Конечно да се смене некоја серија,само да не е турска и синхронизирана. Се враќаме во нормала хаха. Инаку,ако биде во 14и15 убаво ќе биде,ама ако биде наутро..тешко. Многу ми е глупо зошто не ја гледав трета епизода и ја дават после неколку години па ништо не памтам...
Ако ја синхронизираат ја оплескавме работата.. Ама нема шански, овие синхронизацииве јас мислам за бабите се што не можат да читаат, а ни тинејџери што ќе им е
Нема шанси да ја синхронизираат. Кај може нашиве глумици да зборат толку брзо како Мар, или пак со таков пискав глас ко Тефи. Плус не иде, возрасни гласови, за тинејџери. И да, ЕДВАЈ ЧЕКАМ да почне!
Едвај чекам да почне нема ниту една епизода да пропушам дефинитивно.На времето кога ја даваа на а1 беше супер малце и сум ја заборвила али ај ке се потсетам
Уште 2 дена... Сигурни сте дека од 11:5 ќе почнува? Не е лошо, ама би можело од 10:30, како порано. Терминот е погоден, за да го гледаме кога сме втора, а да има реприза и кога сме прва.
Па според мене не беше ништо посебна на почетокот,бидејќи не се сите заедно туку се поделени во две групи.(Не би сакала да откривам ќе си видите како).Но после некако ми беше поинтересна кога почнаа по полека да се обединуваат. Ќе видите,сепак секој има различен вкус.