Дали имате користено некогаш? Од кои сте најзадоволни, кои би ги препорачале? Од каде сте ги купиле? Дали чувствувате некоја промена во нозете или сепак мислите дека се џабе фрлени пари? Како да се намали болката во нозете од предолго стоење? Верувам дека темава ќе биде од корист со цел подобро здравје.
Јас имам болки во стапалата , цел ден сум на нозе. Се мислам дали да ги купам шол гел актив влошките Девојки споделете искуства ако ги имате користено.
Ако имаш работа со стоење, најтопла препорака од мене ти се Скечерс патики или балетанки со мемори пена. Вредат за парите. Јас откако ги имам, се преродив, болки во нозете/петиците немам, исто и половината не ме боли како пред нив после работа. А за влошките на Шол, мм ги зеде, ама работата му е повеќе со седење. Тој ги зеде заради тоа што има рамни табани и не може да носи чевли без влошки. Тој вака е задоволен, ама не нешто воодушевен. За работа со стоење не знам како би се покажале.