Пред некое време раскинав долга врска од едноставна причина што не го сакав веќе. Ме молеше да се смириме, му реков да си продолжи со животот. Вчера го видов и дознав дека почнал да излегува со други девојки и моментално како да ми го скина срцето. Навистина сакав да продолжи понатака, а сега кога тоа и го прави ме јаде љубомора за тие девојки. Се видовме денес и како да умирав одвнатре што не е веќе мој, што не сум единствена за него. Не го сакам, тоа сум сигурна, ама од фактот што постојат некои други сум спремна и да се смирам со него само за да ги тргнам нив, како да сакам да им покажам дека покрај мене немаат моќ. Зошто така?
Работава е НЕ ТЕ САКАМ АМА НА ДРУГА НЕ ТЕ ДАВАМ. Извини што вака ке ти кажам, но мислам дека си ептен горда и самобендисана, и сакаш светот да се врти околу тебе, но за жал тоа не е можно.
Затоа што сакаш да бидеш во негов центар на внимание. Остави го дечкото, незнаеш што сакаш ти. Не те сакам ама не те давам на друг. Хах. Ти ако не го сакаш, нема ни да бидеш љубоморна на него и нема пак да искачаш. Извини ама мора да се помириш со фактот дека си го загубила засекогаш. А на големо те ајаде и гордоста одвнатре во себе.
Епа неможеш секогаш да останеш неговара единствена, а веќе сте се разделиле. Помири се со фактот дека веќе е готово, тој е машко, секако дека ќе излегува со други девојки.
Ти не го сакаш него, туку сакаш да да се натпреваруваш за него. Повеќе те интересираат тие со кои излегува, отколку самиот тој. Ако тој е сам и повлечен од јавност, тогаш е досаден и не те интересира. Неговата атрактивност зависи од девојките околу него. Можам да претпоставам дека тие се атрактивни девојки, за кои ти си проценила дека ти се достојни сопернички. Да беа некои мивки кои никој не ги зарезува, дечкото пак немаше да те заинтересира.
Очигледно ти си таа што нема никаква моќ пошто си таа што се замара со бившиот додека тој си го живее животот БЕЗ тебе.
Кратко и јасно ќе ти појаснам и одам да јадам. И самата кажа сте имале долга врска ова е тоа што го искоментирав во предходната тема. Мила моја ти него не го сакаш туку си наивкната на него. И сосем е нормално по некој долг период да с еосеќаш оладено. И сега ко си го видела ти паднала тешко што исто така е нормално. Но исто така е јасно дека по 2 недели ќе сфатиш дека веќе го нема и нема да чуствуваш ништо кон него. Си го шутнала си продолжил животот, а ако си мислела дека го сакаш не си требала да го шутнеш. Како и да е сигурно дека ќе продолжи па нема да цркне бог да чува. Толку од мене пријатно повели на јадење.
Убаво пишала Теодора, да биле некои мивки само ке си му се ситела, ама сигурно девојките ги гледаш како достојна конкуренција, па те фатило паника. Ни случајно немој да му се јавуваш сега и да бараш да се видите. Си го оставила, кога те молел да се смирите, си му велела да си продолжи со животот... сега целта ти е повторно да му дадеш надеж, па кога ке се врати, одново да му држиш лекција дека не го сакаш, дека треба да си продолжи во животот...И така во круг.
Скоро слична ситуација ... Имавме врска 3 год, јас му раскинав, не зошто не го сакам туку зошто не можев да го трпам неговиот самобендисан карактер и неговата ладнокрвност. По 2 месеци се слушнавме, пред 1 недела. Дечкото ко пуштен од ланец, која попрво да ја изебе. Помислив дека ке помине подолг период па ке биде со друга, зборувајки за неговата љубов кон мене. Ама кога се видовме и разговаравме, ми кажа дека бил со други за секс само, од која едната му е во друштво и ко наводно се само другари веке и ке продолжеле да се дружат. Мене ужасно ме боли тоа што за премногу кратко време заборавил се мегу нас и отишол кај други, тоа што допирал други. Сега сме у фаза на смирување ама јас не можам да ги тргнам мислите од тоа како бил и допирал други, само таа слика ми е пред очи, и многу ме боли, очите одма солзи ми се полнат и плачам. Што е најтрагично сега ми вика да искачаме заедно во неговото друштво кај што е и таа, зошто наводно сега се само другари. Јас тоа не можам да го прифатам, да се дружам и да ја гледам у очи со таа што се ебел пред 2 недели. Како сакате наречете го, ама му реков да одбира или друштвото со курвата или јас. Зошто јас да се дружам таа ефтина со се ебе со другари нема шанси, ама верувајте дека не сакам ни да го оставам на нив. Иако не заслужува да го сакам, зошто е одвратен по карактер. Ве молам дајте ми совет
прво што ми падна во очи е тоа што одма ја нарекуваш таа девојка курва. Дечкоти тогаш бил слободен и може да се гледа и има односи со која сака. Не гледам зашто да е таа курва. За да се дружиш со тоа друштво во кое што е сега и таа, и јас мислам дека не треба да прифатиш. А ако стварно се сакате и има сеуште заемна љубов, тога врати го и потрудисе таа веке да не е во нивното друштво.
А зошто ја нарекуваш курва таа со која бил? Од каде знаеш дали е курва? 3 години си била со него па сте раскинале па сега и ти си курва така? Сакала и била со него од страст а не за да и плати. Тој си бил слободен. Неможете да очекувате некои работи што ги правите вие,да ги прави и машкото. Инаку делумно до некаде и јас не би била со неговото друшство ако ја има и неа таму. Но, никогаш не би му рекла да избира. Бидејќи ТИ ќе дојдеш и ќе си одиш, а тој ќе остане сам и без другари. Замисли се во таква ситуација ти. И морам да кажам дека си крива што си му дала шанса, бидејќи 3 години сте оделе ТОЈ да те сакал ќе те чувал без оглед колку години ќе одите. Но, јас мислам дека тој сега е сам и нема со кого да биде, не успеал да најде друга,па ајде дека знае дека го сакаш знае дека ќе му дадеш шанса.
Така само ја нареков од бес, не го мислам истото за неа. Како може да продолжи со друга после 2 медеци разделба? Зарем толку му значеле 3 год. Јас не можев да го направам истото и да имам секс со кој стигнам? Јас прво не можам да замислам да ме допира друг по само толку кратко време.. А он?
Јас му пишав порака прва, шкако е што прави, он не ме побара прв, после пораката ми се јави и така почна се. Веке пишав дека од бес се изразив така. Тогаш што ми советувате освен ако не му дадам избор? Да седам со неа и да се смеам на нејзините шеги или да ги гледам неговите допири на нејзиното тело?
Душо тој е машко, и колку и да те сака,ке најде некоја друга. Мој совет ти е да пробаш да го вратиш, ако сеуште се сакате. А таа да успееш да ја тргнеш од неговото друштво.
Нема шанси да ја трнам само неа, зошто тие се друштво а овој мојов се умешал таму. Што значи треба само него да го тргнам. Му реков да избере зошто јаа не можам да се дружам со неа и од причина ако ме сака ке ме избере мене, а не тие со кои почнал да се дружи пред 2 месеци.