порани бев опседната со ангели, сите сезони им ги гледав без да пропуштам епизода, па дури и профил лажен и направив и се преправав дека сум Мар
Имаат категорија серии ама нема никаде да оставиш коментар. Или јас сум глупа па незнам каде... Иззгледа оваа им е фб страна: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija?fref=ts Пишувајте им во порака!!! Сега гледам најавуваат нова индиска серија од 1000+ епизоди
Да им се плукнам на суратот! Значи нови турски и индиски серии можат да даваат, а Ангели не можат, така ли?!! Инаку ја барав на сите канали, нигде нема да се пише, шо значи само преку фб ке можеме да контактираме.
го најдов ова... http://www.youtube.com/watch?v=npndrTasW1k да не случајно некој знае каде има вака и од други песни??
Додека ние си седиме со скрстени раце овие даваат нови и нови и нови турски и индиски серии. Ама пак и ние кутри,што да правиме !!? Нема што,се знае дека за нив повредни се турските..
^^ јас сепак мислам дека турските серии се поевтини за откупување.....и затоа повеќе им се исплати да откупат турска серија отколку аргентинска
Ауф неможам да ги поднесам жими се... Па само турски,турски,турски... Има некој подобра идеја како да ги убедиме да пуштат Ангели ?
^^ се е пробано tea4e, на некој ако му текне некоја идеа нека напише.. Иначе едвај ни ја пуштија 4та сезона и тоа после толку молење, и пишење пораки..
После 3 години молење, конечно ни ја пуштија ангели.Откако се затвори А1, турските серии по 3 дена почнаа да ги даваат.Арно ама, за Ангели ни требаа 3 години молење за да ја пуштат.Башка тоа, во преводот имаше огромни грешки кои намерно ги правеа. И, сега откако заврши 4 та сезона, не можат да даваат од прва сезона. А бунтовничка,Зет домазет и ред други глупи серии ги даваат повторно, демек по барање на гледачите ги давале уште еднаш(мижи митро тулумби паѓат). А уште еднаш ако видам да даваат нова серија, а таа серија не е Ангели или Млади бунтовници,луѓето од редакцијата на сител ќе ги однесам на психијатар.
И јас, како и вие, сакам да даваат Ангели пак од прва сезона. Ама знам дека нема. Затоа што серијата, т.е. претходните сезони беа емитувани на А1. Зашто Сител би откупувала серија која веќе ја имало? Да ги имаше другите сезони на Сител, мислам дека сигурно ќе ги даваа. Како што прават сега со сите тие турски серии - Зет домазет, Под сенката на врбите итн... И мислам дека залудно се мачите тука мислејќи, а и пишувајки им на страната, на меил, на твитер, на фејсбук.. Spoiler Да не бидам погрешно сфатена, не сум на страната на сител или нешто слично, само си кажувам мое мислење.