Збориме за процедура која не е така едноставна, гледано од медицински аспект. Такво нешто немам слушнато до сега.
Јас имам слушнато. И тоа од средношколки. Јас во тоа време не ни помислував на секс, а они мислат на забременување.
Темава треба да се затвори и некои мислења да се урамат и да се покажуваат ко пример како НЕ треба еден млад човек да размислува!
Убаво прашање ти поставија. Кога последен пат беше во блажена состојба? М? И мене ме интересира. Џабе е да ти се реплицира со факти и аргументи. Во ред е. Ние ти ја разбравме поентата. Помило би ти било да ни отворат касапници на црно, со никакви хигиенски и останати услови. Сто стапа по туѓ грб не болат. А таквите како тебе и натаму ќе пишуваат по социјалните мрежи дека абортусот е убиство. Не знаеш што е зигот, не знаеш што е бластоциста, не знаеш кога почнува ембрионален и фетусен период, ама знаеш дека ние си ги убиваме сопствените деца. Со секое твое исфрлање сперма, убиваш потенцијален живот. Што си ти поразличен од нас, немилосрдните убијци?!
Ја не знам како не ви е досадно во секоја тема да му објаснувате на Витали некои работи. Во неговата реалност работите се поинакви и на трепки да застанете нема да му се разјасни. Ја би го игнорирала на форумов. Нека каже што има да си каже и ајде чао. И онака не верувам дека некој го смета за член со многу релевантни мислења. На темава, сум ЗА право на избор. Не оправдувам абортус како сретство за контрацепција, сум за одгорност и свесност при донесување одлуки и стапување во сексуални односи, првенствено поради психичката и физичка траума со која се соочува жената за време и по процедурата на абортус. Но, истовремено сум за тоа дека репродуктивните права се основен дел на човековите права.
здраво сакам да прашам нешто на пример некој ако е бремена а испила количина таблети диазапан дали ке го изгуби бебето?
За најраната фаза од бременоср важи правилото се или ништо. Односно или ќе продолжи да се развива плодот како да не се конзумирало медикамент/алхохол ... или на самиот старт ќе прекине. Ова за некаде 3-4 недела. Покасно, посебново фаза на развивање органи, дали ќе влијае и колку ќе влијае на плодот ќе каже само доктор со ехо.
Што мислите за овие најави? https://fokus.mk/filipche-najavi-nov-zakon-za-abortus-voljata-na-zhenata-na-prvo-mesto/
Нема наведено конкретно член став нов или изменет ...Моето размислување е подигање на свеста кај младите со запознавање за сите можни психо-физички ризици ,социјални проблеми ,од несакана бременост. И разработување план за рана дијагностика на можни аномалии (нови апарати , доедукација на матичните во областа за рана дијагностика на аномалии) . сеуште сме заробени во конзервативност , прва посета на гинеко -срам , купување презервативи -срам... Овде има низа на проблеми прво конзервативниот страв на родителите,нестручноста на гинеколозите, застарени апаратури, неспроведување на протокол пред и по абортус каде што треба да биде вклучено и лице психолог, и општествени предрасуди и искривени норми (бременост=свадба) Несакам да сум песимист , но мислам дека најголемите промени не се случуваат со измените на закони ,туку со промена на размислувањата и свеста на општеството .
Сосема си во право, но за подигање на свеста, треба време. Да воведат сексуално образование во школите, па може тие генерации, ќе имаат повеќе шанса од овие денес. На возрасните, тешко дека ќе им наметнеш мислење, посебно ако доброволно не посакаат да се информираат.
zdravo devojki pred 5 nedeli razbrav deka sum bremena sega sum vo 8 nedela no deckoto ne go saka ova bebe a jas nemam srce da abortiram zatoa sto bev presrekna koga doznav sakam da bidam majka ama ziveam vo takva sredina vo mal grad kade sto sekoj so sekogo se znae ke me osuduvaat ke me zborat ne znam sto da pravam vo bezizlezna sitoacija sum
majkami znae i taa mi dava najgolema podrska za da go rodam ama ziveeme vo mal grad i znam deka mnogu ke se zboruva i znam kako ke im bide na moite
Душо мила, ако имаш поддршка од твоите, ич да не ти е гајле. Ќе се занимаваат со твоето, додека не најдат нова причина за оговарање.
Колку години имаш? И немој да се водиш по тоа што ќе зборуваат луѓето. Кога веќе си им кажала на твоите, размисли убаво, види дали тие ќе се тука да ти помогнат и слично. Ако си спремна и сакаш да го родиш, тогаш не се замарај за луѓето што зборуваат.