува добра хигиена исто така ја влошува состојбата, ама не мора да значи дека е директен предизвикувач на проблемот. Апчињата ќе помогнат моментално, ама тоа не е решение. Нареден пат кога пак ќе има пад на имунитет пак истото ќе се случи. Само посета на стоматолог и редовна хигиена може да спречат повторна појава.
    Сепак постои можноста да е и друг проблем во прашање, колку и да не сака да оди на забар, тоа е единственото логично решение.

    Од домашни лекови чај од жалфија и од камилица, да се плакне 2-3 пати во денот. Нешто појако ако моментално е повоспалено од обично, хидроген 3%, во сите аптеки го има. Ако подолго време има општо воспаление низ цела уста, би ти препорачала да ја смениш пастата, има посебни за воспалени непца. И задолжително добра хигиена. Знам дека може да боли и да крвари при четкањето, не применувај голема сила, ама четкај подолго време да има време пастата да делува и да ја исчисти сета храна што го предизвикува воспалението.
     
    На Danira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    79
    Имам вадено нерв на 4 заба. Читав по форумов дека тие заби станувале сини, сиви, темни и не знам какви.
    Дали може некој да ми каже дали тоа е вистина и доколку да, дали повторно би можеле да се обелат?
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Во вторник ќе вадам 1 заб и 2 корена. Ај со среќа нека ми е.

    Освен ако не избегам пак.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Успеав девојки, извадив заб конечно. Не боли ништо, се е до психата. Затоа само храбро и бидете смирени и нема да осетите ништо.
     
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски

    Промената на бојата настанува полека со тек на години, кај некој повеќе - кај некој помалку. Секако дека постои начин да се обелат, прашај си кај матичниот стоматолог. Обично белење не препорачувам зошто не е добро за здрави заби, но кај умртвени заби со променета боја е најнеинвазивно решавање на проблемот. Секако можеш да си ставиш навлака на тој заб за потрајно решение зошто ефектите од белењето со тек на време се губат и забот повторно потемнува. Колку време ќе трае зависи индивидуално од секој заб/секој пациент.
    Доколку забите не ти се во видлива регија (предните горни заби) би ти рекла да не се замараш зошто освен самата ти никој нема да ги примети потемнетите заби.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Spidy можеш ли да ми кажеш нешто повеќе за вадењето на корен од заб?
     
  12. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    79
    Се работи за горни две четворки и горни две петки. Навлаки? Што се тоа? Ќе треба да ги вадам овие заби па нов се става или се стружи овој па се додава дел?
    И уште едно прашање и не замарам :)
    Предните единици ми се малку криви. Ама ептен малку. Протеза во никој случај не би ставила, дали има некое друго решение?
    Фала ти ептен.
     
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Ќе го снимаш, ќе ти стават анестезија и ќе го извадат. Ништо проблематично, редовна процедура е тоа.
    Не знам што поконкретно те интересира, ама вадење како вадење, не е нешто страшно.

    Тие заби ги сметаме како полувидлива регија. Во зависност од начинот на зборење и смеење, може и да не се нешто видливи и затоа би ти рекла да не преземаш ништо освен ако нема огромна промена на бојата. Како што кажав, најчесто само ти самата си приметуваш, другите ретко се загледуваат толку во туѓи заби. :) Кога викам навлаки, мислам на коронки за кои се струга забот и се додаваат над него, или ламинати кои се како лушпи, се додаваат на предната страна од забот без стругање (или минимално). Пак ќе речам, освен ако нема драматична промена на забите, ова не го препорачувам. Па и тогаш прво се оди на белење, па после на овие опции.
    Ако не е многу искривувањето на единиците, може да се постигне мало подобрување и со пломба. Да не се струже забот, само да се додаде на правилните места за да изгледа забот поправ. Ваквите пломби не се многу сигурни и долготрајни, ама некои луѓе си ги носат со години. Забот не се оштетува, така да вреди да се проба. Збори си со стоматологот ако се нафати да проба.
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Пред да се стават навлаки на забите пожелно е да се снимаат за да се утврди дека се работи за здрави заби кои треба да се стругаат, да се земе мерка и да се навлачат.
    А за исправање на кривите заби,освен употреба на протеза не знам за друго стоматолошко помагало.
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Ќе го снимаш, ќе ти стават анестезија и ќе го извадат. Ништо проблематично, редовна процедура е тоа.
    Не знам што поконкретно те интересира, ама вадење како вадење, не е нешто страшно.

    Па, дали боли и дали е со клештине пак. :lol: Инаку, докторката не спомна снимање, само вадење.
    И сакам да те прашам вчера ја вадев 2јката од лево на горната вилица и сега кецовите ми пулсираат,од вчера цела вечер и денеска цел ден,почна да ме нервира, некој совет?
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    За болење, после анестезијата ништо нема да осеќаш, не се секирај. :) А за клештите, па со нешто мора да го фати да го извади. :D Чим не ти рекла да се снимаш, најверојатно е мало коренче кое се гледа и е лесно достапно, значи ќе биде кратка и лесна интервенција. Вадење на корен (или заб) не е ништо во споредба со проблемите што може да ти ги направи ако го оставиш така расипан/скршен во уста.

    Сите болки по вадењето на забот се нормални првите неколку дена, затоа обично се оди на контрола на една недела по вадењето. Ако до тогаш не се среди само од себе, ќе си види докторот што е потребно да се преземе. Сега за сега, не е нешто за што треба да се грижиш, нормален дел од процесот е тоа.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Многу ми чкрипат забите навечер, тоа е страшно :x
    стоматологот ми спомнуваше некои силиконски навлаки да ги носам за време на спиење
    како оди таа постапка, колку време се чека за да бидат готови и дали се скапи?
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Девојки, извадив денеска 2 корења и се чувствувам одлично. Стандард процедура е, ништо посебно. Кој вадел знае.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    И заборавив да прашам, што е тоа естетско исправување на забите?
     
  20. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Девојки веке 3 дена ме чешкаат долните непца помеѓу забите а едно ми е отечено и ужасно ме боли и пецка,а редовно ги мијам забите.Неможам да јадам нормално незнам како да си помогнам дали е за на забар или не :worried: