Зарем можно е да нема тема за Американска пита? Добро, ќе се смени тоа Циклус од 7 филмови кои го претставуваат американскиот средношколски живот. Се зборува за фраерите, лузерите, здодните женски, сексот, невиноста итн. Во сите филмови има по еден Стифлер кој го дава вистинскиот шмек на филмот Јас ги сакам сите филмови затоа што се вистински начин за убивање на досадата, но и добро да ме насмеат. Прилично дрски, безобразни филмови кои ќе ве насмеат до солзи. Кој е вашиот омилен дел, глумец, дали ги сакате овие филмови, а ако не зашто? очекувам ваши мислења !!!
Американска пита (American pie) хммм американ пај....имам гледано порано еден дел, ама нз кој интересен ми беше, смешен али и многу безобразен
Не секам ни еден дел од овој филм...мислам сум ги гледала сите(пошто брат ми ги обожава)ама мене ми делуваат премногу моронски и глупаво.Да не се навреди некој што ги сака.Премногу ми се лигави,премногу неморални за нашата нација,сакам да кажам дека ниедни други тинејџери во светот не живеат така како американците.Тоа е мое мислење,може грешам.Не дека кај неас нема опивање,журки,секс и сите тие други работи но во овој филм тоа ми е...американско сра*е како што би рекол татко ми Може донекаде не ги сакам поради мојата љубов кон класичните филмови и оние навистина добри и вредни за гледање...за овој филм несакам да губам време,ако сакам да се насмејам ќе погледнам некоја подобра комедија
првите делови не се лоши,интересни ми се,ама овие последниве делови за никаде се,посебно овај последниов book of love мислам така се викаше најглупав ми е,па и таа сцена со еленот ми е толку за никадеи,идиотска
Првите делови се одлични, доста безобразни, ама се смеев до солзи. Последните три некако не ми се допаднаа, или можеби јас имав преголемо очекување за нив.
Very, very naughty! Јас искрено, само еден дел имам гледано, и тоа како мноооогу помала, и од тогаш не ми текнало да го гледам пак :geek: Ваљда дека тогаш имав фобија од "такви работи" па сум се истрауматизирала
Колку е лошо кога гледаш American pie со родителите. Јас си знам. Од првиот дел навака некако како да потфрлуваат. Се поглуп и поглуп, ама се трпи. Не се драстично полоши. American Wedding ми е најгледан до сега. Преку 10 пати сум го гледала и од ново на ново се имам смеено. Во април излегува новиот дел. Баш му се радувам на Крис Клејн.
Баш сега се запрашав дали има ваква тема Гииии обожавам! Особено 2ката,напамет ја знаев ,па 3ката свадбата,па nаked mile 5ka, после Beta house 6ka, Тhe Book of love 7kata.И а и 8цата е арен,ама не толку интересен
Мене порано цело време ми го збореа, но никако да се решам да го симнам. И ете во саботата за прв пат на Сител го гледав вториот дел. Умрев од смеа, баш се интересни и перверзни. Баш планирам да си ги симнам и другите делови, ги гледав сите трејлери и најинтересни ми се видеа првите четири, другите не толку многу.
Абе сега има уште еден дел,мислам дека последен ќе е Сакам да го гледам! Сигурно е лудница Ко ќе го гледам ќе пишам пак можи
И јас сакам да го гледам последниот дел али чекам да испадне во убава снимка пошо вака не ми се гледа на кино снимка Инаку лудница се филмови, навистина се интересни
Го гледав и го достигнаа врвот момците се топкав од смеа додека го гледав,урнебесна комедија која што ќе ве насмее до солзи,пресмешни ми беа сите делови,ама последниот е нешто неверојатно Стифлер и Адам се врвот на овај дел ахаха пишувам и се смеам
Даааа,арно пиша Илипили,и јас го гледав,смешки се цели,само некои луди идеи им текнуваат А и мистер Левинстин (така ли беше?) беше смеа во овај дел А и тоа со таа Кара Абе закон се
типично америчко тинејџерско сра*е . ги имам гледано сите делови од пуста досада ....коа немало нешо поасално да се гледа ... и така ...
Хахахаха тукушто го изгледав и последниот дел хахахаах. Многу добро што е со старата екипа оти другите делови пред овај не ми беа кизнај шо ама овај беше предобар. Стифлер како и секогаш најсмешен