Јасно дека претходните сезони беа сто пати подобри од оваа, но како и да е... Ама терминов на серијава на Сител бре? Еден апел ако сакаат да им биде гледана, нека ја сменат со нешто од покасно, или нека даваат репризи во нормално време.
Девојко, прилично логично е дека најголем дел од луѓево си имаат обврски наутро, не се сите ученици Не ни знам зошто ме нападна, ти си знаеш
Минатите три сезони ги следев поредовно, но сега ретко ја гледам серијава. Сметам дека претходните сезони беа поинтересни од оваа.
Па има една во 11:30 а друга во 14:00 Иначе на ју тјуб гледав ама прескокнував и баш не разбрав Spoiler И од 67 како што гледав па до крај они ќе се знаат се и ќе бидат у врска пак Мар и Тијаго и Јасмин и Тачо и Тефи и Начо Ама не разбрав зашто прескокнував епизоди али ќе биде барем интересно натаму
Не,погрешно ме сфати.Јас тебе не те нападнав туку те прашав кое време би сакала да го даваат бидејќи ти рече да им кажеме да Ситтел.Намерата ми беше ако кажеше термин да им пишеме на Сител.Незнам зошто така сфаќате...
Офф,утре иако ќе се еден до друг Тијаго нема да ја виде Мар... Леле ама се паметни...Каква стапица им направија...
Каде можам да ги гледам 1ва, 2ра и 3та сезона? По можност со превод, било каков, шпански, англиски, српски... А и немора превод
Оваа сезона јас не ја загледав од почеток и сега ништо не сваќам што се случува. Може некој накратко да ми раскаже што било до сега?И за тие новите ликови ако може да ми кажете кои се...
Oд каде клучот се најде во Aле? Oд која врата е тој клуч? Anyone? Линк од сите изминати епизоди до сега, со мк превод: http://www.youtube.com/user/Angeli4Makedonija Изгледај ги, кратки се, а и така најдобро ке сфатиш што било до сега.
Па нели Мар коа беше кај зидот,таму беше и Тијаго од другата страна и Тијаго за да го откачи балонот,го остави неговиот клуч,и Мар го зема и Луз и го виде клучот на Мар и го побара и Мар и го даде. А Але го најде клучот во ташната на Луз и многу и се допадна и го зема. А незнам од која врата е тој клуч.
Клучот не е од ниедна врата!! Во последната епизода од 3 сезона Мар и Тијаго си разменија клучеви исти и тоа!! И тоа ќе беше како знак на нивната љубов!! Тоа е всушност „Клучот на спомените„ што се спомнува во песната на Мар.. И сеа као.. клучот од Тијаго ги отвара спомените од Мар и таа е приврзана некако чудно и се случува кога е кај неа.. Нејзиниот клуч го зела Министерката
И 5 епизоди да пропуштиш ќе знаеш што ќе се случува. Досадна ми е, се се врти околу едно исто. Сакам промени, авантури и фантазија ! Како во претходните сезони.
Сите песни од 1 сезона па навака си ги спуштив на компјутер и постојано ги слушам.А ако ме прашате која ми е омилена песна ,нема да ви одговорам бидеќи сите до една се прекрасни и сите си ги сакам. Се рзбира дека 1 сезона е незаменлива,па после неа доаѓаат и 2 и 3. А 4-та ми е некако многу едноставна нема фантазија,возбуда како во другите.