Аквариум

Discussion in 'Дом' started by bibceribce, Apr 24, 2012.

  1. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    638
    Likes Received:
    2,103
    Gender:
    Female
    Screenshot_20260807_183429_Chrome.jpg Дали овој аквариуми е добар?
     

    Attached Files:

  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Joined:
    Nov 12, 2019
    Messages:
    6,211
    Likes Received:
    9,141
    Gender:
    Male
    Што ќе кажете за малите морски аквариуми со Немо рипчиња?
     
  3. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Joined:
    Aug 18, 2024
    Messages:
    280
    Likes Received:
    114
    Има ли нешто против стварање зелени алги во аквариум?
     
  4. Igor_bzzzzz

    Igor_bzzzzz Нов член

    Joined:
    Sep 4, 2026
    Messages:
    1
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Male
    Здраво здраво, направив профил само ради ова ,

    Аквариум е мини еко-систем, т.ест здрав прав аквариум е мини еко систем, скоро само-оддржлив.

    За стабилна/ здрава средина за рибите, важно е да е воспоставен аквариумот како еко систем.
    Идеално изработен аквариум е:
    - земја специјално подготвена за аквариумска употреба.
    - песок
    - растенија
    - покрај украсни, да има животинки кои имаат улога во ланецот на живот на мини-еко системот.
    - минимум пумпа за циркулација на вода
    - светло соодветно за растенија

    - важна работа е водата, ако имате вода од пумпа/ селска чешма(по можност со квалитет на вода за пиење), тоа е идеално, али ако се користи градска вода со хлор, има средства за неутрализирање на хлор.

    Процесот на правење на аквариум:
    Се ставаат земја песок итн итн, се полни со вода, иии најтешкиот дел, се чека, ова е многу важен дел, треба да се чека 2-4 недели пред да се става било каква рипка, може да се почне ако сте нестрпливи од 1-2 недела со по некоја рипка и постепено да се додаваат на рати, по25% од целосно планираниот капацитет на недела две.

    промена на вода:(по 25%)
    За “идеално” направен аквариум, некаков водич е: првите два месеци на една недела, следните два на две, па на три, се така до промена на вода на два три месеци.

    Колкав аквариум/колку риби?
    Некој вид на “правило” е 1цм риба на 1 литар - 10 рипки од 5цм на 50л, али ова е како почетен водич, 5цм дебела златна рипка и 5цм танка гупа не е исто.

    и главно, фала богу ништо не е фиксно, се може без земја, се може со вода од чешма директива, се може со повеќе риби,без растенија али сето тоа ја намалува стабилноста.

    Промените на вода зависат од колку риби има, дали има растенија итн.
    Алги:
    Секој систем бара рамнотежа, изметот од рибите е храна за растенија, ако нема растенија- природата си става свои- алги.




    го напишав ова онака од замав, ако нешто сум пропуштил/ утнал, нек ми простат колегите акваристи.
     
    kalinaka likes this.