Препорака за добар доктор за амниоцентеза на ГАК? Колку време се чекаат резултати и дали побрзо стигаат од МАНУ или од генетската лабораторија на ГАК?
Definitivno kaj Daneva, 3 min rabota e a doktorkata e vrv i kako doktorni kako covek, mene mi naprai aminocinteza koga nikoj ne se nafakase da mi prajt bev 17 nedela so skraten cerviks, so sludge itn itn..se pomina najdobro
@Lovebug01 извини што прашувам, каков проблем излезе на нифтито? Од други членки што сум читала иначе за околу недела до десет дена има резултати мислам.
@BubamaraM Јас се извинувам што ќе те вратам на болна тема, те читав во темава дека си прекинала бременост поради расцеп на усна кај бебето. Ова ме збуни доста затоа што познавам двајца личности што се родени со таков расцеп и тоа било хируршки средено. Имаше ли и други фактори покрај тоа? Ти посакувам сила и што побрзо да те израдува бебче и тебе и сите други
Ние до крајот се надевавме дека проблемот ќе биде само расцепот и ќе се среди оперативно. Тоа во денешно време успешно се третира со пластични операции, иако и покрај тоа тие деца се цел живот со лузни, во потешки случаи и со други предизвици поттикнати од расцепот. Но, овде се докажа и друг генетски проблем. Најчесто расцепите се изолирани од генетски проблеми, во поретки случаи се поврзани и со нешто друго. За жал, бевме во вторите.