Па штом не можеш сигурно нешто грешиш. Види дали ти е во мп3 формат направена песната, ако е јутјуб видео сигурно не можеш да го префрлиш, нема да го поддржува телефонот.
ах колку само бев заљубена во лука .... тоа беа времиња тогаш се затрескав во мојот сегашен дечко кој мислев леле колку личи на лука хахах од пред 2 години се топев кога ги гледав лука и тефи заедно сега со цело срце се надевам дека ќе се заедно они двајца ми се сум рикала за тефи .... кога се разделиа ајде еден спојлер кажете ќе бидат ли заедно и во оваа последнава сезона ???? да се мачам дали да ја гледам или не хахах
Еве и од мене сликички, ама од постарите сезони.Ееех, тоа беа времиња. Омилена личност Јасмин ми беше, а најубав Тијаго. Омилени песни ми беа: http://www.youtube.com/watch?v=F5R38GmCH94 http://www.youtube.com/watch?v=PsmRHnI-Jgg http://www.youtube.com/watch?v=QvGI-J0XETQ http://www.youtube.com/watch?v=BI4xxfE5RDg И албумот, тој за сликички, цел го имам собрано. Леле, одвај чекам да почне.
Порано епизода не пропуштав. Бев лудо заљубена во Тијаго... Дете бе дете... И пред некој ден почнува музиката ( нели, за да најават дека пак ќе го емитуваат ) и јас несвесно почнав да играм.
Мар ептен ми е талентирана, убавка иако си е нискичка, тоа не ја прави грда, напротив ептен симпатична. Ептен ми беше интересна со киксовите што ги правеше. Ама Тијаго, лепотан бре, лепотан. Па како глуми, ми се чини најубаво, знае и да се расплаче, некако се со емоции прави, баш преѓеска гледав видеа. Срце. Најубав пар со Мар, им нема рамен. Сите се разубавени во 4-ва сезона. Тиаго е најубав со кратка коса, долгата му го затвора лиценцето.
Офф леле дечкиве се ПРЕКРАСНИ!!! Сите до еден... Како се талентирани дечкиве ,брее... НАЈДОБРА СЕРИЈА! Едвај чекам да почне.Само мислам дека 3 и аназад сезоните беа поинтересни.Ајде да видимеее...
Јас и ти гледам во иста кутија премногу ги сакам...Јессс ќе почнат 1 сезона ми беше најубава и имаше едена епизода со мар и теди 1 сезона така нешто беше кога и истура кал на глава абе сме се газеле од смеење Едит: Ако некој го најде ве молам постирајте го се испревртев ама нито ...
Јас сакам од прва сезона да почне, па да стигнат до нивиот продолжеток. Инаку, се мислам овие да не ја синхронизираат како и се друго... Е тогаш не гледам!
Леле не! Се надевам нема да биде синхронизирана. Инаку и јас баш би сакала повторно да ја гледам прва сезона, некако најинтересна ми беше, најубави случки, најубави песни, ептен ми фали. И втора е интересна, ама сепак на првата сезона и нема замена. Дефинитивно најомилен ми е Тијаго. Кај што е прекрасен, па и толку добро да глуми. А од женските пак омилени ми се Јасмин и Мар, никогаш не сум можела да се одлучам помегу нив, многу ми се убави и интересни и двете. И баш би сакала и некој филм да направат, како што е 4 Каминос, со младиве бунтовници, само да не е таков крајот.
Дали знаете како се викаше таа девојката на Тијаго една ниска со виткана коса т. е тој не ја сакаше само таа го сакаше. Не е Мар не е Тефи не беше теди некако мачу така нешто знам дека оваа мар и истури кофа со кал. Добро барем се сеќава некој за што зборам?
Јас бев опседната со Ангели, значи ако пропуштев епизода се нервирав ко да сум добила кец! Првата сезона беше најубава според мене, па добро, за мене секогаш првите се најубави, на било која серија. Тијаго... Памтам, памтам ко да беше вчера. Сите полудуваа по дечково во првата сезона, леле колку бил убав, ама мене мноогу ме нервираше со таа косана разлетана на краевите Ај некако го процесирав тоа, почна да ми станува сладок. Ама со кратка косичка е Ептен срцкаст. Мар ми беше најомилена, боже таа уста Сега, кога Мар беше со Сајмон, со незнам кој друг јас бев сосема океј, ич не ми сметаше, ама Тијаго кога ќе бидеше со некоја друга освен Мар мислев ќе го запалам градов! Тоолку се соживував, поготово кога беше со онаа Луна, боже колку ме нервираше, и сеуште ме нервира. По антипатична, амин! Го памтам тој Хаите, бившиот на Луна, што сакаше да ја прави љубоморна Луна со Мар, и Мар Тијаго со Хаите. Кои смешкии еј, сеуште си ги гледам тие клипчиња Се на се, омилена серија ми беше на времето, сега се префрлив на американскиве на нет, ама нема да пропуштам Ангели 4 дефинитивно. Ја имам гледано првата епизода, и втората малку. Концептот ми е малку глупичок, предходните беа боље, ама не се жалам!
Едвај чекам да почне. И покрај тоа што, последната сезона, не ја гледав. Незнам. Ми одеше на нерви. Сè некои нови глумци, после паровите се испомешаа. Овој со оној, оној со овој.. И почнав да се нервирам. Ама се кинев од смеење. Стварно беше добра. Јас сакам пак од почеток да почнат, да ја емитуваат. Ама тоа некогаш и негде. Сега кога ќе почнам да гледам, сè ќе ми биде испомешано. Нема да знам кој со кого е. Зошто, како.. Па нови глумци.. Ај ваљда ќе ги научам. Иначе мене тогаш најубава ми беше Сиело. Леле колку слики собирав од нив.
Уште поубаво ако почнат во Ноември. Ќе ми дојде како роденденско поклонче. Иначе кога беше првата сезона, во маало ги игравме сите кореографии. И да јас секако бев Мар. Дека устата ми е голема како нејзината, и се трештев како мрдната. Како и да е, битно убави времиња беа.