Иако не сум тип што плаче по филмови, кога Луз и кажуваше на Мар за нејзиното минато посебно за љубовта со Тијаго пуштив по некоја солза.. . Исто и кога се испраќаа, Есперанса многу ме растажи.. Уф незнаев дека и јас ќе плачам на филм, обично на тие што ми кажуваа дека плачеле им викав што ви е филм е , ама со ова стварно се соживеав..
http://casi-angelesmacedonia.blogspot.com/search/label/ОСТРОВОТ ЕУДАМОН Еве ви 27 делови од книгата на Македонски јазик, тоа ти што го објави е преземено од тука
Лелее заврши и последната епизода јас со Ангели израснав многу ќе ми недостасува серијата сепак беше прекрасна и последната епизода беше неверојатна и јас плачев на претходната епизода и на оваа ми се назолзија очите
Оваа беше од рекламата за последната епизода http://www.youtube.com/watch?v=D8qs8sN0_94 Нема да има друга сезона оваа е последната
Јас што не ги гледав редовно па се расплакав,можам да замислам како ви е на вас Стварно преубава серија,ке ми недостига
Чекав да заврши, па да кажам дека Вале и Рама, и Тефи и Начо се вистинските парови според мене, ептен си одговараа, нема што. Иначе, и ја сум за емитување се отпочеток, ќе гледам пак, жими се
Епа, заврши и оваа серија, единствената на нашиве македонски телевизии која што е многу поучна и интересна за нас тинејџерите... Преубав крај, со многу голема порака, како и секоја епизода од почетокот. Оваа недела, на овие четири последни епизоди можам да кажам дека се убив од плачење , имаше многу тажни моменти. Но денес, на последната епизода не плачев затоа што ми беше тажно, туку плачев и се смеев во исто време поради сите тие убави моменти и поради тоа што единствената серија која посакував никогаш да не заврши, заврши... Ангели, засекогаш дел од моето срце!!
И мене ми е жал што заврши ама ајде пишете на Тера нека ги дадат од почеток сите сезони.. Сега во 11 часот ќе ми биде досадно
Ептен ми е жал.Со серијава израснав.Но,сепак се има крај. Дури се расплакав кога Лус и раскажуваше на Мар за нејзиното минато а,посебно кога и го покажа споменот од кој неможела да се ресетира.Но,и кога Симон им кажа дека си оди бидејќи ги сака. Сепак серијава си носи своја порака која ја прави посебна.Единствена тинејџерска серија која сум ја гледала и ми е страшно омилена. Spoiler Може некоја да ми прати линк од песната која беше на крајот?
Заврши уште една од поучните и убавите серии.Крајот ми беше прекрасен,со зборовите на Тик-так.Посебно ми беше мило кога Тијаго се испрати со Симон и Рама со Вале,ми се насолзија очите.Цела епизода плачев од среќа бидејќи се спасија и се вратија сите дома.Голема чест е што детето на Тијаго и Мар ќе го носе името на Симон. Ете заврши но ние никогаш нема да заборавиме за сите работи кои не научија за растењето и животот тие неколку РЕЧИСИ АНГЕЛИ.
Навистина оваа е најубавата серија до сега. Ќе може ли некој ако сака да ме потсети малку за Франка и од кое време е и за смртта на Хуан Крус ??
Многу убава серија. Со неа израснав од малечка ја гледам не пропуштав епизода. Но ете завриш. Крајот беше преубав
Ќе може ли некој да ме потсети како беше работата со хустина -тина и нејзиното бебе ? иначи не ми се верува дека заврши ќе биде убаво да почнат да ги даваат од прва сезона и така да си ги гледаме и ќе немаме "дупки" во сеќавањето како беше ова како беше она. инаку има доста др серии со нив ама на оваа некако сме навикнати
И заврши Ќе ми фали да ги гледам на телевизија премногу, да им кажеме да ги репризираат? Не верувам да не послушат но да си ја пробаме среќата