Баш ептен ја гледам дека почнав од почеток ама па стварно почнува да станува депресивна, се чуствувам лошо кога ја гледам. Овие па нашиве што синхронизираат ептен се соживеале, а и гласовиве некако врескави уште повеќе депресија те удира.
Јас не ја гледав од почеток , но кога почнав што знам интересна ми беше, но како што иди се повеќе и повеќе починуваат, се исти случки се вртат во круг.. па вака ако продолжи не ја гледам веќе лошо ми мава на психа ..
Ова е еден од доказите дека стварно нема нешто паметно да се гледа на тв Посебно кога ќе почне да врескаат
Што ќе биде со Зехра ќе го роди бебето? Стварно депресивно веќе на крај и Сонѓул ќе умре и цело семејство починато...На овие гробиштава како на пикник да одат им дојдоа секоја 10 епизода се на погреб, секоја 5 во полиција, киднапирани во болница...
Богами , 10 епизоди лоши една добра , сега веќе однапред знам што ќе се случи во другата епизода хахаха..
Ауу онаа големата како ме нервира. Викна полиција за џабе. Уште полицаецов цел задишан незнае што го чека, прашува "за ова ме викнавте"? Ама мислам дека не е трудна, лаже.
Спремете се за нова епизода на Ангели, мислам психички да се спремиме Сепак Дефне ми ја прави забавна секоја ситуација, ете не знам зошто
Ќе го роди, ама ко да нема бебе Ептен малку ќе го има по наредните епизоди, само ќе гледа да го тупни на некој за да можи рает сплетки да прави.
Ајде наеднаш роднини никнуваат богати што не побарала помош од нив ако ги има. Па и Ејлу идиот и она, сега пак киднапирање драми оваа ќе вреска како луда..кај почнав да ја гледам серијава.