Spoiler Јасмин е заробена од страна на онаја лошана (нз како се вика) и ќе и го избришат помнењето мислам. После таа ќе живее кај што е Мар...
Ја фатив денес на пола.Ама ништо не разбирам Spoiler Едни на ваму,други на таму.Дури не се сеќавам и третата сезона како заврши,одамна беше Гледам дека Мар и Хоуп се на некое место.А другите на друго. Ако може некој да ми објасни набрзинка што се случува.И во спојлер за да не дојде до збрки
Чиста глупост е серијава. Не ми е јасно како може да ја дават после толку години а да не дадат еден дел што се случувало во минатата сезона. Цела сум збркана сега,кај се другите,што е со Сиело... Пс. на youtube можете да си ги изгледате епизодите
Spoiler Епа вака трета заврши кога они беа на одмор и се случи една експлозија ако се сеќаваш.. За време на таа експлозија Луз и нејзините помошници кој нашле го земале, го зарбиле и им ги одземале сите сеќавања и им ставиле нови (понапредна технологија од овдешната ) Тие што не успеале да ги фатат си се нашле сите заедно и се обидуваат да откријат што има зад ѕидот каде што всушност се заробените кои мислат дека живеат луксузен и сигурен живот (сигурен од дивјаците така ги нарекуваат тие што се надвор од ѕидот значи другиот дел од групата Се надевам ти стана појасно сега
Јас отсекогаш ја сакав наочната фантастика, а ангели ми се омилени! Оваа 4та сезона е екстра, на почетокот не можев да сватам, но до крајот на епизодата почнаа да ми се разјаснуваат работите!
^^ Навистина,и јас приметив.Ете неспособни “преведувачи“ Сеуште не ми се верува дека почна Колку убавко,заради неа ќе си подзакаснувам нашкола.. Шала. А навистина не ќе беше подобро во 10.30? Ајде и јас даа не коментирам мн,тие едвај ја пуштијаа...па и вака е добро.. Искрено кажано додека ја гледав сфатив колку ми недостигале...
еве потсетување за третата сезона, го презедов од википедија. Spoiler Трета сезона Дејството во третата сезона се случува 22 години подоцна од случувањата на втората сезона која заврши со конечно отворање на златната книга и кoja поголем дел од главните ликови ги испраќа на различни места низ целиот свет, 22 години во иднината. Тијаго ќе се најде сред пустина, Мар ќе биде на планина со снег на која ќе биде лизгаво, Рама ќе падне на урнаритини и карпи, Хасмин ќе падне во водите на еден водопад, Тачо ќе се најде покрај пештери, Тефи ќе биде во камион полн со овци и добиток, Лука ќе се најде сред пожар, Хустина ќе падне во дупка за гроб односно ќе падне на гробишта, Валерија ќе биде на мост на автопат, Симон ќе биде во една кочија управувана од еден дедо, Мелоди ќе се најде во една валкана река, Начо ќе биде на сред градилиште и прашини, Каридад ќе падне во базен во еден хотел, Жека на висорамнина... сите ќе бидат на различни места низ светот, потоа полека полека, ќе се формираат во 4 групи и тоа: Тефи, Тина, Начо и Рама; Лука, Шека, Каридад и Вале; Тиаго, Симон и Хазмин; Мар, Мелоди и Тачо и на крај ќе се најдат сите на едно место. Омда после тоа Есперанса (Хоуп), доаѓа со еден камион, и сите влегуваат во него, со кој подоцна ќе стигнат до училиштето Мандалај, во кое директор е Камило Естрежа, а тука е и Паз Бауер, ќерката, на Сиело и Нико. Во почетокот, децата ќе си мислат дека таа е Сиело, но подоцна ќе сфатат, и се ќе се среди. Исто така, малку подоцна, дознаваат за едно видео, коешто Есперанса од иднината, му го дава на Камило, и тука е и пророштвото што ако се случи - светот е осуден на хаотична судбина. Откако ќе го видат видеото, Паз ќе одлучи на денот кога Хуан Круз ќе треба да ја убие Паз сите да се на различна страна, за така пророштвото да не може да се оствари. Тоа е во 7 на пладне, и сите одат на различни страни, но така сите прават големи грешки.На пример, Мелоди оди кај Тачо, во хотелот со 5 звездички, Мар и Тијаго гледаат една црква и наместо да ја избегнат, тие влегуваат внатре, Мар оди во веце, а Тијаго го киндапираат, Хазмин ќе ја ранат, Тина во брзање ќе го прегази на Тео, а Сол му помага на Хуан Круз за тој да може да ја убие на Паз... Тефи,Рама, Вале, Начо, Кика, Хаиме, Луна и Педро седат во Мандалај, бидејќи нивното пророштво веќе "се случи" благодарение на вештините на Хуан Круз. Подоцна во серијата како непријател се појавува Министерката, за која на крајот на трета сезона се дознава дека е Луз (сестрата на Сиело) која како мала била киднапирана и е манипулирана. Актерот кој го толкува Николас Бауер, ја напушта серијата поради лични причини, а неговиот лик е целосно тргнат. Додека пак актерката која ја толкува Сиело се враќа во серијата, но во улогата на ќерката на Сиело и Николас, Паз. Тука ќе биде и ќерката на Нико и Малвина, Есперанса. Машкиот протагонист е Маријано Торе, кој во втората сезона го глуми Хуан Круз, а во третата го глуми синот на Хуан Круз, Камило Естрежа. Четврта сезона Во третата сезона на Ангели се запознавме со значењето на нивното патување. Тие патуваа во иднината со мисија да ја спасат Пас, но и да го спасат мирот на светот, кој е пред уништување. Во крајот на третата сезона, Шефицата на Министрите која се дознава дека е Луз, помалата сестра на Сиело, заедно со нејзината корпорација фрли гас-бомби во разни околини. Некои беа фатени на денот на бомбите, но некои не. Фатените личности сега се дел од новиот свет НЕ (Нова Ера), а они кои успеале да избегаат од Владината корпорација на денот на бомбите го формираат Отпорот. Производителката на серијата, Крис Морена, одлучила на телевизија, преку нејзиниот талент, да го приказже она што се случува во светот.
Мене серијава воопшто не ми се допаѓа.. too much научна фантастика на едно место, ја гледав порано ама ништо не сфатив од неа
Еве ја првата епизода за тие шо не гледавте http://www.youtube.com/watch?v=9s4Fa6RdCy8 TVpaket.com.mk Првата епизода од Ангели 4 со Македонски превод. За сите тие што ја испуштија. На јутјуб каналот од кој ја имаме прикачено оваа епизода, ќе ги прикачуваме и другите, затоа претплатете се за да ги гледате епизодите што сте ги испуштиле на Сител со Македонски превод.
Конечно почна! Колку бев возбудена за првата епизода. Кои спомени ми се вратија, се сетив на најубавите времиња, кога главна окупација ми беа Ангели. Иначе многу ми се разубавени сите. Мар како и секогаш најубава, Рама ептен е разубавен, за Љека/Леон да не збориме. Срце е . И Вале, Мелоди и Тефи, ако се така запустени, многу ми се убави. Едвај ја чекам следната епизода. Ги обожавам!
MolikaMk ти благодарам. Викендов имам многу обврски па во 11 нема да стасам да ги гледам, во 2 немам време нашколо сум... ќе се претплатам и ќе ги гледам. Почетоков и не е нешто посебен, просечен.. очекував нешто повеќе, не ми се допаѓа сезонава, 1 и 2 беа каде каде подобри, ама ќе ги гледам. Мар омилена.
Мене отсекогаш омилени ми беа Мар,Јас и Вале. Сакам да кажам дека и Србија ги кажува Ангелите во списанија ,весници и сл,само Македонија изостанува. Ах колку сакам сликички повторно да има,па да собирам...
Иначе супер беше епизодата и се тоа, само имам замерка за преводот. Значи од кај до кај дека Тачито е малиот Тако? Или па ла хитана (за Хасмин се мисли)-циганот . Хоупи-Надеж..