1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Братучетката моја а и комшивка има ваков проблем но секаде му велеа дека е во ред во нормала. Сакаше да забремени па отиде на повеќе места на испитувања бидејќи се плашеше, кај Таше и рекоа дека се работи за хипотироза. Ја упати кај специјалист за тироидна жлезда кој ги потврди резултатите кои ги доби во Плодност. И дадоа субституција од еутирокс половина апче секој ден. Контролните испитувања беа во ред во граници на нормалата и сега забремени :D
     
  2. AmyFawler

    AmyFawler Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Сакам да прашам, дали примањето на еутироксот (50мг) може да предизвика појава на акни и митесери? Имам 22 години и пред 3 години ми е дијагностицирана хипофункција на тироида, а веќе околу 2 години мака мачам со нечиста кожа на лицето и сакам да знам дали ова би можело да биде причината или една од причините?
    Ги имам сите симптоми од намалената работа на жлездата, но ова со акните можеби е одраз на терапијата... Се соочил некој со ваков проблем или..?
    Фала однапред :)
     
  3. AmyFawler

    AmyFawler Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не сум добила одговор на претходното прашање, затоа имам друго :)

    Забележав во последниот месец подуеност во пределот на образите, јаболкниците... сфаќам дека и тоа е еден од симптомите, најверојатно многу од вас се соочиле со истиот, сакав да прашам како се справувате со тој.. “мини оток“ :). Фацата ми е видно променета и очите клапнати, подзатворени.
    Дали можеби е тоа знак за зголемување на дозата?
     
  4. Mimozata

    Mimozata Нов член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Молам за дополнително инфо за сите кои скоро имаат вршено испитување на тироидната жлезда.
    Имено, треба да направам испитување и колку што прочитав испиувањето вклучува испитување на двата хормона и плус ехо преглед?
    Каде се вршат и колку чинат овие испитувања на државно, на приватно?
    Фала Ви однапред!
     
  5. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    неколку дена имам цудни болки,да рецеме во грлото,знаци слицни на тие болки но рециси сум сигурна дека е несто друго бидејки е некако вертикално надолу по вратот,па се мислам да не е од тироидната,дали ви се има слуцено несто слицно?поздрав :)
     
  6. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Како несакан ефект при земање Еутирокс мојт да се појавит зголемена температура,зацрвенување на лицето..а за акни не сум баш сигурна..позз
     
  7. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Други симптоми имаш? на пример :
    замор или губиток на енергија, дебелеење, неподнесување на студ, сува кожа
    обилни менструални одливи кај жените, запек, психичка успореност или нервоза, психичка напнатост, тресење на телото, страв, раздразливост, забрзана работа на срцето (тахикардија), чувство нa топлина, препотување, слабеење, замор, чувство на исцрпеност, чести столици, кратки и оскудни менструални одливи??
     
  8. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Aдина јас веке имам дијагноза хипо,и да, некои од симптомите ги имам,како на пример запек,тахикардија од време на време,кратка нередовна менструација,пијам еутирокс 20,и од првата контрола навака реултатите ми беа одлицни,ехото уредно,и бидејки три цетири пати по ред резултатите беа во ред,ми рекоа да продолзам со истата терапија и на 6 месеци контрола,а двапати во годината на ехо,но ова болката во грлато некако ми е цудна,а имам овде на форумот процитано дека тироидната може и да ствара болка па се мислам несто да не е поврзано...дали треба да се обратам на доктор..
     
  9. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Ахам..извини не прочитав.. Мајка ми исто имат проблем со тироидната и на почеток имаше болки во грлото и малце отечено и беше.. не дека до толку се познаваше ама сепак.. Сега зима терапија и во ред е се се намали отокот и ги нема болките.. Би ти препорачала да направиш контрола,за секој случај..
     
  10. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    108
    здраво! имам едно прашање.каде може да ја испитам тироидната жлезда освен во државна болница,а нормално тоа да е со сини картони.
     
  11. hunny20

    hunny20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    82
    Во последниве 9-10 месеци чувствувам такихардија некогаш послаба некогаш појака, пулсот ми доаѓал до 125 и тоа најчесто после јадење, поготово ако претерам малку со јадењето, ми се појавија многу седи влакна, а за квалитетот на косата да не збориме многу ми е кршлива и сува, по природа сум зимогрозлива и затоа не бев нешто загрижена дека е тироидна бидејки овие симптоми можат да бидат и од стрес... се додека пред 5-6 месеци почна менструалниот циклус да ми се изместува.. а тој барем бил во ред секогаш и сега баш се загрижив. На едно општо испитување ми кажаа дека тироидната била малку покачена ама не било нешто сериозно. Сакам да направам испитување само ме интересира што мислите дали ова личи на проблем со тироидната?
     
  12. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    да,да,проблемите ти се како за проблем со тироидната,но додека не испитас никој неможе да ти каже за сигурно,бидејки како сто кажа,може да е стрес или несто друго..најдобро испитај тироидна за да знаес сто да преземес,секое добро,позз.
     
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    7.865
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на прва контрола од кога почнав да го пијам еутироксот, има подобрување сега тсх ми е 3 и нешто (нез тоцно колку беше треба да видам во резултатите |( ) и на почетокот ми беше 5,97..но сепак докторката ми ја зголеми дозата малку, бидејки ми кажа дека као демек идеално било 1-2 :^) па сеа незнам
     
  14. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    поготово ако планирас бременост мора да биде 1-2,во секој слуцај имас подобрување..
     
  15. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    ако не ти е проблем далечината,имаш во млинбалкан(идадија), ендомед мислам да е негде кај билната аптека ама само ехо имаат а за хормоните не сум сигурна можеби ги носат негде па ке можеш да завршиш тоа е јас што ги знам ваљда има и на др места
     
    На zuzu82 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    зошто не ја спомнувате столицава како и спиењето тие и се најпрепознатливи симтоми за да се постави дијагноза за жлездава значи хипо спиење и запек а хипер обратно несоница и поцесто идење така да ти можеби сумњаш на хипер според тоа што пиша само не ми е јасно како мислиш покачена на хормоните сигурно мислиш значи ако ти се во нормала нема и зошто да пиеш еутирокс
     
  17. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Пред се(') во врска со нарушувањето на лачењето на хормони од страна на тироидната жлезда стојам зад тоа дека нема болест која не се лечи за какво нарушување и да станува збор дали за хипотироидизам или хипертироидизам. По природен пат може да се врати во нормала самото лачење, без никакви апчиња (затоа што апчињата-конкретно за случајот само ублажуваат и затоа се консумираат секојдневно, а не лекуваат). Јас би ви препорачала по природен пат да пробате да го нормализирате нарушувањето.
    Честопати се препорачува маточината за лекување на хипертиреозата како и ламинарија, вербена, зелка, прокељ, ротквица и карфиол.
     
  18. hunny20

    hunny20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    82

    За столицата што знам и онака јас имам брз метаболизам и почесто одам зависи кога како , а за несоница ме мачи некое време ама неможам да кажам дека нешто сериозно зошто па пијам по 2 кафиња може некогаш 1 зависи...а за тоа покачена дека ми била така ми кажаа на испитување на повеќе хормони правев ама само еднаш и тоа случаен ден, на резултатот пишува 0.30 до 4.00 а мене ми беше зборам тогаш пред 9-10 месеци 3,38 , а сега обавезно ќе ја испитам. И за тоа може ми рекле како демек малку ти е покачена ама ништо сериозно, немаш гајле :D . Секако дека на хипер се сомневам некако така ми иде работава. Преска после ручекот малку се прејадов и срцето пак ми чукаше ама не до толку многу и измерив пулс и ми беше 94 пулсот...
    Кога ќе испитам ќе ви пишам за состојбата, а планирам во најбрзо време...позз :) :)
     
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    ова е група на фејсбук што ја направивме за подршка на сите кои што имаат карцином на тироидната жлезда како и за останатите состојби на тироидната, кој сака нека се зачлени
    јас мислам дека проблемот во Македонија е тоа што има многу мала информираност и најверојатно мал број на луѓе кои поминуваат низ ова и проблемот е тоа што најчесто никој не разбирта низ што поминуваме и неможат да ни помогнат, вака сите ќе се собереме во една група и ќе си дискутираме, подржуваме, информираме
    https://www.facebook.com/groups/775485235818406/
     
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    јас имам циста,не примам никаква терапија,не ми препишаа,ама ми пречи,немам ич кондиција,малку да се изморам од вежбање осеќам болка на жлездата,срцето ми чука брзо,секогаш сум омалаксана
    инаку тироксинот ми е нормален и тсх исто