1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    купете си сами анестезија и инекциии во аптека се 30 денари бе и ќе ти го извади кога ќе му инсистираш.
     
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Луѓе како да го истиснам гнојот од забот. Ми стои два дена и ужасно ме нервира, имам страв од стоматолог, инаку не би седела дома.
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.787
    Пол:
    Женски
    Постои начин да го направиш тоа, ама да ти биде јасно дека не постои начин како комплетно да ја исчистиш сета гној сама, една бактерија да остане и кога тогаш ќе ти се појави гнојта пак ако не го средиш проблемот што го предизвикал тоа.

    Со упаљач усвити го врвот на една игла, за да се стерилизира најдобро што може, и со неа направи отвор на гнојната кеса каде што е најиспакната. Може да има дури и бело врвче како бубулица, тука е најтенко и најлесно е да се отвори. Прави гаргара со хидроген 3%. И те молам посети стоматолог, гнојни кеси не се јавуваат од ништо. Сигурно има нешто друго што има потреба од некаков третман.
     
  4. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира ваше мислење или доколку има некој со вакво искуство да ми каже. 6 ми се скрши и сега таму ми е подуено местото и ми насобира крв, понекогаш ми е многу подуено, а некогаш ми е повлечено. Не знам за што се работи, а никако да соберам храброст да отидам на стоматолог, бидејќи ми се лоши од болници, ординации и слично. Дали се работи за нешто многу сериозно? Секако дека ќе одам, само уште собирам храброст.
    Ви благодарам, поздрав.
     
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.787
    Пол:
    Женски
    Само вака грубо објаснето не можам да ти кажам 100% за што се работи, ама најверојатно острите рабови кај што е скршен забот го иритираат непцето и тоа отекува и крвари заради тоа. Би ти препорачала да одиш на забар кога местото е најсмирено и повлечен е отокот зошто кога крвари забот не може да се пломбира. За да се стави пломба треба да се исуши убаво местото и тоа не може да се направи заради крвта. Ова се разбира важи ако нема некој друг проблем со забот и околното непце. Не би требало да е ништо сериозно.
    Ако ти се лоши од миризбата кај лекарот, напиј се реглан пред да одиш. Ако на психичка база ти е лошо, од страв или од претходно лошо искуство, разговарај со лекарот како да го пребродиш тоа. Некогаш препорачуваат и предмедикација за смирување пред посетата (во посериозни случаеви).
    Што и да е, само може пострашно да биде ако чекаш. Само од себе нема да се среди. Скршен заб нема да се залечи сам, мора да посетиш стоматолог.
     
    На be.positive му/ѝ се допаѓа ова.
  6. spas8

    spas8 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Не знам што може да е,на мене кога ми се скрши 6та многу ме болеше скоро секоја вечер и исто и мене ми беше многу страв ама болка не се трпеше,и отидов кај мојот стоматолог тој го виде забот и ми рече дека мора да го извадам не можел да се праве зошто тие заби биле со три корења два да се здрави еден корен да е расипан ке те боли барем така ми рече и јас го извадив, иди види се со твојот стоматолог и ке видеш што ке ти каже и ке си бидеш посел на раат не се плаши и да си направеш ренген снимка на забот поздрав и лесно да поминеш.
     
    На be.positive му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Да немав огромна мака нема да пишев, ама се влечкам со забов од април, тоа се еве полни 7 месеци.
    Ме фати најголема болка вечерта пред Велигден, и единствениот дежурен стоматолог што беше ми стави анастезија и ми го вадеше нервот,наводно. Кога бев на контрола кај мојата матична после 2-3 дена, таа ми вика ти направил по грешка уште еден екстра канал, има уште од живецот за ваѓање. Океј тоа јас заминав во друг град на студии забот пак ме фати да ме боли. Најдов една ординација која прима студенти, таму ме прими докторката и објаснав, ми ја кажа процедурата и одев скоро 2 пати неделно може еден месец. При тоа цело време ми проверуваше со тие игличките дали ме боли ( сега извинете за речников ама воопшто не сум упатена во стоматолошки речник ). На последната контрола ми стаде лек бидејќи наводно имало уште процес некој на забот, и бидејќи јас си заминував во мојот град, ми рече за 2 месеци матичната нека го отвори забот и нека прегледа за да може да пломбира. Поминаа 2 месеци,одам кај матичната, и кажувам, она ми вика океј сега ќе провериме, и само ми го извади лекот и ми стави пломба. Ниту снимката ја прегледа, ништо луѓе. Арно ама еве осеќам дека забот ме боли на топло. Не ми е јасно ако нервот е изваден како може да боли? И што е нареден чекор? Најозбилно ми доаѓа да одам да го извадам и да си скратам маки и време. И куп пари.
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.787
    Пол:
    Женски

    Убаво си објасни, не се секирај. :)
    Кога е изваден нервот, не боли забот туку околното ткиво, коската и непцето околу корените. Болката на топло е конкретен знак за одреден вид заболувања на коската околу корените. Можно е да не бил комплетно исчистен просторот над корените пред да се пломбира, и тогаш иако забот си е во ред и среден, сепак има бактерии во околната коска. Прво една снимка да се направи и ќе се види ако тоа е во прашање.
    После толку време одење на забар, знам дека ти е смачено, ама си била упорна до сега, продолжи така. Би требало сеуште да има шанса да се спаси забот.
     
    На AmericanWoman му/ѝ се допаѓа ова.
  9. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Spidy, многу фала за одговорот. На психичка база ми е лошо, поради негативно искуство, инаку порано немав мака и до тогаш ми беа ок. Сега филмови додека да отидам, а морам. Инаку мислам дека ќе го вадиме забот, па се плашам да не ми каже со операција или сл. Но овие денови секако ќе одам зашто ми падна и пломбата на преден заб, сакала нејќала морам! :D Телефонски докторот кога му кажав ми рече да пијам антибиотик да се повлече отокот и да одам... Не пијам ништо бидејќи и сам се повлечува. А синоќа ме болеше и сега сум подуена. Ај кога ќе помине ќе одам. Држајте среќа. Ме опушти малце. :)
     
  10. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Девојки, ако има некоја од вас искуство со чистење на забни џебови и забен камен, ве молам да ми кажете како се одвива и дали е болно. Фалааааааааа
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.787
    Пол:
    Женски
    Нормално чистењето не боли. Ама ако е некаде воспалено непцето на тие места ќе боли. Особено ако никогаш со сега не си чистела камен, или ако имаш воспален џеб во моментот. Во такви ситуации, чистењето се одвива во повеќе сеанси, прво површински колку да се почне работата, па после неколку дена малку подлабоко, и така колку што е потребно да се отстрани се.
    Ако имаш крварење при четкање на забите, очекувај малку болка. Крварењето е знак на воспаление. Ама немој тоа да те одврати од процедурата зошто колку повеќе време оставаш да стои каменот толку повоспалена е гингивата и повеќе ќе боли понатаму. Ако имаш многу камен на забите, можно е да има осетливост на ладно неколку дена, ама брзо поминува тоа, не е ништо страшно.
    Ништо штетно нема од чистењето на каменот, а пародонталните џебови ако не се одржуваат може да загнојат и да болат исто како расипан заб. Не дозволувај да дојде до тоа.
     
  12. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Денес како за баксуз забот ме боли и при најмал допир, еве сега моментално и јазикот да го мрднам ми се чини цела вилица долна ме боли. Сабајле одам на стоматолог, не знам само како ќе заспијам вечерва.
     
  13. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Здраво,
    Имам вадено нерв на заб пред околу 4 години, што значи дека забот е мртов. Пред неколку месеци премногу ме болеше една недела и таман се решив да одам, ми помина и не ме болеше 2-3 месеца. Но, веќе цела недела забот премногу ме боли додека јадам и ме боли на топла храна најмногу. Не на ладна (што никогаш до сега не ме болел заб на топло, најчесто болат на ладно). Значи, забот е мртов и ме боли додека јадам и на топло (храна или пијалок).
    Многу сум исплашена, имам огромен страв од забар, и ако може да ми кажете што може да ми е. Знам дека ќе мора снимка, во ред, ќе направам, но што би можело да биде? Зошто тоа ми се случи? Нормално е со мртов заб тоа? Или не?
    Чекам одговор,позз :)
     
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Многу е битен процесот на лекување пред да се пломбира еден заб.
    Можеби има некаков пропуст направено од страна на стоматологот и покажува реакција на топло-ладно.Во секој случај, по направената снимка, разговарај со твојот стоматолог за причиниите за забоболката.
     
  15. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    И по 4години сега може да покаже реакција? Читав некаде дека можно било да има воспаление на коренот и тој заб се вадел и дека таквите заби без нерв не траеле долго време. Дали повторно би ми правеле нешто на забар со тие иглите или тој заб ќе се вади? Се спасуваат тие заби?
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако се работи за воспаление на коренот, може да има интервенција со игла.
    Мој совет е да се обратиш кај стоматолог што побрзо и да не се плашиш.Само тој може да знае кој е конкретниот проблем.
     
  17. Nerazbiramnistoo

    Nerazbiramnistoo Нов член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    :D па немам некој проблем со забите ама имам нешто кое го нема никој на горната усна како топче онака коа се насмевнам ке ми дојде точно помеѓу двата заба ногу се разочарувам од тоа си мислам дали да направам некоја хируршка интервенција или незнам а од што може да е тоа според вас кога сум се родила не сум го имала :sweat: ;(
     
  18. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    2.362
    Ajde ke ve molam za sovet. Na vrvot na jazikot mi se napravi malecko belo topce koe sto boli i mnogu me nervira. Neznam afta li e ili sto i da e stvarno e nepodnoslivo. Pa nekoj da ne znae so sto mozam da go mackam da pimine pobrzo... Fala odnapred!
     
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.179
    Допаѓања:
    10.787
    Пол:
    Женски
    За двете имам ист одговор. Секоја промена во устата која трае повеќе од две-три недели треба да се провери, без разлика дали предизвикува болка или не.

    lejlla, не може да ти препорачаме некој лек кога не се знае што е. Може само си го гризнала јазикот, може има некоја мала плункова жлезда која е воспалена. Најдобро да си посетиш стоматолог.
     
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Забите буквално почнаа да ми се кршат. Но, не да се рони забот, туку ми се крши. Делче по делче паѓа. А тоа паѓање си трае околу две недели.
    Во два месеци, три заба така ми се искршија и ми паднаа.
    Значи, не знам што да правам. Не е недостаток од витамини или не знам што, крвта ми е во ред.