1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синуси

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од KuklickaSk, 9 септември 2010.

  1. iznervirana

    iznervirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите. Прво сакав само да кажам дека и јас имам голем проблем со синусиве, денес купив систем за прочистување на синуси од аква марис произведено во хрватска.
    http://www.youtube.com/watch?v=YaZa9nVb69g oва e линк oд youtube да видите за што ви зборувам. Денес прв пат го применав и се осеќам како да сум била на море. Има резултати само по извесно време, во иднина ќе ве известувам дали навистина функционира. Јас се надевам искрено, затоа што кога одам на море многу ми помага. Ви посакувам не болни денови.
     
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Наследно си имам проблеми со синусиве, среќа што не ме фаќаат често, ретко само во зима. Татко ми и дедо ми ненормални проблеми си имале со нив, татко ми сеуште има, а па брат ми цел е затнат,среќа што не ми е и мене така :|
     
  3. MaTo

    MaTo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    20
    Јас имам многу голем проблем со синусите. Ми прават тешкотии во дишењето, се гушам и затоа користам еден спреј, ми помага во дишењето :)
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Оффф пак почна ноќната мора со тие проклети синуси :devil: кај баш денеска ме фатија не се живее веке со нив mi ide штипка да си тавам на носот зошто така ми ја ублажува болката :@
     
  5. iznervirana

    iznervirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Морам да ве известам дека по извесно користење на аква марис има резултати. Од најдобра гледна точка е тоа што скоро и да не ме боли глава, осеќам доста промени. Морам да признам дека не го користам како што ми препорача мојата докторка, значи да се користи 5 пати на ден, обавезно наутро,а после тоа да се користи спреј. Јас го користам секој ден еднаш дневно кога ќе стигнам, не користам спреј и секој ден сум на страшна промаја која е најголем непријател за синуси. Секретот ми се намали многу, глава не ме боли повеќе што е најголем проблем, полесно дишам и не користам повеќе палома како некогаш. Ви препорачувам да го пробате.
    Уште нешто да додам дека првиот пат кога пробав да го користам ми беше тешко да се наместам на позиција која
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Каде може да го најдам аква марисот ? со рецепта се зима или може и слободно и колку кошта?
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^Aко мисли на спрејот се купува во секоја аптека, без рецепти, до кај 100тина денари е.
    Ама не очекувај којзнае каква промена со него долколку си имаш страшни проблеми.
    Само ставање на топло помага, јас да чукнам во дрво, немам страшни проблеми, баба ми од мала ме малретираше со топли перничиња на главата и на носот.
    Мислам дека беше морска сол, ставаш во крпчиња како во мало перниче и ги загреваш и се ставаат на чло и на нос.
    Ужасно многу помага летно врме одење на море.
    Мене нешто вчера ме фати малку болка на синусиве, дека поднастинав.
    Ама затоа чеситете главоболки ми останаа како симптом на воспалени синуси.
    И летно и зимино време си ги имам.
     
  8. iznervirana

    iznervirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Значи аква марис можеш да го најдеш во секоја аптека, во случај да не го имаат го нарачуваат. Не е потребна рецепта и кошта одприлика 1000 денари. Внатре добиваш 30 кесички со морска сол со мирис на некои си масла за опуштање и пластична здела во која се става млака вода и сол и со тоа ги чистиш синусите. Морам да напоменам дека првиот ден е малку тешко да се наместиш во права позиција како треба, но вториот и другиот ден веќе се е навика. Значи најдобро е да се чистиш секое сабајле, ако осеќаш потреба може и повеќе пати на ден, а кога си настината едно 4 пати на ден, многу помага. Ако нешто треба можеш слободно да прашаш. Ево веќе месец дена го користам и презадоволна сум. Ова е еден начин замена за море. Ако случајно го купиш Нана19 пиши која промена си осетила. позззддд
     
  9. srcus88

    srcus88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво !!!Јас си имав проблем со синусите знам како е кога те боли глава очи неможеш да гледаш ти смета секаково светло секоја промена на време ја осеќаш,чуствуваш гаден мирис и што уште не ;( ама ги излечив за моја среќа :) сега само си ги пазам ама болки нема и супер ми е :) има една терапија три месеци е содржи (капки,маст и масло )после тоа си како нов .
     
  10. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    со синусите мои ја мака си измачив сега за среќа таман сум ...мене покрај капки ми помогна и ламба (инфрацрвена) со неа се зрачев 5-10 мин редовно .
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Од кога знам за себе јас си ја имам макава, ма од морска сол,од инхалации, инфрацрвени ламби од триста други тракатанци се сум пробувала....не бива и не бива.
    Лани малку полесно го поминав зимото дека бев на море.Ама еве годинава не бев, и пред 10тина дена ме фатија и толку сега...до март нема да ме попуштат. :@
     
  12. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    Нема лек за синуси.. Ќе си ги лечиме цел живот.. Еднаш се воспалиле и после треба пазење многу.
    Си имам голема мака со нив, пред 2 години завршив на клиника заради нив |( , ама добро е што не сум сега во тооолку лоша состојба.
    Си имам главоболки кои ужасно ме нервираат не можам да функционирам како што треба од нив. Сум пробала триста чуда што вика Snow од инхалации, зрачења блабла.
    Затоа зимно време капата или стегачот и шибам...
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^Така е = нема лек.
    Ај што имаме главоболки, ама што и деловите кај синусите ме болат да не можам да се допрам.
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Пред некое време по препорака на другарка,купив спреј за назална употреба од масло од оригано. Го има во Зегин околу 190 денари е. Многу ми ги смирува воспалените синуси.
     
  15. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    Eве и јас никако да се справам со моиве синуси :@ пијам теблети на природна база и спреј за синуси но мислам дека најмногу ми помага еукалиптус го има во аптека се раствара во врела вода и се прави инхалација верувајте за еден ден ке поцуствувате олеснуванје ;) :)
     
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    300
    Јас стварно не знам веќе што да правам со моиве синуси, се отрув со апчиња, ни кафетин ни аналгин не ми помагаат веќе, само кетонал (што е прилично јако). Месечно пијам минимум 7-8 апчиња...зависник станав веќе.
     
  17. vilma

    vilma Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    134
    Јас имав проблеми со синусите пред 5-6 години. Тогаш стасав и до болници, инекции...Од тогаш секоја зима се чувам, капа, шал -обавезно! Никогаш не ја мијам косата и веднаш да излезам од дома, мин 3-4 саати си седам дома да топло да ми се затворат порите. Инаку една докторка ми рече дека во зима потребно е и до 12 саати за порите да се затворат. Најлошата варијанта е да се избањаме и да излеземе, без разлика дали ја сушиме косата со фен или не...порите се уште отворени. Еве од тогаш ниту еднаш ме немаат фатено синусите. Поздрав девојки, значи спречете ги, а не да ги лечите :*
     
  18. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Имав и јас.. Секој ден требаше кај лекарот по 15 мин. Ми ги покриваше очите и ми светеа со ласер.. Мала бев.. И не се сеќавам баш добро..
     
  19. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    мајками има проблем со синусите... мислам дека нема лек за тоа, мајками се и сешто проба :|
     
  20. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Болката може да ја намали следново:
    Ставете сол во едно ѓезве да се загрева, откако ќе се загрее, ставете ја во обична крпа, а крпата онаму каде што ја чувствувате болката, на чело итн. Откако солта ќе се излади можете повторно да ја вратите во ѓезвето и да ја загреете. Не губите ништо ако пробате :)

    Се надевам дека може да ви помогне и ова видео

    http://www.youtube.com/watch?v=e22Ta7iRgks