Mygirl напиша:Пребарав низ форумов но не наидов на ваква тема. Имено, во последно време, некаде отприлика 2-3 недели чувствувам повеќе чудни симптоми што порано не сум ги чувствувала. Симптомите се:
1.Имам многу чести вртоглавици и тоа од два типа: првиот тип на вртоглавици ми се случуваат ептен често, околу 10-тина пати во ден, можеби и повеќе, и траат кратко, околу 30 секунди. Овие вртоглавици се појавуваат при нагло станување од седење, лежење и клечење. Не настануваат во истиот момент кога ќе се исправам, туку после направени 3 до 4 чекори. Вртоглавиците се многу јаки, односно ми се стемнува пред очи, губам рамнотежа - телото ми се ниша напред-назад и не можам да се движам, морам да стојам се додека вртоглавицата не помине.Често пати морам да се потпрам на нешто, чувствувам како да сум пред несвестица. Вториот тип на вртоглавици поретко ми се случува од првиот тип. Но, овие вртоглавици траат подолго, некогаш и до 2-3 часа. Ги имам скоро секој ден, еве во просек да речам околу 5 пати неделно, бидејќи понекогаш се случува во денот воопшто да немам од овој тип на вртоглавица, ама ми се нема случено два дена последователно да не се појават. Овие вртоглавици се посуптилни, не се толку јаки како првите, можам да се движам и да правам нормални работи, но чувствувам како да не можам да гледам во едно место, ама кога ја вртам главата ми е уште потешко, нешто слично како кога сме под дејство на алкохол
2. Покрај вртоглавиците, често ми се затнуваат ушите и за неколку секунди пак ми се одзатнуваат, а понекогаш чувствувам и шум во ушите. Затнувањето на ушите ми се случува најчесто кога зборувам, и тогаш е ептен често, по 5-6 пати во една минута. Кога не зборувам, ова ретко ми се случува.
3. Често чувствувам и гадење и мал нагон за повраќање, но никогаш немам повратено.
Освен првиот тип на вртоглавица, кој ми се случува независно од другите, другиот тип на вртоглавица, затнувањето на ушите и гадењето, скоро секогаш одат заедно(во ретки случаи чувствувам само гадење, а шумот и затнувањето на ушите малку почесто се појавува самостојно, но како што напоменав, најчесто е заедно со другите симптоми). И не знам дали е важно да споменам дека овие симптоми ги чувствувам независно од тоа дали сум јадена или не, значи може да ги почувствувам дури и веднаш после јадење. Крвната слика ми е во ред, си ја проверував пред две недели, но не проверив ниво на масти и холестерол. Другите вредности ми беа: хемоглобин 130, железо 13.5, шеќерот 4.6.
Што би можело да ми се случува? Дали некоја од вас ги имала истите симптоми?
Ги молам сите оние кои што имаат подлабоки знаења од областа на медицината, кои имаат претпоставки за тоа што би можело да е проблемот, како и оние кои некогаш ги чувствувале овие симптоми, да се обидат да ми помогнат.
Однапред фала на сите.