Нема врска само да дадат нешто. Може на пример да ги даваат кај нас 3 пати во неделата (ако не секој ден)
Јас би рекла НЕ!!! Но,нема што повеќе да правиме... Инаку сега ја погледнав малку првата епизода на Сојузници.Освен Тијаго и Сајмон глумат и Луз и Џони. Нели ова е Џони?
Сега изгледав 2 епизоди на Сојузници.Ми се гледа интересна. Spoiler Исто и овде имаат мисии,ги заштитуваат главните ликови...
Јас ги изгледав сите три епизоди од Сојузници. И оние деловите од четвртата. Убава ми се виде и мене.
Леле бе, Еуге кога ќе се породи веќе? Требаше крајот на јуни, почетокот на јули... А иначе погоре некој имаше пишано дека само Лали ќе сме продолжеле да ја гледаме, па не е така, сите се занимаваат со нешто, глумат во некоја серија, Тијаго и Симон во Сојузници глумат, Рама е во Њујорк, Еуге со манекенство и со глумење се занимава ама сега мораше да паузира ради бебето... И мислам веќе да не се мачиме зашто нема шанси да ги откупат, шпанските им се поскапи, турските серии поефтини и за тоа само турски даваат, најдете си ги на интернет и гледајте ги, јас веќе почнав, па и без превод разбирам
Еуге се породила денес во 08:30 . Девојчето се вика Руфина . засега само толку се знае, веројатно во наредните денови ќе дознаеме нешто повеќе, и дека ќе објават некоја фотографија, со оглед на тоа дека и Еуге и Нико се многу убави не се сомневам дека девојчето ќе биде права убавица Кој рабира шпански еве линк http://0.mk/nacioRufina
Сеуште нема слики од малото но се надевам дека наскоро ќе стават. Spoiler Штом никој не отвора ,јас отворив.
3,380kg не е малку.. Инаку девојчето само што се роди после два-три часа беше топ тема на твитер Spoiler не се гледа ама..
^ Ааааааааа преслаткаа ее ^^ душичка сега жал ми е што немам твитер :/ објавувајте овде ако има некои други новости баш ме интересира се кладам не сум единствена која неќи твитер..
Тоа не е детето на Еуге, туку некое бебе најдено на интернет, а втората слика исто не е бебето на Еуге неможе да има слика од руфина ако не ја објави Еуге на твитер! И Руфина се роди пред ДВА ДЕНА бебето на втората слика има барем 1 месец! Мислам дека е бебето во една од сериите каде глумеше заедно со сопругот и имаа дете..