1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жуљеви

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ohi, 1 април 2011.

  1. ohi

    ohi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Девојки дали некоја од вас се соочува со овој проблем? Што правите за да ги остраните јас бев на лекар ме прскаа со некое средство, но пак ги имам ... :worried:
     
    На Lidija42 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    жуљеви

    па до сега сум немала проблем со жуљеви, ама мислам дека има некои ленти, како ханзаплас се лепат..
    ама не знам колку се ефикасни..
     
    На Lidija42 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    жуљеви


    За да имам жуљ значи ме убивала ципелата, чизмата - чевел каков и да е и што правам ??? :D па не го носам си купувам нови чевли. За жуљеви има едни лепенки кои можеш да ги најдеш по аптеките или поголемите маркети. Залепи ги додека го носиш тој чевел што те убива а додека си дома остави ја ногата да диши, така побрзо ќе фати коричка жуљот и ќе ти заздрави
     
    На Lidija42 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    жуљеви

    ја порано имав ме убиваа мислам ама со овие лентиве ми поминаа
    отиди во аптека и побарај лепенки за жуљеви ќе знаат што да ти дадат
     
    На Lidija42 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш на оние што ги викаат и курје око :D ? Најчесто се јавуваат на стопалата во кружна форма и во средината имаат црнки коренчиња кои ти иде да ги откорнеш. Не дека нешто боли ама јас имав такви порано, прво се појави едно па уште едно и се прошируваа. Не ме болеа ама имав некое чудно непријатно и неиздржливо чувство како нешто да ме печеше и сакав да ги откорнам. Пробував со тие ленти со апчиња од аптека и што уште не. На кожно не отидов и подобро што не сум,зашто си најдов природен лек. На клиника прскаат со течен азот - крио, тоа само го замрзнува местото го прави нефункционално и демек постепено се намалува исчезнува.

    За среќа моето либенце ми најде на нет решение за мојот проблем. :clap:
    Рецепта за жуљеви, делува 100% :
    Ке истолчиш кромид или лук и ќе го полиеш малку со вински оцет, ќе ја оставиш смесата некое време додека кромидот (лукот) да го впие оцетот. После на алуминиумска фолија или обична кеса ставаш од смесата и тоа го местиш добро на жуљот и преку фолијата или кесата замотај завој. Остави го тоа да делува една ноќ, додека спиеш. Повтори го ова две три ноќи, кога не планираш да одиш некаде утредента, бидејќи може да ти ги умириса кондурите. Кај мене просто исчезнаа од лутината, кожата се изедначи ништо не се приметуваше :)
    И менувај ги кондурите бидејќи жуљевите се создаваат во влажна средина, користи влошки, во веро има едни зелени кои можеш и да си ги переш. Особено ако одиш на работа, имај си резервни кондури(или најдобро папучи) таму, за да не ти се вари ногата цел ден во исти кондури.
    Пиши после како помина.
     
    На Lidija42 и Shana им се допаѓа ова.
  6. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    Има разлика од жуљ до курје око. Во претходниот пост девојката објасни како изгледа курје око. Јас двапати до сега сум „алувала“ со тоа чудо. Првиот пат една другарка ми кажа лек, што нејзе и помогнал. Ќе земеш лој од зајак и на памукче ке ставиш многу малку колку да го покрие местото. И треба со завој да го замоташ и да стои 3 дена.Е сега пошто ја не можам да замислам да не се бањам 3 дена, секој ден ставав нов завој по бањање и после еден месец сам исчезна. А вториот пат пошто беше лето и немав живци да се е*авам со завои и глупости решив да си ја пробам среката на кожно. Одев секој четврток на прскање 4 недели и коренот (она црнкото внатре ) само падна. А болката при притисок престана уште на првото прскање. Имам слушнато дека можело и патлиџан да ставиш или лимон... за кого - како, мене овие 2 начина ми помогнаа. позз
     
    На Lidija42 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ехеее лој од зајак, умник од верверица, пердув од колибри :rofl: се зезам, ама до кога да најдеш лој од зајак, кромид лук сигурно имаш дома. Јас кажав брза и ефикасна постапка за двете појави. И ме зачуди со бањањето, зошто да не се бањаш, можеш да се избањаш и да ја повториш постапката инаку ќе труеш на кромид ќе те затворат дома во карантин ;)
    4 недели се премногу, истото можеш да го средиш за 2-3 дена, јасни ми се овие работи со криотерапијата и тоа многу 8) , имам и причина, ама не сакам да се издавам, доволно е да ми верувате.

    Двете се кератозни промени на кожата-задебелен површински слој од кожата кој што не се лупи.

    KALUS (жуљ) - тоа се создава од неудобни кондури при долготраен притисок, се прави меур на кожата кој по некое време се суши и кожата станува жолтеникава и крута, задебелена. Ова не боли. И токму затоа мислев дека мисли на
    KLAVUS (курје око) -тоа исто настанува од неудобни чевли, влажна средина долготраен притисок особено на меките ткива, при долготрајно стоење на пример. Појавата е поболна од жуљот, меѓутоа не е нешто ептен страшно болно. Курје око е кончеста творба составена од многу црни коренчиња всадени во површинскиот слој на кожата.
    Рецептов погоре може да го користи во двата случаја, брз е и ефикасен.
    Кај жуљ може лукот и кромидот да бидат без оцет.
    За жуљ може да се користи и расечена сува слива со сок од бршлен.
    За курје око може да се проба и со корен од рен.
     
    На Lidija42 и easyyyyy им се допаѓа ова.
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Лично јас фала богу сум немала проблеми со нив, ама познавам доста луѓе кои маки тргале , многу се болни.
    Во секоја добро снабдена аптека ги има горноспоменатите лепенки со таблети кои се ставаат на жуљевите , не се воопшто скапи 3 таблети за околу 60 денари, ги даваат и на парче.Една таблета се лепи на местото со жуљ , мислам дека треба да стои околу три дена за мртвата кожа да падне.Таблетите се ставаат на една недела.Искрено ова барем колку што јас знам не е многу ефикасно, но помага кај оние во порана фаза.
    Друг избор е една верзија на течена азот, се продава во аптека истиот тој се користи за брадавици , израстоци.Се капнува на болното место , е ова има ефект ама треба правилно да се користи.Областа околу жуљот да се намачка со крем, не е играчка гори нештото :lol:
    Трет и најуспешен барем тука во битолата е посета во козметичкиот салон Људмила , се наоѓа наспроти Јавор, успешно со години лечи жуљеви има многу задоволни клиенти а неретко ќе ви ја препорача и фармацевтот.

    п.с одбегнувајте затворени тесни неудобни чевли и неквалитетни патики па и чизми.Водете грижа за стапалата, барем пилинг еднаш неделно е од големо значење, прошетајте по форумов ќе најдете многу домашни рецепти и совети за нега на стапалата.
     
  9. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Сеа ќе си дојде лето и чудесии ќе се дешаваат...хахаха...мрзам жуљеви аууууу
     
  10. ohi

    ohi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Благодарам Абеја за рецептот веднаш ќе го пробам и ќе ве известам за резултатите :)
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    плускавците ги третирам со крема за очи, било каква, поминуваат бргу, дури и ако имаш волчји очи меѓу прсти или крема од кантарион.

    јас секоја пролет мака мачам со плускавци сега си земав гел перничиња за пети и немам некои проблеми, добро ми е, но секако во секој момент тука е и маста за очи.
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Веќе аман. А си купам нови кондури, одма жуљеви. А баш им се израдував, шоубави кондурчиња на полна пета. :inlove:
    Прееска едвај си отидов дома, оди оди застани. Ко некоја баба се движев, многу болеше, колку само посакував да имам крилја и да си летнам до дома, или некој да ме крени и директно дома. :wasntme:
    Си купив ханзапласт, ама па не можам на секое носење да се лепам целата. |(
    Ваљда има некоја посебна крема, и после тоа воопшто да не се појавуваат?
     
  13. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Јас да ви кажам прочитав на една страна за плускавиците да се намачкаат паста за заби и така да ти стои колку може подолго , најдобро би било навечер нели додека се спие. Но само ако не се пукнати ,ако се разранети никако.
    Јас стално го користам овој метод и другата ден нема никаква трага од плускавецот ,пак дури може пак да си облечеш чевлички
     
  14. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Јас сум имала проблеми со жуљеви и како што спомнаа девојките многу се ефикасни фластерите на Gala saleks plaster.

    Одат три фластери во паковката се нанесува дирекно на жуљот но претходно треба да се измие и да се исуши местото(за да омекне кожата)Фластерот се лепи дирекно нна жуљот но пастата не смее да допира на здрава кожа.Фластерот се остава да остои два три дена.Не треба да се употребува во континуитет подолг од 14 дена.

    Безболно а ефикасно пробајте,ви препорачувам од искуство.
     
    На ♡JLo♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    ^^ И фластерите со салицил на доктор Scholl се ефикасни доста.Дури доаѓа да се поефтини од другите и ги има негде 8 за поголеми жуљеви и 8 за малечки.Кој има потреба нека ги земе
     
    На ♡JLo♡ и ohi им се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас моментално имам ставено од тие Гала салекс фластерите, ама имаат една мана :) не држат добро залепени. Јас имам премногу задебелена кожа во страничниот дел стапалото под малите прстиња и одоздола на стапалото и при одење фластериве се изместуваат и не може да ги доносам ни 1 ден, а треба 3 дена. Ама затоа па им смислив тактика, не е баш пријатна ама морам така..ги лепам убаво па стапалото го обвиткувам неколку пати со обичен трака-фластер и така нема изместување.
    Е сега значи моиве жуљеви најчесто не се плускавци што пукаат и се сушат, туку преминува кожата во 2-3 мм задебелена кожа која никако не се омекнува за да се иструга. И што се случува по држењето на фластерчињата на ваква кожа...бојата на задебелената кожа каде што се ставаат е станата бела, а сеуште е тврда и не може да се отстрани. После некое време задебелената кожа сама ќе се одвои од здравата. Буквално се лупи цело парче задебелена кожа.
    Мене ми е тешко после тоа да спречам повторна појава на жуљеви на истите места на стапалото, зошто без разлика што и да облечам на нога, дури и најудобни патики ми се создаваат без да осеќам болка или нелагодност, па после ниедна крема не ги омекнува освен тактикава со фластерчињата.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Голем проблем си имам со нив, се затопли времето и почнаа маките. :( Колку се болни не сакам да коментирам. Еве во моментов сум со неколку фластери. Ужас. :x
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сум имала два три до сега, на стапалото или кај прстите, од аптека се купува апче, за жуљ, ќе кажеж,нема потреба доктор да ти го препише, за еден ден исчезнуваат.
     
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    хмм курје око... се сеќавам колку проблеми имав со нив, имав две на ногата (едно на прстето мало, и едно од долната страна на стапалото) и едно на прстот на раката.. ахх.. се пробав од тие фластери, па креми, па домашни рецепти, и кога дојдов до степен да неможам да згазнам на ногата, татко ми ме возеше до Неготино, таму има еден дедо што гори со природни трефки, и тап-туп, ми стави од лекот и памтам во вода ја ставав ногата три дена и после само ми падна во спиење и како паричка изгледаша (така ми кажа дека изгледа, ама сепак бев изненадена). Од тогаш фала му на Бога, не ми се појавиле пак. Многу е битно од корен да ги извадиш!
     
  20. happyandslim

    happyandslim Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    7
    Загноен жуљ

    Имам жуљ на ногата и сега почна да ме боли, мислам дека ми загнои..Што да правам, бидејки сакам да вежбам ама незнам дали со тоа ке направам да биде уште полошо..Ај помош :|