1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ана и францускиот бакнеж (Стефани Перкинс)

Дискусија во 'Книги' започната од ApoLLo, 15 јуни 2012.

  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Главниот карактер е Ана Олифант. Нејзиниот татко, г-дин Олифант, одлучува дека Ана треба да се образува, па затоа тој ја пушта во интернат во Париз. Таа не се радува на оваа одлука, затоа што веќе има добра работа, лојална другарка, дечко и фамилија во Атланта, но нема друг избор освен да оди.
    Сѐ додека не стигне во Париз и не го запознае презгодниот парижанец Сент Клејр кој има неодолив акцент.
    Но тој е зафатен, исто како и нејзе, што тоа станува проблем за Ана. Таа запознава и неколку пријатели - Мередит, Џош, Рашми. Ана дознава дека Сент Клејр има сериозна врска и дека исто така нејзината другарка Мередит има чувства кон него.
    Ова е приказна за Ана и нејзините доживувања во Франција, измешаните чувства за тоа што да прави со момчето кое ѝ се допаѓа, има исто така и конфликти со пријателите, нејзините фамилијарни проблеми, има драма и лудости.
    Ми беше многу интересно додека ја читав, ова е едно лесно четиво кое сигурно ќе ви се допадне.
     
  2. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.273
    Пол:
    Женски
    Да многуу добра книга е интересен живот испреплетеност тинејџерство најдоброто собрано во една книга..:inlove: