Мене единствено аналгинот ми е најексплоатирано "бонбонче."
Порано го пиев почесто, сега веќе само при неиздржлива главоболка.
И тоа исклучиво само аналгин, до мене ли е, со психа ли е, ама ете од кафетин, вентор или некое си друго не ми поминува.
При силни менструални болки пијам исклучиво кетонал, а за забоболка кофан инстант.
Други апчиња ниту ги разбирам, ниту ги имаме по дома, што е по малку смешно и чудно при медицинско лице в куќи.
Кога ќе настинам, ретко пијам апчиња, пробувам прво со чаеви, топли супи, бабини деветини, за да по ден-два ми ску*чи и мајка ми не ми шибне инјекција.
Утредента сум малтене ко нова, немам јас време за мрсулење цела недела и апчиња една рака.
Македонскиот народ е инаку многу зависен од лекови.
Повеќето по дома имаат мини-аптека и секој втор ги разбира сите можни апчиња.
Неретко си ги земаат на своја рака, а па уште ако рекол докторот дека тие и тие треба... ма од леб и млеко ќе се лишат да ги купат тие и тие апчиња, "ДоктУрот така ми рече..."
Бреј, нема разбирачка, посебно со стари луѓе.
Посебно ако се рекло - од таа и таа фирма, во такво и такво кутивче... џабе се објаснуваме дека овие биле исти, само од друг производител.
НЕ! Не се исти.
Еднаш на другата баба и подметнавме плацебо, обични бели капсули.
По една недела се јави да се заблагодари како и било многу поарно, да и донесеме уште.
Не бе, ич не е до психа.
